КОМПАНИЈА „РОНТИС“ ОД ВЕЛЕС ДАВА КОНТИНУИРАНА ПОДДРШКА НА СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ПРЕКУ СОРАБОТКА СО СРЕДНИТЕ СТРУЧНИ УЧИЛИШТА
➢ Актуелно (04.07.2023, во 13:15:00)
👁 Прочитано: 2653




КОМПАНИЈА „РОНТИС“ ОД ВЕЛЕС  ДАВА КОНТИНУИРАНА ПОДДРШКА НА СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ПРЕКУ СОРАБОТКА СО СРЕДНИТЕ СТРУЧНИ УЧИЛИШТА Кликни за повеќе

Социјализацијата на учениците во реална работна средина е една од главните карактеристики на дуалниот модел на образование, а за компаниите тоа претставува придобивка бидејќи ги подготвуваат идните вработени според својата организациска структура и своите потреби.

Велешката компанија „Ронтис ДООЕЛ, како општествено одговорна компанија и социјален партнер која активно учествува во подготовката на својот кадар, дава континуирана поддршка на образовниот систем преку соработка со средните стручни училишта во општина Велес.  Во текот на месеците јуни и јули 2023 година, учениците од ССОУ „Коле Неделковски“ ја реализираат својата феријалната пракса во „Ронтис“, компанија верификувана за реализација на практична обука, водени од искусни ментори во компанијата, каде учат во реална работна средина и на конкретни задачи соодветни на квалификацијата која ја изучуваат и се стекнуваат со  потребните вештини за извршување на задачите: ефективно, иновативно, самостојно и во соработка со другите.

Верификацијата на компанијата “Ронтис“ ДООЕЛ, како и обуката и сертификацијата на менторите беше реализирана од страна на Стопанската комора која се грижи за квалитетот на реализацијата на практичната обука на учениците во компаниите.

Во текот на месец мај „Ронтис ДООЕЛ, учествуваше на отворените денови на ССОУ „Коле Неделковски“ и ССОУ „Димитрија Чуповски“ за промоција и информирање на деветоодделенците од градот Велес и околните населени места за предностите на стручното образование и квалификациите кои се нудат во училишта, како и за соработката со компаниите за реализација на практичната обука.

Учествувајки на отворените денови, Ронтис ДООЕЛ ги информираше деветоодделенците за кариерните можности кои ги нуди како компанија производител на медицински помагала по завршувањето на средното образование, упатувајќи им препорака дека образованието е фундаментална вредност и својата иднина треба да ја градат во компанија, како РОНТИС“.

Споделувањето на добрите практики во реализацијата на практичната обука и вклученоста на компанијата во дуалниот систем на образование, беше причина, претставници на компанијата „Ронтис“, на предлог на Стопанската комора, да учествуваат на конференцијата на тема:  „Дуалното образование во Западен Балкан“, што се одржа на 31 мај 2023 година, во Белград, во организација на Стопанска комора на Србија. Компанијата беше претставувана  од двајца панелисти: Дијана Илиевска Ѓорев како учесник на панелот на тема: „Дуалното образование во Западен Балкан“ и Љубица Јаневска како учесник на панелот на тема: „Инклузивен приватен сектор од Западен Балкан“. Според двете панелистки соработката помеѓу приватниот сектор и Стопанската комора, како и стопанските комори од соседството е многу важен елемент за надминување на проблемите за создавање млада, квалификувана работна сила.

Фабриката „Ронтис, лоцирана во близина на Велес е најдобрата во ланецот на Европските фабрики  кои произведуваат  крвни линии за хемодијализа. Произведува високо квалитетни медицински помагала и 100% е извозено ориентирана.  Целокупниот производен процес претставува заокружена целина, која се врши во кругот на фабриката,  од гранулат до конечен производ.

 

 

м-р Наташа Јаневска
Проектен менаџер во Стручната служба на Комората