Кризниот штаб во посета на Реплек "Мерките за кои се залага Стопанската комора на Северна Македонија ни се повеќе од добродојдени"
➢ КРИЗЕН ШТАБ (11.11.2022, во 15:37:00)
👁 Прочитано: 1943




"Мерките за кои се залага Стопанската комора на Северна Македонија ни се повеќе од добродојдени"Кликни за повеќе

Бројните посети од страна на Кризниот штаб на СКСМ кај македонските компании се со една единствена цел, да се добијат информации за состојбите во коишто работат компаниите во услови на енергетска криза. Посетата на една од реномираните македонски фармацевстски куќи РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ беше во таа насока, имајќи предвид дека станува збор за една од поголемите производствени компании на пазарот која има големата улога во македонската економија.

Централна тема на состанокот беа тековните сметки за електрична енергија, но исто така беа опфатени и други теми од областа на стопанството кои се во интерес на компанијата.   
На средбата беа присутни генералниот директор и член на одборот на директори Душан Пецовски и  главниот оперативен директор Наумче Ивановски.

Во поглед на цената на струјата и тоа како се справува компанијата со високите сметки, од страна на менаџментот беше истакнато дека трошоците за електрична енергија учествуваат околу 20% во вкупните трошоци на компанијата. Затоа, “како компанија која може да го предвиди конзумирањето на електрична енергија , во постапка се изградба на фотоволтаичната центала  од 1 МБ која  веќе се поставува на крововите од деловните објекти на компанијата. Оваа инвестиција ќе покрие околу 40% од вкупната количина на потрошувачката со струја во погоните за производство но сепак, мерките за кои се залага Стопанската комора на Северна Македонија ни се повеќе од добродојдени” –истакна директорот Ивановски.

“Нашата инвестиција во фотоволтаична централа доведе до реконструкција на буџетот на компанијата и откажувања од други проекти и инвестиии внатре во компанијата”-беше потенцирано на состанокот од страна на раководството на компанијата.

Како извозна компанија „Реплек АД“ е фокусирана на дополнително освојување и пробив на пазарите во Европската Унија. Компанијата е веќе присутна на пазарите на некои од земјите од Унијата, а се работи и на освојување на нови пазари во ЕУ, но и во Африка и Азија.
Скоро 75% од производството на  „Реплек АД“ се пласира на странските пазари, а 25 % отпаѓа на домашниот пазар. Производите на компанијата се присутни на повеќе од 25 пазари во целиот свет. Меѓу нив, покрај оние на земјите од ЕУ, најголеми се пазарите на Русија, Азербејџан, Казахстан, Молдавија, Грузија, Виетнам и други.

„Реплек АД“ вработува околу 500 лица, а компанијата е основач и на „Реплек Фарм“го поседува ГМП-сертификатот на ЕУ за добри производни практики во фармацевтската индустрија. Овој сертификат гарантира квалитет и е потврда дека лековите на компанијата се целосно усогласени со највисоките светски стандарди во оваа индустрија. Исто така и дозвола за извоз во ЕУ пазарите на производите на компанијата.

Стопанската комора на СМ периодов целосно е посветена на превземање активности за ублажување на енергетската криза и носење на мерки за сите компании кои се наоѓаат на слободниот пазар на електрична енергија. Со тоа ќе се помогне на стопанството и ќе се зачува конкурентноста на македонските компании на домашниот и пазарите во регионот.

Сузана Илиеска Антовска
Шеф за Протокол (Експерт)