ОДЛУКА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ВНЕСУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУС COVID-19 („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 215 ОД 4.09.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 58 став 1 од Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/04, 139/08, 99/09, 149/14, 150/15 и 37/16), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 3 септември 2020 година, донесе

 

ОДЛУКА
ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ВНЕСУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУС COVID-19

 

Член 1

            Во Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19 („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 62/20, 63/20, 64/20, 66/20, 70/20, 72/20, 92/20, 100/20, 107/20, 109/20, 119/20, 123/20, 125/20, 126/20, 134/20, 136/20, 140/20, 147/20, 153/20, 154/20, 156/20, 157/20, 163/20, 166/20, 169/20, 170/20, 175/20, 180/20, 181/20, 185/20, 190/20, 195/20, 201/20, 204/20, 208/20 и 212/20), во член 1, став 1, точка 1, по ставот 17 се додаваат шест нови става 18, 19, 20, 21, 22 и 23 кои гласат:

            „Активностите, начинот на работа и условите поврзани со постапување на средните училишта во кои се реализира стручно образование и обука за спроведување на практичната настава со физичко присуство на учениците се одвива со задолжително почитување на Протоколот за постапување на средните училишта во кои се реализира стручно образование и обука во Република Северна Mакедонија за спроведување на практичната настава со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и од Министерството за образование и наука, кој е даден во Прилог број 54 и е составен дел на оваа одлука.

            Активностите, начинот на работа и условите поврзани со реализација на учење преку работа, феријалната практика, практична обука и вежби на учениците кај работодавач се одвива со задолжително почитување на Протоколот за превентивни мерки при реализација на учење преку работа, феријалната практика, практична обука и вежби на учениците кај работодавач од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и од Министерството за образование и наука, кој е даден во Прилог број 55 ¹ и е составен дел на оваа одлука.

            Активностите, начинот на работа и условите поврзани со реализација на учење преку работа, феријалната практика, практична обука и вежби на учениците кај работодавач во секторот машинство се одвива со задолжително почитување на Протоколот за превентивни мерки при реализација на учење преку работа, феријалната практика, практична обука и вежби на учениците кај работодавач во секторот машинство од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и од Министерството за образование и наука, кој е даден во Прилог број 56 ² и е составен дел на оваа одлука.

            Активностите, начинот на работа и условите поврзани со реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби на учениците кај работодавач во секторот земјоделство, рибарство и ветеринарство се одвива со задолжително почитување на Протоколот за превентивни мерки при реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби на учениците кај работодавач во секторот земјоделство, рибарство и ветеринарство, од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и од Министерството за образование и наука, кој е даден во Прилог број 57 ³ и се составен дел на оваа одлука.

            Активностите, начинот на работа и условите поврзани со реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби на учениците кај работодавач во секторот хемија и технологија се одвива со задолжително почитување на Протоколот за превентивни мерки при реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби на учениците кај работодавач во секторот хемија и технологија, од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и од Министерството за образование и наука, кој е даден во Прилог број 58 ⁴ и се составен дел на оваа одлука.

            Активностите, начинот на работа и условите поврзани со реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби на учениците кај работодавач во секторот лични услуги се одвива со задолжително почитување на Протоколот за превентивни мерки при реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби на учениците кај работодавач во секторот лични услуги, од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и од Министерството за образование и наука, кој е даден во Прилог број 59 ⁵ и се составен дел на оваа одлука.“

Член 2

Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-2147/37

 Претседател на Владата

3 септември 2020 година

на Република Северна Македонија,

Скопје

Зоран Заев, с.р.

 

 

¹ Прилог број 55

Протокол за превентивни мерки при реализацијана учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби на учениците кај работодавач

 

Со овој протокол се уредува начинот на постапување на работодавачите и учениците во услови на пандемија од КОВИД-19 при реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавач.

1. Работодавачот кај кого се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби е должен за секој ученик да обезбеди опрема за лична заштита и упатства за нивна правилна употреба и да ги преземе сите неопходни мерки со цел максимална заштита на учениците и нивните ментори, од една страна и на своите вработени од друга страна.

2. Училиштето, работодавачот и ученикот/родителот/старателот склучуваат договор за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавачот. Истиот треба да биде дополнет со одредби кои ќе го регулираат изведувањето на обуката во услови на пандемија од КОВИД-19.

3. Се воспоставува флексибилен работен ангажман од страна на сите учесници во процесот (работно време, можност за реализација од далечина, работа од дома, блоковска реализација и сл.) при учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во услови на пандемија од КОВИД-19.

4. Секој ученик кој реализира учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавач (во натамошниот текст: ученик) е должен да потпише изјава со која се обврзува за доследно и целосно почитување на сите мерки и препораки (досегашни и идни) од надлежните институции и компанијата/организацијата/работилницата поврзани со актуелните состојби предизвикани од КОВИД-19, а сè со цел обезбедување лична и колективна заштита, но и како дополнителен поттик учениците максимално да се трудат за почитување на сите мерки и препораки. За потпишувањето и содржината на изјавата се информира родителот/старателот. Доколку ученикот не е полнолетен, изјавата ја потпишува родител или старател на ученикот. Секој ментор или претставник од компанијата/организацијата/работилницата кој е во постојана директна комуникација со учениците, потребно е да се грижи за целосно и доследно почитување на пропишаните мерки и препораки и да алармира за секое прекршување.

5. Учениците и компаниите кај кои се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби се должни да ги почитуваат универзалните мерки за спречување на пренесувањето на КОВИД-19 што важат за сите работни места и за сите лица на работните места, односно за работодавачите, раководителите, работниците, договарачите, клиентите и посетителите, а ги вклучуваат следниве мерки:
- Хигиена на рацете, што подразбира редовно и темелно миење на рацете со сапун и вода или дезинфекција на рацете со средство за дезинфекција на база на алкохол пред отпочнување со работа, пред јадење, често пати за време на работните активности во зависност од работниот процес и потребите, а особено по контакт со колеги или клиенти, по одење во тоалет, по контакт со секрети, екскрети и телесни течности, по контакт со потенцијално загадени предмети (ракавици, облека, маски, користени хартиени марамчиња, отпад) и веднаш по отстранување на ракавиците и друга заштитна опрема, а пред допирање на очите, носот или устата. Поставување станици за хигиена на рацете, како што се станици за миење на раце и диспензери за дезинфекција на раце на истакнати места во работната средина и до нив треба да имаат пристап сите ученици кои реализираат учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби.

- Респираторна хигиена, што подразбира да има на располагање доволно заштитни маски за лице, визери и хартиени марамчиња, како и заштитини ракавици и канти за отпадоци со капаци за хигиенско одлагање на отпадот. Менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби е должен да ги потсети учениците на обврската за носење заштитна маска на лицето и заштитни ракавици на рацете и да им го покаже начинот за нивно правилно ставање и употреба. Менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби е должен да ги извести учениците дека доколку некој е болен, не треба да доаѓа на пракса, но треба да се јави и да го извести менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби. Ако некој ученик не се чувствува добро додека е на пракса, треба да му се обезбеди медицинска маска и да се превземат соодветни активности за да може безбедно да се врати дома.
- Физичко дистанцирање, што подразбира одржување на потребното пропишано растојание од 2 (два) метра и избегнување на директен физички контакт со други лица (на пр. прегрнување, допирање, ракување), строга контрола врз надворешниот пристап на странки кои може да имаат контакти со учениците, а во насока на одржување на редот - физичка дистанца. Учениците се должни да одржуваат и физичка дистанца, согласно важечките прописи во заедничките простории, како влезови/излези, лифтови, остави/кантини, скали, каде што може да дојде до собирање или редици на вработени, ученици или посетители/клиенти.

6. Учениците кои не се чувствуваат добро или кај кои се појавуваат симптоми што одговараат на КОВИД-19, треба да останат дома, да се самоизолираат и да контактираат со медицинско лице или со локалната линија за информации за КОВИД-19 за совети.

7. Мерење на температура на учениците пред влезот на работното место (погонот, работната просторија, работилницата, лабораторијата и сл.) и отсранување од работното место доколку има покачена температура на 37 степени.

8. Почитување на стандардните оперативни процедури за управување со лице кое ќе се разболи додека е на пракса, а постојат сомневања дека има КОВИД-19, вклучително и сместување на лицето во просторија за изолација, ограничување на бројот на лица кои имаат контакт со него, употреба на лична заштитна опрема и последователно чистење и дезинфекција.

Задолжително е да се контактира со регионалниот епидемиолог за да се олесни следењето на контактите. Учениците кои биле во близок контакт на работното место со лице со лабораториски потврден КОВИД-19 по направената проценка од страна на локалниот епидемиолог треба да бидат ставени во домашна изолација, во период од 14 дена од последниот контакт со тоа лице.

А) Начин на постапување доколку ученикот е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби

Секој ученик кој ќе почувствува појава на знаци и симптоми на КОВИД-19, како болки, покачена телесна температура, кашлање или тешко дишење, додека е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во компанијата/организацијата/работилницата, треба веднаш да се тргне настрана од останатите лица во неговата работна средина, да го извести својот ментор/одговорното лице од компанијата/организацијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби и да замине директно дома да се самоизолира и веднаш да го извести својот матичен лекар. Додека не замине дома, лицето треба да стои настрана, најмалку 2 (два) метри од останатите лица и носот и устата да ги покрие со маска или со марамче за еднократна употреба. По употребата марамчето треба да го чува во џебот. На рацете, лицето треба да носи заштитни ракавици.

Доколку има потреба и доколку е можно, ученикот треба да се изолира во посебна просторија, при што вратата треба да се затвори. Доколку е можно треба да се отвори прозорец за да се обезбеди вентилација. Ученикот до дома треба да се превезе со сопствен превоз од член од семејството. Доколку ученикот не се чувствува добро, до таа мера што треба да се повика итна медицинска помош, тогаш веднаш се повикува итната медицинска помош на тел. број 194.

Менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби треба веднаш да го пополни образецот со Податоци за лицето сомнително на КОВИД-19, како и за лицата кои работаат во негова непосредна околина (иста линија за производство, канцеларија, лицата кои имале директен контакт и сл.), да го достави до стручното лице за безбедност при работа и секторот за човечки ресурси и да ги информира за ситуацијата. Истовремено, за состојбата на ученикот, треба да го информира и училиштето, односно наставникот надлежен за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична настава и вежби со кого контактира. Наставникот ќе ги информира родителите да го земат ученикот од местото каде реализира учење преку работа, феријална практика, практична настава и вежби.

Лицата кои работаат во непосредна околина исто така треба веднаш да заминат дома, да се самоизолираат и веднаш да го известат својот матичен лекар.

Стручното лице за безбедност при работа веднаш ќе ја информира службата за епидемиологија при подрачниот центар за јавно здравје. Службата за епидемиологија ќе изврши епидемиолошки/теренски увид/анкети и проценка на ризик, по што ќе ги утврди лицата кои со решение од државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе бидат ставени по здравствен надзор за домашна изолација.

Процесот на работа ќе продолжи после темелно механичко чистење и извршената дезинфекција од страна на овластена установа за вршење на дезинфекција, дезинсекција и дератизација заради спречување и сузбивање на заразните болести. Дезинфекцијата ќе ја организира стручното лице за безбедност при работа.

Б) Начин на постапување доколку ученикот не е на местото каде се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична настава и вежби (односно се наоѓа дома или на друго место)

Кога ученикот не е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби, тогаш ќе го информира својот ментор/одговорното лице од компанијата/организацијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична настава и вежби дека било во контакт со потврден или можен случај на КОВИД-19, со лице во изолација или дека кај него се појавиле симптоми на КОВИД-19. Неговиот ментор/одговорното лице за учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби треба да ги побара следниве информации од него:

- дали лицето било во контакт со потврден или можен случај на КОВИД-19 или со лице во изолација;

- доколку не, да објасни зошто лицето е загрижено;

- дали кај лицето се појавиле симптоми на КОВИД-19;

- доколку да, дали лицето се јавило кај својот матичен лекар и што лекарот му препорачал и

- да остави податоци за контакт.

Потоа менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби ќе го извести ученикот да остане дома до следното известување од страна на училиштето и ќе го информира училиштето за состојбата на ученикот.

Доколку кај ученикот се појавиле симптоми на КОВИД-19, менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби ќе го упати да се јави кај својот матичен лекар и ќе го извести училиштетото, односно одговорниот наставник. Менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби треба веднаш да го пополни образецот со податоци за лицето сомнително на КОВИД-19, како и за лицата кои работеле во негова непосредна околина (иста линија за производство, погон, лабораторија, работна средина, лицата кои имале директен контакт и сл.), да го достави до стручното лице за безбедност при работа и секторот за човечки ресурси и да ги информира за ситуацијата.

Стручното лице за безбедност при работа веднаш ќе ја информира службата за епидемиологија при подрачниот центар за јавно здравје. Службата за епидемиологија ќе даде насоки како понатаму треба да се постапи.

Стручното лице за безбедност при работа ќе го информира секторот за човечки ресурси и раководителот на лицето, за инструкциите добиени од службата за епидемиологија, по што ќе донесат одлука како понатаму да се постапи. За одлуката ќе го известат лицето кое претходно ги информирало.

9. Право и обврска на секој ученик е да се грижи за сопствената безбедност и здравје и за безбедноста и здравјето на другите лица кои работат со него и лицата кои се засегнати од неговите активности, во согласност со обуките и инструкциите кои му се дадени од страна на менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби и работодавачот.

10. За учениците, кои за време на реализација на учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите имаат обезбеден оброк, носењето на личната заштита на лицето е задолжително и во местото каде се конзумира оброкот (кантина и сл.), со исклучок во периодот додека се конзумира оброкот. Тоа значи дека личната заштита на лицето треба да се носи додека се мијат рацете, додека се чека во ред, при подигање на оброкот од линијата, се до седнување на избраното место. По завршување со оброкот, маската треба веднаш да се стави на лицето, по што може да се напушти местото.

11. Распоредот на ученици за секоја работна недела го прави менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во соработка со наставникот по учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби, а бројот на ученици се ограничува на оптималниот број кој овозможува почитување на обврските за физичка дистанца, зависно од условите за работа кај работодавачот, расположливите капацитети за пракса и моменталните состојби и проценки.

12. Се воспоставуват безбедни и по мерка на учениците механизми за поплаки и жалби, како и за повратни информации од реализацијата на учење преку работа, феријалната практика, практична обука и вежби во услови на пандемија од КОВИД-19.

13. Се забранува групирање на учениците за време на реализацијата на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби. Задачите кои се задаваат на учениците при што тие треба да извршуваат одредени активности, да бидат осмислувани така да можат да се извршуваат индивидуално, а доколку треба групна активност потребна е обезбеденост од почитување на протоколите за заштита од КОВИД 19.

14. На секој час при реализација на учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите во погоните, работната средина, лабораторијата да се прави проветрување, согласно општите протоколи и протоколите за постапување во дејноста и во конкретната компанијата/организацијата.

15. После завршување на одредена активност на секоја група просторијата се проветрува и дезинфицира со средство кое делува на вируси според упатството од производителиот и општите препораки за дезинфекција на работни површини и простории заради заштита од КОВИД-19.

16. Работодавачот треба да обезбеди вклучување на учениците со посебни образовни потреби во изведување на учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите, со обезбедување на поддршка од страна на работодавачот, наставникот и менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби. За учениците со посебни образовни потреби, важат истите препораки за физичка дистанца и одржување на личната хигиена, како и останатите универзални мерки за спречување на пренесувањето на КОВИД-19.

 

² Прилог број 56

Протокол за превентивни мерки при реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби на учениците кај работодавач во секторот машинство

 

Со овој протокол се уредува начинот на постапување на работодавачите и учениците во услови на пандемија од КОВИД-19 при реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавач во секторот машинство.

1. Работодавачот кај кого се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби е должен за секој ученик да обезбеди опрема за лична заштита и упатства за нивна правилна употреба и да ги преземе сите неопходни мерки со цел максимална заштита на учениците и нивните ментори, од една страна, и на своите вработени од друга страна.

2. Училиштето, работодавачот и ученикот/родителот/старателот склучуваат договор за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавачот. Истиот треба да биде дополнет со одредби кои ќе го регулираат изведувањето на обуката во услови на пандемија од КОВИД-19.

3. Се воспоставува флексибилен работен ангажман од страна на сите учесници во процесот (работно време, можност за реализација од далечина, работа од дома, блоковска реализација и сл.) при учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во услови на пандемија од КОВИД-19.

4. Секој ученик кој реализира учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавач (во натамошниот текст: ученик) е должен да потпише изјава со која се обврзува за доследно и целосно почитување на сите мерки и препораки (досегашни и идни) од надлежните институции и компанијата поврзани со актуелните состојби предизвикани од Коронавирусот КОВИД-19, а сè со цел обезбедување лична и колективна заштита, но и како дополнителен поттик учениците максимално да се трудат за почитување на сите мерки и препораки. За потпишувањето и содржината на изјавата се информира родителот/старателот. Доколку ученикот не е полнолетен, изјавата ја потпишува родител или старател на ученикот. Секој ментор или претставник од компанијата/работилницата кој е во постојана директна комуникација со учениците, потребно е да се грижи за целосно и доследно почитување на пропишаните мерки и препораки и да алармира за секое прекршување.

5. Учениците и компаниите кај кои се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби се должни да ги почитуваат универзалните мерки за спречување на пренесувањето на КОВИД-19 што важат за сите работни места и за сите лица на работните места, односно за работодавачите, раководителите, работниците, договарачите, клиентите и посетителите, а ги вклучуваат следниве мерки:
- Хигиена на рацете што подразбира редовно и темелно миење на рацете со сапун и вода или дезинфекција на рацете со средство за дезинфекција на база на алкохол пред отпочнување со работа, пред јадење, често пати за време на работната смена во зависност од работниот процес и потребите, а особено по контакт со колеги, по одење во тоалет, по контакт со секрети и телесни течности, по контакт со потенцијално загадени предмети (ракавици, облека, маски, користени хартиени марамчиња, отпад), и веднаш по отстранување на ракавиците и друга заштитна опрема, а пред допирање на очите, носот или устата. Поставување станици за хигиена на рацете, како што се станици за миење на раце и диспензери за дезинфекција на раце на истакнати места во работната средина и до нив треба да имаат пристап сите ученици кои реализираат учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби;
- Респираторна хигиена што подразбира да има на располагање доволно заштитни маски за лице и хартиени марамчиња, како и заштитни ракавици и канти за отпадоци со капаци за хигиенско одлагање на отпадот.

Менторот/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/работодавачот е должен да ги потсети учениците на обврската за носење заштитна маска на лицето и да им го покаже начинот за нивно правилно ставање и употреба.

Менторот/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/работодавачот, исто така, е должен да ги извести учениците дека доколку некој е болен, не треба да доаѓа на пракса, но треба да се јави и да го извести менторот/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/работодавачот. Доколку некој ученик не се чувствува добро додека е на пракса, треба да му се обезбеди медицинска маска и да се превземат соодветни активности за да може безбедно да се врати дома.

- Физичко дистанцирање, што подразбира одржување на потребното пропишано растојание од 2 метри и избегнување на директен физички контакт со други лица (на пр. прегрнување, допирање, ракување) и контакти во насока на одржување на редот физичка дистанца. Учениците се должни да одржуваат и физичка дистанца согласно важечките прописи во заедничките простории како влезови/излези, лифтови, остави/кантини, скали, каде што може да дојде до собирање или редици на вработени и ученици.

6. Учениците кои не се чувствуваат добро или кај кои се појавуваат симптоми што одговараат на КОВИД-19, треба да останат дома, да се самоизолираат и да контактираат со медицинско лице или со локалната линија за информации за КОВИД-19 за совети.

7. Мерење на температура на учениците пред влезот на работното место (погонот, работилницата) и отсранување од работното место доколку има покачена температура на 37 степени.

8. Почитување на стандардните оперативни процедури за управување со лице кое ќе се разболи додека е на пракса, а постојат сомневања дека има КОВИД-19, вклучително и сместување на лицето во просторија за изолација, ограничување на бројот на лица кои имаат контакт со него, употреба на лична заштитна опрема и последователно чистење и дезинфекција. Задолжително контактирање со регионалниот епидемиолог за да се олесни следењето на контактите. Учениците кои биле во близок контакт на работното место со лице со лабораториски потврден КОВИД-19 по направената проценка од страна на локалниот епидемиолог треба да бидат ставени во домашна изолација, во период од 14 дена од последниот контакт со тоа лице.

А) Начин на постапување доколку ученикот е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби

Секој ученик кој ќе почувствува појава на знаци и симптоми на КОВИД-19, како болки, покачена телесна температура, кашлање или тешко дишење, додека е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во компанијата/работилницата, треба веднаш да се тргне настрана од останатите лица во неговата работна средина, да го извести својот ментор/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/работодавач, да замине директно дома да се самоизолира и веднаш да го извести својот матичен лекар. Додека не замине дома, ученикот треба да стои настрана, најмалку 2 (два) метри од останатите лица и носот и устата да ги покрие со маска или со марамче за еднократна употреба. По употребата марамчето треба да го чува во џебот. На рацете, ученикот треба да носи заштитни ракавици.

Доколку има потреба и доколку е можно, ученикот треба да се изолира во посебна просторија, при што вратата треба да се затвори. Доколку е можно треба да се отвори прозорец за да се обезбеди вентилација. Ученикот до дома треба да се превезе со сопствен превоз од член од семејството. Доколку ученикот не се чувствува добро, до таа мера што треба да се повика итна медицинска помош, тогаш веднаш се повикува итната медицинска помош на тел. број 194.

Менторот/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/работодавачот треба веднаш да го пополни образецот со Податоци за лицето сомнително на КОВИД-19, како и за лицата кои работаат во негова непосредна околина (иста линија за производство, лицата кои имале директен контакт во погонот и сл.), да го достави до стручното лице за безбедност при работа и секторот за човечки ресурси и да ги информира за ситуацијата. Истовремено, за состојбата на ученикот треба да го информира и училиштето, односно наставникот надлежен за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична настава и вежби со кого контактира. Наставникот ќе ги информира родителите да го земат ученикот од местото каде реализира учење преку работа, феријална практика, практична настава и вежби.

Лицата кои работале во непосредна околина на ученикот исто така треба веднаш да заминат дома, да се самоизолираат и веднаш да го известат својот матичен лекар.

Стручното лице за безбедност при работа/менторот/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука/работодавачот веднаш ќе ја информира службата за епидемиологија при подрачниот центар за јавно здравје. Службата за епидемиологија ќе изврши епидемиолошки/теренски увид/анкети и проценка на ризик, по што ќе ги утврди лицата кои со решение од државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе бидат ставени по здравствен надзор за домашна изолација.

Процесот на работа ќе продолжи после темелно механичко чистење и извршена дезинфекција од страна на овластена установа за вршење на дезинфекција, дезинсекција и дератизација заради спречување и сузбивање на заразните болести. Дезинфекцијата ќе ја организира стручното лице за безбедност при работа.

Б) Начин на постапување доколку ученикот не е на местото каде се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби (односно се наоѓа дома или на друго место)

Кога ученикот не е на местото каде што се спроведува учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите, треба да го информира својот ментор/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука/работодавач дека бил во контакт со потврден или можен случај на КОВИД-19, со лице во изолација или дека кај него се појавиле симптоми на КОВИД-19. Неговиот ментор/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука /работодавач треба да ги побара следниве информации од него:

- дали лицето било во контакт со потврден или можен случај на КОВИД-19 или со лице во изолација;

- доколку не, да објасни зошто лицето е загрижено;

- дали кај лицето се појавиле симптоми на КОВИД-19;

- доколку да, дали лицето се јавило кај својот матичен лекар и што лекарот му препорачал и

- да остави податоци за контакт

Потоа менторот/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука/работодавачот ќе го извести ученикот да остане дома до следното известување од страна на училиштето и ќе го информира училиштето за состојбата на ученикот.

Доколку кај ученикот се појавиле симптоми на КОВИД-19, менторот/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука/работодавач ќе го упати да се јави кај својот матичен лекар и ќе го извести училиштетото, односно одговорниот наставник. Менторот/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука/работодавачот треба веднаш да го пополни образецот со податоци за лицето сомнително на КОВИД-19, како и за лицата кои работеле во негова непосредна околина (иста линија за производство, погон, лицата кои имале директен контакт и сл.), да го достави до стручното лице за безбедност при работа и секторот за човечки ресурси и да ги информира за ситуацијата.

Стручното лице за безбедност при работа/менторот/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука/работодавач веднаш ќе ја информира службата за епидемиологија при подрачниот центар за јавно здравје. Службата за епидемиологија ќе даде насоки како понатаму треба да се постапи.

9. Право и обврска на секој ученик е да се грижи за сопствената безбедност и здравје и за безбедноста и здравјето на другите лица кои работат со него и лицата кои се засегнати од неговите активности, во согласност со обуките и инструкциите кои му се дадени од страна на менторот/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука/работодавачот.

10. За учениците, кои за време на реализацијата на учење преку работа, феријална практика, практична обука имаат обезбеден оброк, носењето на личната заштита на лицето е задолжително и во местото каде се конзумира оброкот (кантина и сл.), со исклучок во периодот додека се конзумира оброкот. Тоа значи дека личната заштита на лицето треба да се носи додека се мијат рацете, додека се чека во ред, при подигање на оброкот од линијата, се до седнување на избраното место. По завршување со оброкот, маската треба веднаш да се стави на лицето, по што може да се напушти местото.

11. Распоредот на ученици за секоја работна недела го прави менторот/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука/работодавачот во соработка со наставникот по учење преку работа, феријална практика, практична обука, а бројот на ученици се ограничува на оптималниот број кој овозможува почитување на обврските за физичка дистанца, зависно од условите за работа кај работодавачот, расположливите капацитети за пракса и моменталните состојби и проценки.

12. Се забранува групирање на учениците за време на реализацијата на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби. Задачите кои се задаваат на учениците при што тие треба да извршуваат одредени активности, да бидат осмислувани така да можат да се извршуваат индивидуално, а доколку треба групна активност потребна е обезбеденост од почитување на протоколите за заштита од КОВИД 19.

13. На секој час при реализација на учење преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите во погоните/работилниците да се прави проветрување, согласно општите протоколи и протоколите за постапување во дејноста и во конкретната компанија.

14. После завршување на учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите, погонот/работилницата се проветрува и дезинфицира со средство кое делува на вируси според упатството од производителот и општите препораки за дезинфекција на работни површини и простории заради заштита од коронавирусот КОВИД-19.

15. Работодавачот треба да обезбеди вклучување на учениците со посебни образовни потреби во изведување на учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите, со обезбедување на поддршка од страна на работодавачот, наставникот и менторот/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби. За учениците со посебни образовни потреби, важат истите препораки за физичка дистанца и одржување на личната хигиена, како и останатите универзални мерки за спречување на пренесувањето на КОВИД-19.

 

³ Прилог број 57

Протокол за превентивни мерки при реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби на учениците кај работодавач во секторот земјоделство, рибарство и ветеринарство

 

Со овој протокол се уредува начинот на постапување на работодавачите и учениците во услови на пандемија од КОВИД-19 при реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавач во секторот земјоделство, рибарство и ветеринарство.

1. Работодавачот кај кого се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби е должен за секој ученик да обезбеди опрема за лична заштита и упатства за нивна правилна употреба и да ги преземе сите неопходни мерки со цел максимална заштита на учениците и нивните ментори, од една страна, и на своите вработени од друга страна.

2. Училиштето, работодавачот и ученикот/родителот/старателот склучуваат договор за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавачот. Истиот треба да биде дополнет со одредби кои ќе го регулираат изведувањето на обуката во услови на пандемија од КОВИД-19.

3. Се воспоставува флексибилен работен ангажман од страна на сите учесници во процесот (работно време, можност за реализација од далечина, работа од дома, блоковска реализација и сл.) при учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во услови на пандемија од КОВИД-19.

4. Секој ученик кој реализира учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавач (во натамошниот текст: ученик) е должен да потпише изјава со која се обврзува за доследно и целосно почитување на сите мерки и препораки (досегашни и идни) од надлежните институции и организацијата поврзани со актуелните состојби предизвикани од Коронавирусот КОВИД-19, а сè со цел обезбедување лична и колективна заштита, но и како дополнителен поттик учениците максимално да се трудат за почитување на сите мерки и препораки. За потпишувањето и содржината на изјавата се информира родителот/старателот. Доколку ученикот не е полнолетен, изјавата ја потпишува родител или старател на ученикот. Секој ментор или претставник од компанијата/организацијата кој е во постојана директна комуникација со учениците, потребно е да се грижи за целосно и доследно почитување на пропишаните мерки и препораки и да алармира за секое прекршување.

5. Учениците и компаниите во кои се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби се должни да ги почитуваат универзалните мерки за спречување на пренесувањето на КОВИД-19 што важат за сите работни места и за сите лица на работните места, односно за работодавачите, раководителите, работниците, договарачите, клиентите и посетителите, а ги вклучуваат следниве мерки:
- Хигиена на рацете што подразбира редовно и темелно миење на рацете со сапун и вода или дезинфекција на рацете со средство за дезинфекција на база на алкохол пред отпочнување со работа, пред јадење, за време на работните активности и потребите, по одење во тоалет, по контакт со секрети, екскрети и телесни течности, по контакт со потенцијално загадени предмети (ракавици, облека, маски, користени хартиени марамчиња, отпад), и веднаш по отстранување на ракавиците и друга заштитна опрема, а пред допирање на очите, носот или устата. Поставување станици за хигиена на рацете, како што се станици за миење на раце и диспензери за дезинфекција на раце на истакнати места во работната средина и до нив треба да имаат пристап сите ученици кои реализираат учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби;

- Респираторна хигиена што подразбира да има на располагање доволно заштитни маски за лице, визири, хартиени марамчиња и заштитни ракавици, како и канти за отпадоци со капаци за хигиенско одлагање на отпадот.

Менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/работодавачот е должен да ги потсети учениците на обврската за носење заштитна маска на лицето и заштитни ракавици на рацете да им го покаже начинот за нивно правилно ставање и употреба.

Менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби, работодавачот, исто така, е должен да ги извести учениците дека доколку некој е болен, не треба да доаѓа на пракса, но треба да се јави и да го извести менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби. Доколку некој ученик не се чувствува добро додека е на пракса, треба да му се обезбеди медицинска маска и да се преземат соодветни активности за да може безбедно да се врати дома.

- Физичко дистанцирање, што подразбира одржување на потребното пропишано растојание од 2 метри и избегнување на директен физички контакт со други лица (на пр. прегрнување, допирање, ракување) во насока на одржување на редот физичка дистанца. Учениците се должни да одржуваат и физичка дистанца согласно важечките прописи во заедничките простории како влезови и излези, каде што може да дојде до собирање на вработени и ученици.

6. Учениците кои не се чувствуваат добро или кај кои се појавуваат симптоми што одговараат на КОВИД-19, треба да останат дома, да се самоизолираат и да контактираат со медицинско лице или со локалната линија за информации за КОВИД-19 за совети.

7. Мерење на температура на учениците пред влезот во компанијата или ветеринарната станица и отсранување од работното место доколку има покачена температура на 37 степени.

8. Почитување на стандардните оперативни процедури за управување со лице кое ќе се разболи додека е на пракса, а постојат сомневања дека има КОВИД-19, вклучително и сместување на лицето во просторија за изолација, ограничување на бројот на лица кои имаат контакт со него, употреба на лична заштитна опрема и последователно чистење и дезинфекција. Задолжително контактирање со регионалниот епидемиолог за да се олесни следењето на контактите. Луѓето кои биле во близок контакт на работното место со ученик со лабораториски потврден КОВИД-19 по направената проценка од страна на локалниот епидемиолог треба да бидат ставени во домашна изолација, во период од 14 дена од последниот контакт со тоа лице.

А) Начин на постапување доколку ученикот е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби

Секој ученик кој ќе почувствува појава на знаци и симптоми на КОВИД-19, како болки, покачена телесна температура, кашлање или тешко дишење, додека е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во компанијата/организацијата или ветеринарната станица, треба веднаш да се тргне настрана од останатите лица во работна просторија, да го извести својот ментор/одговорното лице од компанијата/организацијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби или работодавачот, да замине директно дома, да се самоизолира и веднаш да го извести својот матичен лекар. Додека не замине дома, ученикот треба да стои настрана, најмалку 2 (два) метри од останатите лица и носот и устата да ги покрие со маска или со марамче за еднократна употреба. По употребата марамчето треба да го чува во џебот. На рацете, ученикот треба да носи заштитни ракавици. Ученикот до дома треба да се превезе со сопствен превоз од член од семејството. Доколку ученикот не се чувствува добро, до таа мера што треба да се повика итна медицинска помош, тогаш веднаш се повикува итната медицинска помош на тел. број 194.

Менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби или работодавачот треба веднаш да го пополни образецот со Податоци за лицето сомнително на КОВИД-19, како и за лицата биле во негова непосредна околина (работна просторија) и да ги информира: училиштето, односно наставникот надлежен за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби за состојбата на ученикот и службата за епидемиологија при подрачниот центар за јавно здравје. Службата за епидемиологија ќе изврши епидемиолошки/теренски увид/анкети и проценка на ризик, по што ќе ги утврди лицата кои со решение од државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе бидат ставени по здравствен надзор за домашна изолација. Наставникот веднаш треба да ги информира родителите да го земат ученикот од местото каде реализира учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби.

Лицата кои биле во непосредна околина со ученикот исто така треба веднаш да заминат дома, да се самоизолираат и веднаш да го известат својот матичен лекар.

Процесот на работа, доколку е во ветеринарна станица, ќе продолжи после темелно механичко чистење и извршената дезинфекција од страна на овластена установа за вршење на дезинфекција, дезинсекција и дератизација заради спречување и сузбивање на заразните болести.

Б) Начин на постапување доколку ученикот не е на местото каде се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби (односно се наоѓа дома или на друго место)

Кога ученикот не е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби, треба да го информира својот ментор/одговорното лице од компанијата/организацијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/работодавачот дека било во контакт со потврден или можен случај на КОВИД-19, со лице во изолација или дека кај него се појавиле симптоми на КОВИД-19. Неговиот ментор/одговорното лице од компанијата/организацијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби работодавачот треба да ги побара следниве информации од него:

- дали лицето било во контакт со потврден или можен случај на КОВИД-19 или со лице во изолација;

- доколку не, да објасни зошто лицето е загрижено;

- дали кај лицето се појавиле симптоми на КОВИД-19;

- доколку да, дали лицето се јавило кај својот матичен лекар и што лекарот му препорачал и

- да остави податоци за контакт

Потоа менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/работодавачот ќе го извести ученикот да остане дома до следното известување од страна на училиштето и ќе го информира училиштето за состојбата на ученикот.

9. Право и обврска на секој ученик е да се грижи за сопствената безбедност и здравје и за безбедноста и здравјето на другите лица кои работат со него и лицата кои се засегнати од неговите активности, во согласност со обуките и инструкциите кои му се дадени од страна на менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби и работодавачот кај кого се реализира учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби.

10. За учениците, кои за време на учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите имаат обезбеден оброк или носат оброк, носењето на личната заштита на лицето е задолжително и во местото каде се конзумира оброкот, со исклучок во периодот додека се конзумира оброкот. По завршување со оброкот, маската треба веднаш да се стави на лицето.

11. Распоредот на ученици за секоја работна недела го прави менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во соработка со наставникот по учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби, а бројот на ученици се ограничува на оптималниот број кој овозможува почитување на обврските за физичка дистанца, зависно од условите за работа кај работодавачот, расположливите капацитети за пракса и моменталните состојби и проценки.

12. Се забранува групирање на учениците за време на реализацијата на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби.

13. На секој час при реализација учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите, доколку е во ветеринарна станица се прави проветрување, согласно општите протоколи и протоколите за постапување во дејноста.

14. После завршување на учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбита, ветеринарната станица се проветрува и дезинфицира со средство кое делува на вируси според упатството од производителот и општите препораки за дезинфекција на работни површини и простории заради заштита од коронавирусот КОВИД-19.

15. Работодавачот воспоставува ефективни канали за комуникација и размена на информации со наставникот, родителот/старателот водејќи сметка да се намали физичкиот контакт меѓу учесниците во обуката.

16. Работодавачот треба да обезбеди вклучување на учениците со посебни образовни потреби во изведување на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби, со обезбедување на поддршка од страна на работодавачот, наставникот надлежен за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби и менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби. За учениците со посебни образовни потреби, важат истите препораки за физичка дистанца и одржување на личната хигиена, како и останатите универзални мерки за спречување на пренесувањето на КОВИД-19.

 

 

⁴ Прилог број 58

Протокол за превентивни мерки при реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби на учениците кај работодавач во секторот хемија и технологија

 

Со овој протокол се уредува начинот на постапување на работодавачите и учениците во услови на пандемија од КОВИД-19 при реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавач во секторот хемија и технологија.

1. Работодавачот кај кого се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби е должен за секој ученик да обезбеди опрема за лична заштита и упатства за нивна правилна употреба и да ги преземе сите неопходни мерки со цел максимална заштита на учениците и нивните ментори, од една страна, и на своите вработени од друга страна.

2. Училиштето, работодавачот и ученикот/родителот/старателот склучуваат Договор за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавачот. Истиот треба да биде дополнет со одредби кои ќе го регулираат изведувањето на обуката во услови на пандемија од КОВИД-19.

3. Се воспоставува флексибилен работен ангажман од страна на сите учесници во процесот (работно време, можност за реализација од далечина, работа од дома, блоковска реализација и сл.) при учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во услови на пандемија од КОВИД-19.

4. Секој ученик кој реализира учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавач (во натамошниот текст: ученик) е должен да потпише изјава со која се обврзува за доследно и целосно почитување на сите мерки и препораки (досегашни и идни) од надлежните институции и компанијата поврзани со актуелните состојби предизвикани од Коронавирусот КОВИД-19, а сè со цел обезбедување лична и колективна заштита, но и како дополнителен поттик учениците максимално да се трудат за почитување на сите мерки и препораки. За потпишувањето и содржината на изјавата се информира родителот/старателот. Доколку ученикот не е полнолетен, изјавата ја потпишува родител или старател на ученикот. Секој ментор или претставник од компанијата кој е во постојана директна комуникација со учениците, потребно е да се грижи за целосно и доследно почитување на пропишаните мерки и препораки и да алармира за секое прекршување.

5. Учениците и компаниите во кои се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби се должни да ги почитуваат универзалните мерки за спречување на пренесувањето на КОВИД-19 што важат за сите работни места и за сите лица на работните места, односно за работодавачите, раководителите, работниците, договарачите, клиентите и посетителите, а ги вклучуваат следниве мерки:
- Хигиена на рацете што подразбира редовно и темелно миење на рацете со сапун и вода и дезинфекција на рацете со средство за дезинфекција на база на алкохол пред отпочнување со работа, пред јадење, често пати за време на работните активности и по завршување на истите во текот на работната смена во зависност од работниот процес и потребите, а особено по контакт со колеги, по одење во тоалет, по контакт со секрети, екскрети и телесни течности, по контакт со потенцијално загадени предмети (ракавици, облека, маски, користени хартиени марамчиња, отпад), и веднаш по отстранување на ракавиците и друга заштитна опрема, а пред допирање на очите, носот или устата. Поставување станици за хигиена на рацете, како што се станици за миење на раце и диспензери за дезинфекција на раце на истакнати места во работната средина и до нив треба да имаат пристап сите ученици кои реализираат учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби;
- Респираторна хигиена што подразбира да има на располагање доволно заштитни маски за лице, визири, хартиени марамчиња и заштитни ракавици, како и канти за отпадоци со капаци за хигиенско одлагање на отпадот.

Менторот/одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/работодавачот е должен да ги потсети учениците на обврската за носење заштитна маска на лицето и везири и да им го покаже начинот за нивно правилно ставање и употреба.

Менторот/одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/работодавачот, исто така, е должен да ги извести учениците дека доколку некој е болен, не треба да доаѓа на пракса, но треба да се јави и да го извести менторот/одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби. Доколку некој ученик не се чувствува добро додека е на пракса, треба да му се обезбеди медицинска маска и да се преземат соодветни активности за да може безбедно да се врати дома.

- Физичко дистанцирање, што подразбира одржување на потребното пропишано растојание од 2 метри и избегнување на директен физички контакт со други лица (на пр. прегрнување, допирање, ракување), и контакти во насока на одржување на редот физичка дистанца. Учениците се должни да одржуваат и физичка дистанца согласно важечките прописи во заедничките простории како влезови/излези, остави/кантини, скали, каде што може да дојде до собирање или редици на вработени и ученици.

6. Учениците кои не се чувствуваат добро или кај кои се појавуваат симптоми што одговараат на КОВИД-19, треба да останат дома, да се самоизолираат и да контактираат со медицинско лице или со локалната линија за информации за КОВИД-19 за совети.

7. Мерење на температура на учениците пред влезот на работното место (погонот, работната просторија) и отсранување од работното место доколку има покачена температура на 37 степени.

8. Почитување на стандардните оперативни процедури за управување со лице кое ќе се разболи додека е на пракса, а постојат сомневања дека има КОВИД-19, вклучително и сместување на лицето во просторија за изолација, ограничување на бројот на лица кои имаат контакт со него, употреба на лична заштитна опрема и последователно чистење и дезинфекција. Задолжително контактирање со регионалниот епидемиолог за да се олесни следењето на контактите. Учениците кои биле во близок контакт на работното место со лице со лабораториски потврден КОВИД-19 по направената проценка од страна на локалниот епидемиолог треба да бидат ставени во домашна изолација, во период од 14 дена од последниот контакт со тоа лице.

А) Начин на постапување доколку ученикот е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби

Секој ученик кој ќе почувствува појава на знаци и симптоми на КОВИД-19, како болки, покачена телесна температура, кашлање или тешко дишење, додека е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во компанијата, треба веднаш да се тргне настрана од останатите лица во неговата работна средина, да го извести својот ментор ментор/одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби, да замине директно дома да се самоизолира и веднаш да го извести својот матичен лекар. Додека не замине дома, ученикот треба да стои настрана, најмалку 2 (два) метри од останатите лица и носот и устата да ги покрие со маска или со марамче за еднократна употреба. По употребата марамчето треба да го чува во џебот. На рацете, лицето треба да носи заштитни ракавици.

Доколку има потреба и доколку е можно, ученикот треба да се изолира во посебна просторија, при што вратата треба да се затвори. Доколку е можно треба да се отвори прозорец за да се обезбеди вентилација. Ученикот до дома треба да се превезе со сопствен превоз од член од семејството. Доколку ученикот не се чувствува добро, до таа мера што треба да се повика итна медицинска помош, тогаш веднаш се повикува итната медицинска помош на тел. број 194.

Менторот/одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби треба веднаш да го пополни образецот со Податоци за лицето сомнително на КОВИД-19, како и за лицата кои работаат во негова непосредна околина (иста линија за производство, лицата кои имале директен контакт во погонот и сл.), да го достави до стручното лице за безбедност при работа и секторот за човечки ресурси и да ги информира за ситуацијата. Истовремено, за состојбата на ученикот, треба да го информира и училиштето, односно наставникот надлежен за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби со кого контактира. Наставникот ќе ги информира родителите да го земат ученикот од местото каде реализира учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби.

Лицата кои работале во непосредна околина на ученикот исто така треба веднаш да заминат дома, да се самоизолираат и веднаш да го известат својот матичен лекар.

Стручното лице за безбедност при работа веднаш ќе ја информира службата за епидемиологија при подрачниот центар за јавно здравје. Службата за епидемиологија ќе изврши епидемиолошки/теренски увид/анкети и проценка на ризик, по што ќе ги утврди лицата кои со решение од државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе бидат ставени по здравствен надзор за домашна изолација.

Процесот на работа ќе продолжи после темелно механичко чистење и извршената дезинфекција од страна на овластена установа за вршење на дезинфекција, дезинсекција и дератизација заради спречување и сузбивање на заразните болести. Дезинфекцијата ќе ја организира стручното лице за безбедност при работа.

Б) Начин на постапување доколку ученикот не е на местото каде се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби (односно се наоѓа дома или на друго место)

Кога ученикот не е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби, треба да го информира својот ментор/одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во компанијата дека било во контакт со потврден или можен случај на КОВИД-19, со лице во изолација или дека кај него се појавиле симптоми на КОВИД-19. Неговиот ментор/одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби треба да ги побара следниве информации од него:

- дали лицето било во контакт со потврден или можен случај на КОВИД-19 или со лице во изолација;

- доколку не, да објасни зошто лицето е загрижено;

- дали кај лицето се појавиле симптоми на КОВИД-19;

- доколку да, дали лицето се јавило кај својот матичен лекар и што лекарот му препорачал и

- да остави податоци за контакт.

Потоа менторот/одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби ќе го извести ученикот да остане дома до следното известување од страна на училиштето и ќе го информира училиштето за состојбата на ученикот.

Доколку кај ученикот се појавиле симптоми на КОВИД-19, менторот/одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби ќе го упати да се јави кај својот матичен лекар и ќе го извести училиштетото, односно наставникот надлежен за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби. Менторот/одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби треба веднаш да го пополни образецот со податоци за лицето сомнително на КОВИД-19, како и за лицата кои работеле во негова непосредна околина (иста линија за производство,погон, лицата кои имале директен контакт и сл.), да го достави до стручното лице за безбедност при работа и секторот за човечки ресурси и да ги информира за ситуацијата.

Стручното лице за безбедност при работа веднаш ќе ја информира службата за епидемиологија при подрачниот центар за јавно здравје. Службата за епидемиологија ќе даде насоки како понатаму треба да се постапи.

9. Право и обврска на секој ученик е да се грижи за сопствената безбедност и здравје и за безбедноста и здравјето на другите лица кои работат со него и лицата кои се засегнати од неговите активности, во согласност со обуките и инструкциите кои му се дадени од страна на менторот/одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби и работодавачот кај кого се реализира учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби.

10. За учениците, кои за време на реализација на учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите имаат обезбеден оброк, носењето на личната заштита на лицето е задолжително и во местото каде се конзумира оброкот (кантина и сл.), со исклучок во периодот додека се конзумира оброкот. Тоа значи дека личната заштита на лицето треба да се носи додека се мијат рацете, додека се чека во ред, при подигање на оброкот од линијата, се до седнување на избраното место. По завршување со оброкот, маската треба веднаш да се стави на лицето, по што може да се напушти местото.

11. Распоредот на ученици за секоја работна недела го прави менторот/одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во соработка со наставникот по учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби, а бројот на ученици се ограничува на оптималниот број кој овозможува почитување на обврските за физичка дистанца, зависно од условите за работа кај работодавачот, расположливите капацитети за пракса и моменталните состојби и проценки.

12. Се воспоставуват безбедни и по мерка на учениците механизми за поплаки и жалби, како и за повратни информации од реализацијата на учење преку работа, феријалната практика, практична обука и вежби во услови на пандемија од КОВИД-19.

13. Се забранува групирање на учениците за време на реализацијата на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби.

14. На секој час при реализација на учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите во погоните, работната средина или при реализација на вежбите во лабораторија се прави проветрување, согласно општите протоколи и протоколите за постапување во дејноста и во конкретната компанија.

15. После завршување на учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите, просторијата или погонот се проветрува и дезинфицира со средство кое делува на вируси според упатството од производителиот и општите препораки за дезинфекција на работни површини и простории заради заштита од Коронавирусот КОВИД-19.

16. Работодавачот треба да обезбеди вклучување на учениците со посебни образовни потреби во изведување на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби, со обезбедување на поддршка од страна на работодавачот, наставникот надлежен за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби и менторот/ одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби од компанијата. За учениците со посебни образовни потреби, важат истите препораки за физичка дистанца и одржување на личната хигиена, како и останатите универзални мерки за спречување на пренесувањето на КОВИД-19.

 

⁵ Прилог број 59

Протокол за превентивни мерки при реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби на учениците кај работодавач во секторот лични услуги

 

Со овој протокол се уредува начинот на постапување на работодавачите и учениците во услови на пандемија од КОВИД-19 при реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавач во секторот лични услуги.

1. Работодавачот кај кого се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби е должен за секој ученик да обезбеди опрема за лична заштита и упатства за нивна правилна употреба и да ги преземе сите неопходни мерки со цел максимална заштита на учениците и нивните ментори, од една страна, и на своите вработени од друга страна.

2. Училиштето, работодавачот и ученикот/родителот/старателот склучуваат договор за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавачот. Истиот треба да биде дополнет со одредби кои ќе го регулираат изведувањето на обуката во услови на пандемија од КОВИД-19.

3. Се воспоставува флексибилен работен ангажман од страна на сите учесници во процесот (работно време, можност за реализација од далечина, работа од дома, блоковска реализација и сл.) при учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во услови на пандемија од КОВИД-19.

4. Секој ученик кој реализира учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавач (во натамошниот текст: ученик) е должен да потпише изјава со која се обврзува за доследно и целосно почитување на сите мерки и препораки (досегашни и идни) од надлежните институции поврзани со актуелните состојби предизвикани од КОВИД-19, а сè со цел обезбедување лична и колективна заштита, но и како дополнителен поттик учениците максимално да се трудат за почитување на сите мерки и препораки. За потпишувањето и содржината на изјавата се информира родителот/старателот. Доколку ученикот не е полнолетен, изјавата ја потпишува родител или старател на ученикот. Секој ментор или одговорно лице за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кој е во постојана директна комуникација со учениците, потребно е да се грижи за целосно и доследно почитување на пропишаните мерки и препораки и да алармира за секое прекршување.

5. Учениците и работодавачите кај кои се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби се должни да ги почитуваат универзалните мерки за спречување на пренесувањето на КОВИД-19 што важат за сите работни места и за сите лица на работните места, односно за работодавачите, раководителите, работниците, договарачите, клиентите и посетителите, а ги вклучуваат следниве мерки:
- Хигиена на рацете што подразбира редовно и темелно миење на рацете со сапун и вода и дезинфекција на рацете со средство за дезинфекција на база на алкохол пред отпочнување со работа или некоја работна активност, често пати за време на секоја работна активност и по завршување на работната активност и во зависност од потребите, а особено по контакт со колеги или клиенти, пред јадење, по одење во тоалет, по контакт со секрети, екскрети и телесни течности, по контакт со потенцијално загадени предмети (ракавици, облека, маски, користени хартиени марамчиња, отпад), и веднаш по отстранување на ракавиците и друга заштитна опрема, а пред допирање на очите, носот или устата. Поставување станици за хигиена на рацете, како што се станици за миење на раце и диспензери за дезинфекција на раце на истакнати места во работната средина и до нив треба да имаат пристап сите ученици кои реализираат учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби.
- Респираторна хигиена што подразбира да има на располагање доволно заштитни маски за лице, визери и хартиени марамчиња, како и заштитини ракавици и канти за отпадоци со капаци за хигиенско одлагање на отпадот. Пред почетокот на работните активности менторот/одговорното лице од салонот/студиото/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/работодавачот е должен да ги потсети учениците на обврската за носење заштитна маска и визир на лицето и заштитни ракавици на рацете и да им го покаже начинот за нивно правилно ставање и употреба. Менторот/одговорното лице од салонот/студиото/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби е должен да ги извести учениците дека доколку некој е болен, не треба да доаѓа на пракса, но треба да се јави и да го извести менторот/одговорното лице од салонот/студиото/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/работодавачот. Ако некој ученик не се чувствува добро додека е на пракса, треба да му се обезбеди медицинска маска и да се превземат соодветни активности за да може безбедно да се врати дома.

- Физичко дистанцирање, што подразбира одржување на потребното пропишано растојание од 2 (два) метра и избегнување на директен физички контакт со други лица (на пр. прегрнување, допирање, ракување), строга контрола врз надворешниот пристап на странки/клиенти кои може да имаат контакти со учениците, а во насока на одржување на редот - физичка дистанца. Учениците се должни да одржуваат и физичка дистанца согласно важечките прописи во заедничките простории како влезови/излези, остави, скали, каде што може да дојде до собирање или редици на вработени, ученици или посетители/клиенти.

6. Учениците кои не се чувствуваат добро или кај кои се појавуваат симптоми што одговараат на КОВИД-19, треба да останат дома, да се самоизолираат и да контактираат со медицинско лице или со локалната линија за информации за КОВИД-19 за совети.

7. Мерење на температура на учениците пред влезот на работната просторија (салонот, студиото, работилницата, лабораторијата и сл.) и отсранување од работното место доколку има покачена температура на 37 степени.

8. Почитување на стандардните оперативни процедури за управување со лице кое ќе се разболи додека е на пракса, а постојат сомневања дека има КОВИД-19, вклучително и сместување на лицето во просторија за изолација, ограничување на бројот на лица кои имаат контакт со него, употреба на лична заштитна опрема и последователно чистење и дезинфекција.

Задолжително е да се контактира со регионалниот епидемиолог за да се олесни следењето на контактите. Учениците кои биле во близок контакт на работното место со лице со лабораториски потврден КОВИД-19 по направената проценка од страна на локалниот епидемиолог треба да бидат ставени во домашна изолација, во период од 14 дена од последниот контакт со тоа лице.

А) Начин на постапување доколку ученикот е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби

Секој ученик кој ќе почувствува појава на знаци и симптоми на КОВИД-19, како болки, покачена телесна температура, кашлање или тешко дишење, додека е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во салонот/студиото/работилницата треба веднаш да се тргне настрана од останатите лица во неговата работна средина, да го извести својот ментор/одговорното лице од салонот/студиото/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/работодавачот и да замине директно дома да се самоизолира и веднаш да го извести својот матичен лекар. Додека не замине дома, лицето треба да стои настрана, најмалку 2 (два) метри од останатите лица и носот и устата да ги покрие со маска или со марамче за еднократна употреба. По употребата марамчето треба да го чува во џебот. На рацете, лицето треба да носи заштитни ракавици.

Доколку има потреба и доколку е можно, ученикот треба да се изолира во посебна просторија, при што вратата треба да се затвори. Доколку е можно треба да се отвори прозорец за да се обезбеди вентилација. Ученикот до дома треба да се превезе со сопствен превоз од член од семејството. Доколку ученикот не се чувствува добро, до таа мера што треба да се повика итна медицинска помош, тогаш веднаш се повикува итната медицинска помош на тел. број 194.

Менторот/одговорното лице од салонот/студиото/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/работодавачот треба веднаш да го пополни образецот со Податоци за лицето сомнително на КОВИД-19, како и за лицата биле во неговата непосредна околина (колегите и лицата кои имале директен контакт и сл.) и да ги информира: училиштето, односно наставникот надлежен за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична настава и вежби за состојбата на ученикот, и службата за епидемиологија при подрачниот центар за јавно здравје. Наставникот ќе ги информира родителите да го земат ученикот од местото каде реализира учење преку работа, феријална практика, практична настава и вежби.

Службата за епидемиологија ќе изврши епидемиолошки/теренски увид/анкети и проценка на ризик, по што ќе ги утврди лицата кои со решение од државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе бидат ставени по здравствен надзор за домашна изолација.

Лицата кои работаат во непосредна околина исто така треба веднаш да заминат дома, да се самоизолираат и веднаш да го известат својот матичен лекар.

Процесот на работа ќе продолжи после темелно механичко чистење на работната просторија и извршената дезинфекција од страна на овластена установа за вршење на дезинфекција, дезинсекција и дератизација заради спречување и сузбивање на заразните болести. Дезинфекцијата ќе ја организира стручното лице за безбедност при работа.

Б) Начин на постапување доколку ученикот не е на местото каде се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична настава и вежби (односно се наоѓа дома или на друго место)

Кога ученикот не е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби, тогаш ќе го информира својот ментор/одговорното лице од салонот/студиот/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична настава и вежби/работодавачот дека било во контакт со потврден или можен случај на КОВИД-19, со лице во изолација или дека кај него се појавиле симптоми на КОВИД-19. Неговиот ментор/одговорното лице за учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби треба да ги побара следниве информации од него:

- дали лицето било во контакт со потврден или можен случај на КОВИД-19 или со лице во изолација;

- доколку не, да објасни зошто лицето е загрижено;

- дали кај лицето се појавиле симптоми на КОВИД-19;

- доколку да, дали лицето се јавило кај својот матичен лекар и што лекарот му препорачал и

- да остави податоци за контакт.

Потоа менторот/одговорното лице од салонот/студиото/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/работодавачот ќе го извести ученикот да остане дома до следното известување од страна на училиштето и ќе го информира училиштето за состојбата на ученикот.

9. Право и обврска на секој ученик е да се грижи за сопствената безбедност и здравје и за безбедноста и здравјето на другите лица кои работат со него и лицата кои се засегнати од неговите активности, во согласност со обуките и инструкциите кои му се дадени од страна на менторот/одговорното лице од салонот/студиото/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби и работодавачот.

10. За учениците, кои за време на реализација на учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите имаат обезбеден оброк или носат оброк од дома, носењето на личната заштита на лицето е задолжително и во местото каде се конзумира оброкот, со исклучок во периодот додека се конзумира оброкот. По завршување со оброкот, маската и визирот треба веднаш да се стави на лицето.

11. Распоредот на ученици за секоја работна недела го прави менторот/одговорното лице надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во соработка со наставникот по учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби, а бројот на ученици се ограничува на оптималниот број кој овозможува почитување на обврските за физичка дистанца, зависно од условите за работа кај работодавачот, расположливите капацитети за пракса и моменталните состојби и проценки.

12. Се забранува групирање на учениците за време на реализацијата на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби. Задачите кои се задаваат на учениците при што тие треба да извршуваат одредени активности, да бидат осмислувани така да можат да се извршуваат индивидуално.

13. На секој час при реализација на учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите, како и по влегување на нов клиент и по излегување на клиент, работната просторија (салонот, студиото, работилницата) треба да се проветрува, согласно општите протоколи и протоколите за постапување во дејноста и да дезинфицира со средство кое делува на вируси според упатството од производителиот и општите препораки за дезинфекција на работни површини и простории заради заштита од Коронавирусот КОВИД-19.

14. Работодавачот треба да обезбеди вклучување на учениците со посебни образовни потреби во изведување на учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите, со обезбедување на поддршка од страна на работодавачот, наставникот и менторот/одговорното лице надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби. За учениците со посебни образовни потреби, важат истите препораки за физичка дистанца и одржување на личната хигиена, како и останатите универзални мерки за спречување на пренесувањето на КОВИД-19.

 


Контакт лице: Љупка Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје