ДА СЕ УЧИ ОД ИСКУСНИТЕ
➢ Актуелно (01.11.2023, во 15:31:00)
👁 Прочитано: 1237




ДА СЕ УЧИ ОД ИСКУСНИТЕ Кликни за повеќе

Оваа учебна 2023/2024 година во процесот на дуалниот модел на образование се вклучија 560 компании во кои средношколците од стручните училишта ќе ја реализираа практичната обука на реално работно место за да ги стекнат своите практични вештини.
 
Во целиот процес на реализација на практичната обука во компаниите/институциите исклучителна важност имаат менторите во компаниите кои придонесуваат во едицирањето на учениците, во нивната стручна подготовка и во стекнувањето на практичните вештини и компетенции согласно работните процеси во компанијата. Покрај процесот на подучување на учениците, тие им го пренесуваат и своето стручно искуство кое ќе им помогне во транзицијата од училишната кон работната средина.

За таа цел, со поддршка на проектот „Образование за вработување“, а во организација на Стопанската комора, беа реализирани петата и шестата, по ред, педагошка обука на стручен и друг кадар за спроведување на практична обука кај работодавачите (ментори). Петтата обука, за ментори во компании од Југозападниот регион, беше реализирана во Охрид. Потребата од обучен кадар во компаниите ја препозна и  општина Охрид овозможуваќи бесплатно користење на салата на општината. Шестата обука пак беше реализирана во Куманово за компании од Североисточниот регион.   

На обуката, претставниците од компаниите, низ седумте модули на Програмата, ќе се запознаат со законска регулатива од областа на стручното образование и обука, начинот на комуникација со учениците, подготовка на планот за реализација на практичната обука кој треба да биде усогласена со наставната програма за дадената квалификација, како и следење и вреднување на напредокот на учениците. По завршување на обуката менторите полагаат завршен испит за да се стекнат со сетрификат за ментор.

Компаниите/институциите кои имаат сертифицирани ментори мораат да го затворат процесот на осигурување квалитет со верификација на компанијата за  реализација на практична обука, односно со проверка дали компанијата/институцијата ги исполнила условите за реализација на практичната обука (простор, опрема, мшини и алати) согласно квалификацијата која се изучува.

м-р Наташа Јаневска
Проектен менаџер во Стручната служба на Комората