СТАНБЕНИТЕ УПРАВИТЕЛИ – ВАЖНА АЛКА ВО ЛАНЕЦОТ НА УРБАНО КОЛЕКТИВНО ЖИВЕЕЊЕ
➢ Актуелно (20.03.2023, во 08:14:00)
👁 Прочитано: 878




СТАНБЕНИТЕ УПРАВИТЕЛИ – ВАЖНА АЛКА ВО ЛАНЕЦОТ НА УРБАНО КОЛЕКТИВНО ЖИВЕЕЊЕКликни за повеќе

Во рамки на емисијата „Само прашај“, која се емитува на МРТ, во име на Групацијата за домување и управување со станбен и деловен простор при Комората учествуваше Даниела Михајловска Василевска, координатор на Групацијата. 
Акцент во разговорот беше ставен на улогата на станбените управители во вкупниот концепт на колективно живеење. Многу дилеми и недоразбирања постојат кај граѓаните кои живеат во колективни станбени згради од нивните права и обврски согласно Законот за домување. Поентите од разговорот се дека:   
-    Секој станар има обврска да ги плаќа редовно сметките. А ако повеќе од 3 месеци има неплатени сметки треба да назначи лице кое тоа ќе го прави во негово име.  
-    Трошоците за заедничките простории ги плаќаат сите станари, но и сите ги користат бенефициите од истите. 
-    Средствата од Резервниот фонд се користи со одлука на 51% од станарите, исклучиво за инвестициски активности и неодложни итни работи. 
Од 2011 година до декември 2022 година бројот на станбени згради кои се управувани од лиценцираните управители изнесува 4 829 или вкупно 114 014 станови и деловни простории, додека пак управувани од заедници на сопственици има вкупно 2 655 станови. 


Повеќе информации од разговорот на следниот линк - https://play.mrt.com.mk/play/60482

 

Служба за информирање при Комората