СТОПАНСКА КОМОРА И МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБ ЗАЕДНИЧКИ ЗА ПРОМОЦИЈА НА МЕДИЈАЦИЈАТА
➢ Актуелно (27.10.2023, во 15:50:00)
👁 Прочитано: 1601





СТОПАНСКА КОМОРА И МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБ ЗАЕДНИЧКИ ЗА ПРОМОЦИЈА НА МЕДИЈАЦИЈАТА Кликни за повеќе

Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ) во соработка со Марили Бизнис Клубот (МКБ) на 25 октомври 2023 година  во просториите на СКСМ организираа, пред членките на Марили Бизнис клубот, презентација за бенефитите од медијацијата.

Презентацијата ја направи д-р Јелисавета Георгиева Јовевска, потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија и национален координатор за медијација која на повеќе од 40 жени-менаџерки присутни на настанот им ја доближи оваа алатка за алтернативно решавање на споровите. Георгиева Јовевска ја искористи и оваа прилика да напомене дека медијацијата нема ниеден недостаток туку дека нејзината примена и користењето може да има само придобивки за сите:за компаниите, за вработените, за државата, за судството….

Средбата беше искористена и за вмрeжување, особено со новите членки на МБК, односно прогласените жени менаџери во 2020, 2022 и 2023 година. Директорката на Марили Агенцијата, Лидија Трипуноска ги потсети сите присутни за жените менаџерки кои беа наградени во изминатиот период од послените три години и со особено задоволство ја најави претстојната голема “Марили” манифестација која ќе се одржи во месец мај 2024 година во Скопје.

Агенцијата „Марили“ долги години наназад го организира познатиот Бизнис форум на кој ги прогласува најуспешните жени менаџерки за тековната година. Од 2016-та година членките се вмрежуваат и преку Марили бизнис клубот каде жените менаџерки соработуваат, разменуваат идеи и искуства и работат на хуманитарни проекти од општествено значење.

Агенцијата „Марили“ има и 25-годишна традиција на издавање на изданието „Бизнис каталог на Р.С.Македонија” кој ја промовира нашата земја со сите нејзини значајни капацитети-природни, географски, економски, еколошки, културни, спортски...

 

Служба за информирање при Комората