КОМОРАТА ДЕЛ ОД „ПАНЕЛ ДИСКУСИЈАТА И ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА КЛУЧНИТЕ НАОДИ ОД АНАЛИЗАТА НА СОСТОЈБИТЕ СО ЗЕЛЕНИТЕ ВЕШТИНИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“
➢ Актуелно (02.12.2022, во 12:05:00)
👁 Прочитано: 722




КОМОРАТА ДЕЛ ОД „ПАНЕЛ ДИСКУСИЈАТА И ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА КЛУЧНИТЕ НАОДИ ОД АНАЛИЗАТА НА СОСТОЈБИТЕ СО ЗЕЛЕНИТЕ ВЕШТИНИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“Кликни за повеќе

       Во рамките на проектот „Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“, спроведуван од УНИЦЕФ, во партнерство со проектот „Образование за вработување во Северна Македонија- E4E@мк“, се одржа „Панел дискусијата и презентација на клучните наоди од Анализата на состојбите со зелените вештини во Република Северна Македонија“.

        На настанот беа презентирани клучните наоди од „Анализата на состојбите со зелените вештини во Република Северна Македонија“, изработена од страна на проф. д-р Пеце Недановски и проф. д-р Наташа Данилоска. На панел дискусијата во продолжение како претставник на Стопанската комора на Северна Македонија учествуваше м-р Александар Пауноски, консултант вработен во компанијата-членка на Комората, КОЛЕНКО.

       Фокусот на истражувањето е кон анализа на стратегиите од областа на заштита на животната средина, одржливиот развој, но и кон други стратегии поврзани со овие проблематики. Направен е осврт и на стратегии и програми што се однесуваат на економскиот развој, особено на проблематиката на енергетската ефикасност, работната сила и вработувањето во нашата земја.

           За време на Панел дискусијата, збор земаа и преставниците од образовниот сектор кои апелираа на потребата од соодветен едукативен материјал за спроведување на образование во однос на зелените вештини кои се актуелни. Стопанството апелираше на потребата од кадар кој ќе поседува зелени вештини, кој ќе биде спремен да се соочи со предизвиците кои ги носи брзиот развој во секој сектор, имајќи ги во предвид целите за енергетска транзиција, зелена енергија и циркуларна економија. Истовремено, бизнис секторот алармира дека станува збор за работни места и опсег на вработувања каде концептот на доживотно учење и постојана надградба и доквалификација се нужност бидејќи секој следен период носи новини во работењето. 

Служба за информирање при Комората