Стопанска комора во функција на домашните извозни компании
➢ КРИЗЕН ШТАБ (22.11.2022, во 15:11:00)
👁 Прочитано: 400




Стопанска комора во функција на домашните извозни компанииКликни за повеќе

Кризниот штаб и Клубот на извозници од Стопанската комора на Северна Македонија во функција на поддршка на извозниците, остварија работна средба со компанијата Баџо ДООЕЛ од Богданци. Основана е како приватна компанија со македонски капитал во далечната 1992 година од господинот Томе Шапков, а денес е рангирана како една од водечките производители и извозници на земјоделски производи од Република Северна Македонија, на 68 –мото место на листата на извозници од нашата држава. 

Нивната визија и цел е да ги задоволат потребите на потрошувачите на нивните производи, преку производство, купопродажба, преработка, пакување и дистрибуција на градинарски култури (домати, зелка, краставици, пиперки, компири, кромид) и овошје (лубеници, грозје, сливи, јаболко, праски, нектарини, цреши и сл.) кои најголем дел се произведуваат на 300 хектари сопствено земјиште. 
Да се успее во оваа визија денес, вели директорот Васил Шапкаров е навистина непредвидливо. Договараме пласмани, идно производство, а не знаеме колку реално не чини производот поради непредвиливата цена на електрична енергија за компанијата која е на слободниот пазар. Трошоците за електрична енергија на нашата компанија се значително високи, поради воспоставениот систем на наводнување на 300 хектари земјиште во кој се користат пуми, вели Шапкаров. 
Компанијата има 300 редовно вработени и годишно ангажира околу 150 сезонски работници. За компанијата Баџо ДООЕЛ од Богданци еден од приоритетите на кој треба да се насочи државата е обезбедување на работна сила за стопанството, за што директорот Шапкаров упатува апел за брзо олеснување на процедурите за увоз на работна сила од странство.  
Директорот Васил Шапкаров искажа голема благодарност до Стопанската комора на Северна Македонија за воспоставената дигитална платформа за електронско издавање на уверенијата за потекло FORM A и ORIGIN, бидејќи оваа иновативна дигитална алатка дава активен придонес за извозниците, генерирајќи значителни заштеди на нивното потрошено време и средства.
Во рамки на посетата, претседателот на Клубот на извозници проф. д-р Дарко Лазаров го презентираше новиот концепт на работа, идните активности и планови на Клубот како специјализирано тело во рамии на Комората кое е во насока на поддршка на извозно ориентираните домашни компании. Врз основа на разговорот беше договорена поинтензивна соработка на компанијата Баџо со Клубот на извозници во наредниот период со цел поттикнување и промоција на извозните активности на компанијата.
  

Служба за информирање при Комората