ЧЕТВОРИЦА МАКЕДОНСКИ СРЕДНОШКОЛЦИ ОСВОИЈА БРОНЗЕНИ МЕДАЛИ НА МЕЃУНАРОДНАТА ОЛИМПИЈАДА ПО ПРИРОДНИ НАУКИ ВО КОЛУМБИЈА
➢ Актуелно (22.02.2023, во 15:58:00)
👁 Прочитано: 1646




ЧЕТВОРИЦА МАКЕДОНСКИ СРЕДНОШКОЛЦИ ОСВОИЈА БРОНЗЕНИ МЕДАЛИ НА МЕЃУНАРОДНАТА ОЛИМПИЈАДА ПО ПРИРОДНИ НАУКИ ВО КОЛУМБИЈАКликни за повеќе

Преку образовниот процес, учениците се стекнуваат со теоретски знаења, но истите ќе станат употребливи доколку можат да се применат и во праксата. Тоа го покажа и Даниел Христов, ученик во прва година во гимназијата „Славчо Стојменски“ од Штип, кој заедно со уште тројца средношколци, освои бронзен медал на меѓународната олимпијада, IJSO- Интернационална јуниорска олимпијада по природни науки, во Богота, Р. Колумбија, што се одржа од 02.12.2022 до 12.12.2022 година. На олимпијадата се натпревауваа 46 држави од светот, со по шест  претставници (14 и 15 годишна возраст) од секоја држава, кои, во текот на три дена решаваа тестови на знање од областа на биологија, физика и хемија, (теоретски и практичен- експериментален дел).

          Патот до еден ваков светски натпревар е резултат на два селекциони натпревари, по коишто следувале напорни теоретски и практични подготовки со професори од Природно-математичкиот факултет при УКИМ, Скопје.

          Учеството на олимпијадата на средношколецот Даниел Христов, било финансиски потпомогнато и од неколку општествено одговорни компании.   

Ваквите успешни ученици претставуваат идниот потенцијал на стручен кадар во општествениот и реалниот сектор.

м-р Наташа Јаневска
Проектен менаџер во Стручната служба на Комората