ЗАПОЧНАА ПРАКТИЧНИТЕ ОБУКИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА SEED + ПЛАТФОРМАТА ЗА ИЗДАВАЊЕ ВЕТЕРИНАРНИ СЕРИФИКАТИ ВО РАМКИ НА ЦЕФТА
➢ Актуелно (03.10.2023, во 13:29:00)
👁 Прочитано: 1434




ЗАПОЧНАА ПРАКТИЧНИТЕ ОБУКИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА SEED + ПЛАТФОРМАТА ЗА ИЗДАВАЊЕ ВЕТЕРИНАРНИ СЕРИФИКАТИ ВО РАМКИ НА ЦЕФТАКликни за повеќе

Во организација на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан 6 и ЦЕФТА Секретаријатот, а со поддршка на Стопанската комора на Северна Македонија и проектот „Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција“, во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија, денес започна тродневната SEED+ КАМПАЊА ЗА БРЗО УЧЕЊЕ И ОБУКА ЗА ВЕТЕРИНАРНИ СЕРТИФИКАТИ. 

Практичната обука за економски оператори и ветеринарни инспектори во врска со издавањето ветеринарно здравствени сертификати во софтверот SEED+ / CEFTA TRACES има за цел да им овозможи на учесниците сеопфатно знаење и практични вештини потребни за вешта навигација и користење на SEED+ платформата за олеснување на трговијата со животни и производи од животинско потекло во рамки на ЦЕФТА, притоа обезбедувајќи усогласеност со стандардите за ветеринарно здравје и безбедност. 

Обуката опфаќа длабинско разбирање на функционалностите на софтверот, вклучувајќи клучни аспекти како што се регистрирање на пратки, управување со шаблони на сертификати, внесување релевантни податоци, поставување на потребната документација и поднесување апликации за здравствени сертификати. Учесниците на обуките, исто така, ќе бидат водени и низ сложеноста на различните видови здравствени сертификати, специфичните барања за различни стоки и поврзаните регулаторни рамки.

Поширокиот опсег на обуката вклучува подобрување на способноста на учесниците за прецизно оценување на здравствената состојба на животните или производите од животинско потекло наменети за извоз или увоз, со што ќе се спречи преносот на болести и ќе се промовира безбедноста на храната.
До крајот на обуката, учесниците ќе се стекнат со експертиза за ефикасно работење во SEED+ / CEFTA TRACES платформата, обезбедувајќи рационализација на трговските процедури, зачувување на здравјето на животните, јавното здравје и зајакнување на нивните улоги како чинители во регионалната трговија.

На обуките учествуваат регистрирани економски оператори од компаниите членки на комората, како и ветеринарни инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија. Поради голем интерес, обуките ќе се реализираат во 5 групи во периодот од 3 до 5 октомври 2023 година.


 

 

 

м-р Сања Николова
Експерт во организационата целина за претставување на членките и вмрежување