Одржана „Регионална конференција на ЕЕН“ во Скопје, на 6-7 декември 2023 година
➢ Актуелно (06.12.2023, во 16:51:00)
👁 Прочитано: 2190





Одржана „Регионална конференција на ЕЕН“ во Скопје, на 6-7 декември 2023 годинаКликни за повеќе

Во рамки на Европската мрежа на претприемништво - Enterprise Europe Network се одржа 13-та по ред дводневна Регионална конференција на ЕЕН“, на 6-7 декември 2023 година, во хотел Александар Палас во Скопје, во организација на Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Стопанската комора на Северна Македонија и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување заедно со регионалните партнери од Хрватска, Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина.

На оваа, 13та по ред, Регионална конференција на ЕЕН“, присуствуваа над 70 учесници, претставници на партнерските организации и институции од регионот.

Модератор на конференцијата беше проф. д-р Виктор Стојмановски, координатор на ЕЕН за Македонија (ЕЕНОМА), Универзитет Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кој ги поздрави присутните и им посака добредојде на конференцијата.

Поздравни говори имаа Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора на Северна Македонија, Габриела Костовска Богоеска, директор на Фондацијата за менаџмент и индустриски истражувања од Скопје и проф. д-р Валентина Гечевска, проректор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кои ги поздравија присутните претставници на партнерските организации и  институции од регионот и го потенцираа значењето на ЕЕН мрежата во регионот и пошироко.

- ЕЕН платформата овозможува директна интеракција меѓу компаниите и бизнис советниците од земјите на Југоисточна Европа кои обезбедуваат персонализирани услуги за интернационализација, пристап до финансирање и комерцијализација на иновациите, пристап до пазарите на ЕУ и пошироко, посочи Пешев во своето обраќање.

На конференцијата се одржаа две панел дискусии со две значајни теми и интересни учесници. Првиот панел, беше на тема - Размена на добри практики и можности за инвестиции во обновливи извори на енергија“, модериран од страна на Никола Битрак, извршен директор на Коленко, консултанска компанија за енергетика од Скопје, кој ги поздрави присутните, го објасни значењето на мрежата и работењето на компанијата Коленко и ги најави говорниците, панелисти да се претстават пред учесниците. Говорници на овој панел беа Љиљана Белада, Министерство за економија на Црна Гора, Младен Костиќ, Технолошки парк ИНТЕРА, Босна и Херцеговина, Тодор Анѓушев, Фероинвест групацијата, Скопје и Стефан Костовски, претставник од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Македонија, кои по своето претставување изнесоа видувања за тоа колку и како се инвестира во обновливи извори на енергија во регионот и тоа во Црна Гора, Босна и Херцеговина и во Македонија и можни извори на финансирање за МСП.

Вториот панел, беше на тема - Алатки и методи за усвојување и користење на циркуларната економија“ од страна на стартапите и малите и средни претпријатија, модериран од страна на Емилија Андонова, Фондација за менаџмент и индустриски истражувања од Скопје, која ги поздрави присутните, го објасни значењето и работењето на ЕЕН мрежата со новите алатки и ги најави говорниците, панелисти да се претстават пред учесниците. Говорници на овој панел беа Тања Радушиновиќ, од Стопанската комора на Црна Гора, Аида Џамалија Дуран, од СЕРДА, од Босна и Херцеговина, и Ведрана Ајановиќ , БИТ Центар Тузла, Босна и Херцеговина, кои ги споделија своите успешни искуства на работа со компаниите и истакнаа дека неопходно е да се подобрат советодавните услуги на институциите за поддршка на малите и средни претпријатија, особено со акцент на стартапите во целиот регион и пошироко.

Целта на овој регионален настан е подобрување на соработката меѓу регионалните партнери и конзорциуми на ЕЕН и подобрување на квалитетот и капацитетот на услугите. 

На вториот ден од „Регионална конференција на ЕЕН“, на 7 декември 2023 година, се одржа “Pitching session” во рамки на “Balkans Circularity Demo Day”, каде што 18 циркуларни стартапи (по 3 од секоја земја од регионот) беа избрани да учествуваат. Тие пред присутните, меѓународни експерти и инвеститори, ги презентираа своите бизнис модели (по 5 минути за секоја пичинг сесија, проследено со 5 минути прашања и коментари од панелот составен од експерти и инвеститори).

Секој тим или индивидуален претприемач со циркуларна бизнис идеја можеше да учествува, а критериуми за избор на учество беа квалитетот на бизнис идејата, техничката и комерцијалната изводливост, идниот потенцијал за раст, фазата на развој, и пазарната експертиза и тимот.

Целта на оваа пичинг сесија беше можноста за вмрежување со компании од регионот за потенцијално ширење на својот бизнис, за поддршка и менторство од експерти и обезбедување на потенцијална инвестиција за бизнисот што го водат, а притоа да создаваат позитивно влијание врз животната средина преку нивниот производ или услуга, и профит.

На конфренецијата присутни беа следниве експерти и инвеститори

• András Lőrincz (Green Brother Accelerator

Andras is a partner and investment manager at Green Brother, an advisory company and the HUB of EIT InnoEnergy and RIS HUB of EIT Urban Mobility in Hungary. With over five years of experience in the renewables and sustainable industry, he has a proven track record of delivering innovation management, market entry support, and start-up investment process management for start-ups and innovators in the energy and mobility sectors. 

• Rosen Dimov (Go-Up Incubator)

Assoc. Prof. Dr Rosen Dimov is the founder of PhaseGrowth, an Estonia-based SME that is member of the Copernicus Relay Network and founding member of the EO4GEO Alliance, in which he is a member of the Steering Committee. Teaching and working about circularity innovation in the Pannonia University and the Circular Economy Science Park in Hungary, he has an interdisciplinary experience in innovation-related fields, combined with a background as a serial entrepreneur and VC founder. 

• Matthias Schneider (Hamburg University of Technology)

Matthias Schneider is a doctoral researcher at the Institute for Technology- and Innovation Management (TIM) at Hamburg University of Technology. He is researching the role of innovation for the implementation of the Circular Economy among firms in the construction and manufacturing industries. 

• Eli Zhabevska (South Central Ventures)

Eli brings 15+ years of experience in financial analysis, business development and strategy. As part of South Central Ventures, a venture capital fund focusing on early stage technology investments in the Western Balkan, Eli is supporting and promoting the vibrant entrepreneurial ecosystem predominantly in North Macedonia, Kosovo and Albania where she is responsible for sourcing new investment opportunities.

• Maria Cristina Saccani (Circular Economy Specialist)

Circular Economy Specialist, Chartered Accountant and Statutory Auditor in Italy, with a strong background in business strategy, planning and financial management.

• Uwe Birk (ZENIT GmbH)

Uwe Birk (ZENIT GmbH) Dr.-Ing. Uwe Birk joined ZENIT in 1992. He is a senior technology officer, working in technology transfer and innovation support for SMEs. He is an expert for regional, federal and EU funding instruments, all with a focus on energy, environment and mechanical engineering.

Целта на овој дводневен регионален настан е подобрување на соработката меѓу регионалните партнери и конзорциуми на ЕЕН, подобрување на квалитетот и капацитетот на услугите со можност учесниците да разменат искуства и да ја подобрат соработката за поефективен развој на малиот и средниот бизнис сектор и подигање на нивото на конкурентност на Југоисточна Европа на пазарот на Европската Унија.

 

Служба за информирање при Комората