СЕ ЗГОЛЕМУВА ИНТЕРЕСОТ И СВЕСТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА МЕДИЈАЦИЈАТА
➢ Актуелно (29.09.2023, во 15:45:00)
👁 Прочитано: 1665




Стопанската комора на Македонија, ИФЦ и Националниот совет за медијација-Владино тело, со популаризацијата на медијацијата која ја прават, заслужни за зголемување на користењето на медијацијата во РСМ
СЕ ЗГОЛЕМУВА ИНТЕРЕСОТ И СВЕСТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА МЕДИЈАЦИЈАТАКликни за повеќе

На 27.09.2023 година во Стопанската комора на Северна Македонија беше одржано бесплатно предавање за бенефитите од користењето на медијацијата. Ова предавање е едно од многуте во низата предавања кое Стопанската комора неколку години по ред го прави со цел да допре до пошироката јавност, компаниите и сите кои можат да ги користат предностите од медијацијата.

Радува податокот што и ова предавање беше многу посетено, односно, на истото повеќе од 30 претставници од фирмите, институциите, адвокатите, судиите, преку конструктивна дискусија, заеднички заклучија дека со ова темпо на промоција на медијацијата треба да се продолжи. Сите се согласни дека со поголема вклученост и на медиумите може да се помогне за широка распространетост и информираност на заинтересираните страни и дека со цел да се делува на промена на свеста не треба нешто да се користи кога ќе дојде проблемот, туку треба нештото кое е практично, полезно и е на располагање да се користи моментално за да се спречи да се дојде до проблемот. А за тоа, најкорисна, најефикасна, најбрза и наједноставна алатка е медијацијата.

И овој пат организатори на предавањето беа Стопанската комора на Северна Мaкедонија, Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ – групација на Светска банка и Националниот совет за медијација-Владино тело, институции кои се залагаат да се зголеми интересот од користењето на медијацијата, но и институции благодарание на кои се прават големи, позитивни поместувања во поглед на користењето на медијацијата во нашата држава.

Предавачи на овој настан беа: д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска, потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија, претседател на Асоцијацијата за поддршка на медијација при Стопанската комора и национален координатор за медијација со членовите на Националниот совет за медијација: Ивана Талевска-Трендафилова, Зоран Петковиќ-Бакли и Ќебир Авзиу. Дејан Костовски, правен консултант во проектот на Меѓународна Финансиска Корпорација:„ Решавање на долгови и деловен излез во Република Северна Македонија“, говореше за можноста за реструктуирање на компаниите и поддршка при настанување на финансиски потешкотии. Исто така, негова тема на сите предавања е темата за медијација во стечај и подготовката на новиот предлог Закон за инсолвентност.

Од овој циклус, бесплатните предавања ќе продолжат да се реализираат на 31-ви октомври 2023 година во Прилеп и на 10-ти ноември 2023 година во Кавадарци.

Ова предавање беше најава за одржување на големата, Втора Регионална конференција за промоција на бенефитите на медијацијата која ќе се одржи на 18.10.2023 година во Стопанската комора на Македонија за која ќе следи и медиумско прeтставување како и прес конференција во Комората следните денови.

д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска
потпретседател на Коморатa и советник на претседателот за економски развој и инфраструктура