ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ КАКО РЕФЛЕКС НА ДИНАМИКАТА ПОМЕЃУ ПОНУДАТА И ПОБАРУВАЧКАТА
➢ Од компаниите (04.03.2024, во 11:12:00)
👁 Прочитано: 1148




Гостување во утринска на ТВ Сител, на Претседателот на Здружение за градежништво, индустријата на градежните материјали и неметалите Андреа Серафимовски
ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ КАКО РЕФЛЕКС НА ДИНАМИКАТА ПОМЕЃУ ПОНУДАТА И ПОБАРУВАЧКАТАКликни за повеќе

,,Како и секаде во светот така и кај нас, цената на становите по метар квадратен претставува пазарна категорија и зависи од односот помеѓу понудата и побарувачката, но сега веќе како индикатор влијаат и локација, квалитет на изградба но и економската состојба во која се наоѓа државата. Големиот дијапазон на разлика во цените како што е во моменталната состојба во Скопје, можам слободно да напоменам дека цените по метар квадратен се движат помеѓу 1.000 до 2.500 евра, во зависност од локацијата, односно во која од општините се наоѓа недвижнината и колкава трансакциска активност има таа општина. Да се навратам тука влијае побарувачката, локацијата, зголемените трошоци на компаниите и цени на градежните материјали после ковид кризата, но и ексклузивитетот на градба воедно и условите за живот кои се нудат во тој станбен објект. Одредени компании го подигнаа критериумот на градба и стандардите и тие се оние кои ја диктираат максималната висина на цената,, - е дел гостувањето на Претседателот на Здружение за градежништво, индустријата на градежните материјали и неметалите Андреа Серафимовски 

Линк За да го погледнете целотот гостување : https://www.youtube.com/embed/05OmnxuWYoc
 

Служба за информирање при Комората