Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, по скратена постапка



Цели на законот:

Предложените законски решенија се во насока рокот за поднесување на барањата за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост да биде неограничен и воедно се предлага да се избришат законските одредби кои се однесуваат на воспоставување на закуп по службена должност, или по барање на сопственикот на објектот кој нема стекнато право на сопственост на градежното земјиште во државна сопственост на кое е изграден објектот. Предлог на законот се засновува врз истите начела врз кои се заснова Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост.

 

Целосен текст на материјалот - Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, скратена постапка (1).pdf

Контакт лице: Ана Стерјовска
Телефон: ++ 389 2 3244037
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ana@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Северна Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје