Одлука за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2024 година



АГЕНЦИЈА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА КАПИТАЛНО ФИНАНСИРАНО ПЕНЗИСКО ОСИГУРУВАЊЕ

 

Врз основа на член 56 став (3) точка а) и став (4) од Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување („Службен весник на Република Македонија“ број 29/2002, 85/2003, 40/2004, 113/2005, 29/2007, 88/2008, 48/2009, 50/2010, 171/2010, 36/2011, 98/2012, 13/2013, 164/2013, 44/2014, 192/2015, 30/2016, 21/2018, 245/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ 180/2019 и 103/2021) Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување на седницата на 28.9.2023 година, донесе

 

ОДЛУКА ЗА ВИСИНАТА НА МЕСЕЧНИОТ НАДОМЕСТ ШТО ГО НАПЛАТУВА

АГЕНЦИЈАТА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА КАПИТАЛНО ФИНАНСИРАНО ПЕНЗИСКО ОСИГУРУВАЊЕ ОД ПЕНЗИСКИТЕ ДРУШТВА ЗА 2024 ГОДИНА

 

Член 1

Висината на месечниот надомест, што го наплатува Агенцијата за супервизија на

капитално финансирано пензиско осигурување од секое пензиско друштво, за 2024 година, изнесува 0,7% од вкупните придонеси уплатени во претходниот месец во секој пензиски фонд со кој управува пензиското друштво.

 

Член 2

Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на нејзиното објавување во

„Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе се објави по добивањето согласност од Собранието на Република Северна Македонија.

Оваа Одлука ќе биде во сила до 31.12.2024 година и до добивањето согласност од Собранието на Република Северна Македонија на Одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2025 година и нејзино објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

 

Бр. 02-1391/3                        

5 октомври 2023 година         

Скопје

Совет на експерти

   Претседател,

Максуд Али, с.р.


Контакт лице: Ана Стерјовска
Телефон: ++ 389 2 3244037
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ana@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Северна Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје