БЛАГОДАРНИЦА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АЗЕСКИ ОД МАР ЗА ОСОБЕН ПРИДОНЕС ЗА РАЗВОЈОТ НА МАКЕДОНСКАТА РУДАРСКА ИНДУСТРИЈА
➢ Актуелно (31.08.2023, во 14:33:00)
👁 Прочитано: 2524




БЛАГОДАРНИЦА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АЗЕСКИ ОД МАР ЗА ОСОБЕН ПРИДОНЕС ЗА РАЗВОЈОТ НА МАКЕДОНСКАТА РУДАРСКА ИНДУСТРИЈАКликни за повеќе

Претседателот на Македонската Асоцијација на рударство (МАР) Ивица Талевски во име на Асоцијацијата му додели Благодарница на Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески за особен придонес за развојот на македонската рударска индустрија, по повод денот на рударите, 28ми Август.

Заблагодарувајќи се на вниманието, претседателот Азески во присуство на дел од раководниот тим на Комората посочи дека најстарата и најбројна бизнис асоцијација ја има препознаено важноста на рударството како стопанска дејност која може да придонесе во голем обем за економски раст и развој на државата. Не случајно на негова лична иницијатива пред повеќе од 15 години е формирана и Македонската Асоцијација на рударство (МАР).

Следејќи ги податоците за дејноста кои укажуваат дека има учество во вкупното индустриско производство од 11%, создава 2% додадена вредност во БДП, опфаќа 3,5 % од вкупниот извоз остварен во земјата, со над 200 милиони долари годишно, креира 8.000 работни места и со просечната плата во секторот која изнесува над 38% од просечната нето-плата во земјата, рударската дејност вели Азески треба да се афирмира како развојна и перспективна и преку анализи, студии, организација на годишни конференции на иницијатива на МАР да се акцентираат придобивките и економската одржливост.

Македонската асоцијација на рударството – МАР е фокусирана на следните активности:

  • Активно е вклучена во процесот на содавање функционално и пазарно ориентирано стручно образовани, преку промовирање на стручното образование и обука, доквалификација, како и вклучување на учениците во реализирање на практична обука во компаниите согласно со активностите во коморските проекти;
  • Промовирање и интегрирање на нови технолошки иновации, во насока на подобрување на деловното опкружување, создавање на ускови за одржлив развој на рударството и заштита на животната средина;
  • Стопанската комора на Северна Македонија учествува во изготвување на Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување на минералните суровини на Република Северна Македонија 2025-2045.

Во време кога светот стои пред многу предизвици, решителноста и иновативноста на рударите и вработените во овој сектор ќе бидат катализатори за нови можности и напредок. Од особена важност е вели Азески, традицијата на рударството да продолжи со одговорни практики и политики кои стремат кон долгорочен и одржлив развој. Ова ќе придонесе не само за благосостојба на работниците и нивните семејства, туку и за заштита на животната средина и просперитет на целата заедница, а нашите заеднички напори ќе ни овозможуваат да се движиме кон подобро и одржливо утре.

Претседателот Азески го информираше претседателот на Македонската Асоцијација на рударство (МАР) и за новиот концепт на делување на Комората, кој акцентот го става на делувањето и важноста на Асоцијациите, на неколкуте области преку кои се работи на полето на образование со креирање кадар за потребите на компаниите, подготовка и изработка на документи преку бизнис канцеларијата, меѓународни и извозните активности, како и поддршка на иновативните и ИТ новините како предуслов за подигнување на конкурентноста и одржливоста на фирмите.  

 

Како што изјави претседателот на МАР, Талевски, од исклучително значење е компаниите од рударската дејност преку инвестиции, иновации, анализи, и јавно претставување на своето работење да ја менуваат перцепцијата во јавноста за нивното делување. Дополнително фактот дека оваа година денот на рударите сите рударски места го одбележаа празникот на свој начин, го потврдува интересот и стремежот на општините за потенцирање на економските и општествени придобивки на секторот. Посветеноста и силата која рударите и вработените во овој сектор ја покажуваат при надминувањето на предизвиците во секојдневното работење и во заштитата на природните богатства, придонесуваат за изградба на одржлив економски развој и напредок на државата. Како сектор, горди сме на постигнатите резултати, а тоа ни дава за право да бидеме уште попрофесионални, попосветени и поистрајни во следните чекори кои водат до уште поголеми успеси и постигања.

Служба за информирање при Комората