Георгиева Јовевска за Марили: Користењето на медијацијата во односите на компаниите има само предности, нема ниту еден недостаток
➢ Актуелно (26.09.2023, во 12:49:00)
👁 Прочитано: 1838





Георгиева Јовевска за Марили: Користењето на медијацијата во односите на компаниите има само предности, нема ниту еден недостатокКликни за повеќе

Во пресрет на меѓународната конференција на тема: „Промоција на медијацијата со цел искористување на нејзините предности“ која ќе се одржи на 18 октомври, во интервју за Марили д-р Јелисавета Георгиева Јовевска зборува за значењето на медијацијата и напорите на Стопанската комора да ја афирмира медијацијата како важна алатка при решавање на бизнис спорови. Во улога на потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија, Национален координатор за медијација и претседател на Асоцијација за поддршка на медијацијата при Комората, Георгиева Јовевска во разговорот става акцент на бенефициите од ваков тип на посредништво во бизнис секторот, но и за тоа кои се најчести корисници на медијација во земјава. 
„Пред 2016 година евидентирани се многу малку постапки за медијација, но ситуацијата последните години, посебно со одредбата од ЗПП за задолжителниот обид за медијација кај стопанските спорови до 1.000.000 денари видно се менува и бројката на медијации расте. Според расположливите податоци од 2017 година до мај 2023 година вкупниот број на извршени медијациии е некаде над 4.700 предмети, од кои најголемиот број се работни спорови со многу голема скоро 100 процентна успешност со спогодба, додека 20 проценти се трговски спорови (од кои половина од нив успешно завршиле со спогодба). Ова во пракса значи дека компаниите кои се јавиле по оваа основа на задолжителен обид на медијација и ги увиделе сите предности на медијацијата како што се брзината, ефикасноста, доверливоста на постапката и немање на јавност во постапката, најевтина постапка, најкратка постапка во споредба со другите, солемнизација на постигнатата спогодба односно давање сила на извршна исправа на спогодбата и договореното меѓу страните, тие компании ќе се јават и следен пат доброволно на медијација односно во сите свои облигациони договори со своите партнери ќе ја предвидат медијацијата во случај на иден спор. Како споредба е интересен податокот дека европските земји многу ги користат алтернативните начини на решавање на споровите. На пример, во Холандија и Италија над 70 проценти од бизнис споровите се решаваат по пат на медијација“, вели Георгиева Јовевска.
Во интервјуто таа зборува и за значењето на жените на високи менаџерски позиции, напредокот во кариерата и поддршката што низ годините поминати во Стопанската комора ја добива од претседателот Бранко Азески. 

Целото интервју на д-р Јелисавета Георгиева Јовевска за Марили ТУКА

Служба за информирање при Комората