УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ: ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ – РАЗВИВАЊЕ НА ПОТЕНЦИЈАЛИТЕ НА КАДАРОТ И ПОДИГАЊЕ НА НИВОАТА НА ВЕШТИНИТЕ И СПОСОБНОСТИТЕ
➢ Актуелно (14.11.2023, во 16:17:00)
👁 Прочитано: 2082




УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ: ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ – РАЗВИВАЊЕ НА ПОТЕНЦИЈАЛИТЕ НА КАДАРОТ И ПОДИГАЊЕ НА НИВОАТА НА ВЕШТИНИТЕ И СПОСОБНОСТИТЕКликни за повеќе

Компанијата „ДЕПЕТ“ ДОО, Скопје, позната како Пастел пекарница (Pastel Bakery), веќе втора година по ред, се залага за директно вклучување на учениците во процесите на производство преку учеството во дуалното образование во соработка со средното училиште СУГС „Лазар Танев“, Скопје. Според компанијата, низ процесот на дуалното образование се развиваат потенцијалите на кадарот и се подигаат нивоата на вештините и способностите на учениците и влијае на двонасочно исполнување на потребите и на двете страни: на учениците, кои се оспособуваат веднаш по завршувањето на образованието да бидат директно подготвени за извршување на работните задачи, и на работодавците за регрутирање обучен кадар.

Пред да се вклучи во практична едукација на учениците од пекарската и слаткарската струка, компанијата, со поддршка на Стопанската комора, ги исполни двата важни критериума за осигурување квалитетот во реализацијата на практичната обука:

  •     Сертификација на ментор преку завршување на обуката за ментори на ученици за учење преку работа и
  •     Верификација на компанијата за реализација на практична обука на ученици.

„Учениците треба да се вклучат во дуалното образование во поголем број, бидејќи ги чека многу подобра подготовка за директна вклученост во самото производство, без дополнителни обуки откако ќе се вработат; поголема сигурност за непосредно вработување веднаш по завршувањето на образованието; многу поголем пристап до најсовремени техники и опрема кои произлегуваат од денешниот технолошки развој, кој компаниите сè повеќе го следат.“

 

 

м-р Наташа Јаневска
Проектен менаџер во Стручната служба на Комората