Претседателот Азески во комората на средба со директорката на AХК Северна Македонија, Антје Ванделт
➢ Актуелно (02.06.2023, во 08:00:00)
👁 Прочитано: 1197




Претседателот Азески во комората на средба со директорката на AХК Северна Македонија, Антје ВанделтКликни за повеќе

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и извршниот директор на комората Антони Пешев остварија работна средба со Антје Ванделт  директор на АХК Северна Македонија, која е дел од мрежата на германските стопански комори во странство.

Средбата беше остварена во насока за меѓусебно запознавање, но и информирање за тековните проекти на Стопанската комора и АХК Северна Македонија, како и за можностите за остварување на соработка на конкретни проекти како позиционирање на компаниите од Северна Македонија во глобалниот синџир на снабдување, дигитализација, сузбивање на сивата економија, зелена енергија.

 

Служба за информирање при Комората