СТОПАНСКАТА КОМОРА ДЕЛ ОД ПРОГРАМАТА „РОДУМ ОД МАКЕДОНИЈА“
➢ Актуелно (25.07.2023, во 08:53:00)
👁 Прочитано: 2706




СТОПАНСКАТА КОМОРА ДЕЛ ОД ПРОГРАМАТА „РОДУМ ОД МАКЕДОНИЈА“Кликни за повеќе

Стопанската комора на Северна Македонија во период од три недели беше домаќин на учесник во програмата „Родум од Македонија“ која седма година по ред се организира од страна на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), во соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).
Даниел Соломос, македонец родум од Канада имаше можност да се запознае со активностите во Центарот за едукација и развој на човечки ресурси, како и со Центарот за проекти, две области кои беа во фокус на програмата за практична обука спроведена во Стопанската комора на Северна Македонија.

Искуството да се бидe практикат во Комората е навистина уникатно, поразлично од компанија, но сепак доволно динамично. Со поддршка од мојот ментор Михајло се запознав со коморското работење во Македонија, секојдневните активности, но и проектните активности кои ги спроведува Комората, преку кои се овозможува поддршка на македонските компании преку јакнење на нивната конкурентност и можност за раст, развој и извоз на трети пазари. За мене претставуваше огромно задоволство што имав можност да го искусам работењето во Комората, организација која има големо влијание во бизнис опкружувањето, изјави Даниел Соломос.

Стопанската комора на Северна Македонија ги поддржува иницијативите кои создаваат врски помеѓу матичната земја и македонската дијаспора, градејќи мрежа на успешни македонци кои со своето знаење и искуство можат да допринесат во развој на државата.

Проектот „Родум од Македонија“ започна да се реализира во 2015 година, во годинешната програма учествуваа 11 студенти од САД, Канада, Австралија и Босна и Херцеговина, а дел од нив се претставници на третата генерација родена надвор од Македонија, а прва која се враќа по иселувањето.

м-р Михајло Донев
Проектен менаџер во Стручната служба на Стопанската комора на Северна Македонија