Декларација за одбележување на четврата годишнина од членството на Република Северна Македонија во НАТО и седумдесет и петтата годишнина од формирањето на Алијансата



Врз основа на членот 68 став 2 од Уставот на Република Северна Македонија, Собранието на Република Северна Македонија на седницата одржана на 28 март 2024 година, донесе

ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЧЕТВРТАТА ГОДИШНИНА ОД

ЧЛЕНСТВОТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО И

СЕДУМДЕСЕТ И ПЕТТАТА ГОДИШНИНА ОД ФОРМИРАЊЕТО НА

АЛИЈАНСАТА

Поаѓајќи од остварената стратешка определба на Република Северна Македонија за членство во НАТО и напорите за остварување на стратешката цел за европска интеграција.

Нагласувајќи го значењето на демократските процеси, индивидуалните слободи и права, како и на колективните одговорности кои имаат витална улога во остварувањето на заедничките цели и интереси и промовирајќи ги заедничките споделени вредности со останатите членки на Алијансата.

Повикувајќи се и на Одлуката за стапување на Република Македонија во членство во НАТО од 1993 година, Декларацијата за подигнување на нивото на односите и соработката меѓу Република Македонија и НАТО од 2004 година, Декларацијата за барање поддршка за прием на Република Македонија во НАТО од 2007 година, Декларацијата за реафирмирање на определбата за реализација на стратешката цел за членство на Република Македонија во НАТО од 2012 година, Декларацијата за забрзување на реформските и интегративни процеси за зачленување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО од 2017 година и Декларацијата за поддршка на пристапниот процес за членство на Република Македонија во НАТО од 2018 година, донесени од Собранието.

Потпирајќи се на континуираната и непроменетата, безрезервна и широка консензуална општествена поддршка за обезбедување на попросперитетна, побезбедна и посигурна иднина на граѓаните како основа за повеќедеценсикиот активен придонес и делувањето на извршната и законодавната власт за стапување во членство во НАТО и извршување на договорните обврски кои произлегуваат од членството.

Поздравувајќи го 75 годинишниот јубилеј на Алијансата создадена по Втората светска војна како инструмент во поддршка на мирот и стабилноста на евроатланската област. Јакнејќи ги и унапредувајќи ги механизмите за соработка со соседите, членките и партнерите и притоа интегрирајќи ја националната, регионалната и пошироката општествена стабилност и безбедност.

Работејќи во правец на исполнување на преземените мерки во насока на исполнување на обврските, политиките и заложбите на НАТО содржани во Декларациjата од претходните Самити на Алијансата, потврдени на Самитите во Мадрид и во Вилнус.

Имајќи предвид дека членството во НАТО е континуиран процес кој побарува посветеност, работа и резултати на Сојузот во остварувањето на мирот, безбедноста и политиките на одвраќање и одбрана.

Свесни за одговорноста за исполнување на обврските кои произлегуваат од членството во НАТО и придонесот во остварувањето на колективната одбрана, управувањето со кризи и придонесот во кооперативната безбедност на Алијансата.

 

Декларација за одбележување на четвртата годишнина од членството на РСМ во НАТО.pdf

Контакт лице: Ана Стерјовска
Телефон: ++ 389 2 3244037
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ana@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Северна Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје