
Стопанската комора на Северна Македонија во рамките на проектот за Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција/ Private Sector Regional Integration Support Activity поддржан од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) објавува повици за:
- Поддршка на извозните компании
Целта на повикот е поддршка на компаниите за добивање грантови кои ќе им овозможат унапредување на работните процеси, остварување економски раст, дигитализација, проширување на производни асортимани, воспоставување на организациони облици за технолошки развој и истражување и слично, а согласно отворени повици од домашни и странски донатори.
Крајниот рок за поднесување на апликациите е 31.12.2023 година (зависност од периодот на објавување на повици за кои компаниите сакаат да аплицираат).
Заинтересираните компании треба да аплицираат со пополнување на формуларот прикачен во соодветниот повик.
- Повици наменети за консултантски куќи и консултанти.
Целта на повиците е обезбедување на консултантска услуга за техничка поддршка на селектирани компании во насока на зголемување на конкурентноста на македонските компании поддршка во процесот на развивање на нивните извозни капацитети.
Крајниот рок за поднесување на апликациите е 23.11.2023 година.
Заинтересираните компании треба да аплицираат со пополнување на формуларот прикачен во соодветниот повик.
Повеќе информации за Проектот можете да прочитате тука
Контакт лице:
Билјана Пеева-Ѓуриќ
Оперативен директор за претставување на членките и вмрежување
Телефон:
++ 389 2 3244034, M. 072 236 710
Факс:
++ 389 2 3244088
Е-адреса:
biljana@mchamber.mk
Контакт центар:
(02) 15015
|