Закон за изменување и дополнување на законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад



Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат

У К А З

ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА

ЗАКОНОТ ЗА ПРОШИРЕНА ОДГОВОРНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ ЗА

УПРАВУВАЊЕ СО ПОСЕБНИТЕ ТЕКОВИ НА ОТПАД

 

Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 28 март 2024 година.

Бр. 08-2171/1

28 март2024 година

Скопје

 

Претседател на Република

 Северна Македонија,

 Стево Пендаровски, с.р.

 

Претседател

на Собранието на Република

Северна Македонија,

Јован Митрески, с.р.

 

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПРОШИРЕНА

ОДГОВОРНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПОСЕБНИТЕ

ТЕКОВИ НА ОТПАД

 

Член 1

Во Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад(*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 215/21), во член 22 во ставот (4) зборовите: „минимум 10%“ се заменува со зборовите: „најмалку 5%“.

 

 

Член 2

Во член 39 во ставот (4) зборовите: „договорни производители кои имаат удел поголем од 20% во количината на тек на отпад со која постапува колективниот постапувач, како и на“ се бришат.

Во ставот (9) по зборот „собирање” се додаваат зборовите: „транспорт, преработка, рециклирање и отстранување“.

 

Член 3

Во член 40 во насловот зборовите: „Максимален удел“ се заменуваат со зборот „Удел“.

Ставoт (1) се брише.

Во ставот (2) кој станува став (1) зборовите: „од ставот (1) на овој член“ се бришат.

Ставовите (3), (4) и (5) стануваат ставови (2), (3) и (4).

Член 4

Во член 41 во ставот (1) зборовите: „најмногу 10%” се заменуваат со зборовите: „најмалку 5%, но не повеќе од 15%“.

Во ставот (2) зборовите: „ најмногу 10%” се заменуваат со зборовите: „најмалку 5%, но не повеќе од 15%“.

Член 5

Во член 60 став (1) точката 10) се менува и гласи:

„колективниот постапувач овозможил плаќање надоместок кој не е еднаков за секој договорен производител или попустот е даден на договорен производител кој не е основач или на основачите на колективниот постапувач е даден попуст поголем од 30% од висината на надоместокот (член 39 ставови (3) и (4) од овој закон);“.

Член 6

Во член 61 став (1) во точката 12) зборовите: „помалку од 10% односно повеќе од 10%“ се заменуваат со зборовите: „помалку од 5%, односно повеќе од 15%“.

Член 7

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.


Контакт лице: Ана Стерјовска
Телефон: ++ 389 2 3244037
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ana@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Северна Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје