Политика за безбедност на веб страната на Стопанската комора на Македонија 07.01.2021
👁 Прочитано: 27


I.
Користење на „колачиња”

Заради подобро корисничко искуство на нашата апликација, https://mchamber.mk/ користи „колачиња” (eng.„cookies”). Со понатамошно користење на веб-страницата, се сложувате со користење на колачињата. Детални информации за веб колачињата „cookies” може да најдете во нашиот документ Политика за Web колачиња.

II.
Со притискање на Web колачиња, на страната се појавува следната содржина:

Политика за колачиња „Cookies”

III.
Прибирање и обработка на лични податоци
Личните податоци прибираме кога вие ќе ни ги доставите преку контакт формата единствено со цел да го обработиме Вашето барање, како дел од користењето на нашите услуги, прашања или барања за материјали што се нарачани и други слични ситуации во кои сте избрале да ни доставите информации. Базата на податоци и нејзината содржина остануваат во Стопанска комора на Македонија, во процесорите за податоци или сервери што се под наша контрола или под контрола на нашите партнери односно фирмата што ја обработува оваа веб страна а која со договор е обврзана на заштита на личните податоци до кои ќе има пристап (во понатамошниот текст “партнер”). Ниту Стопанската комора на Македонија, ниту партнерот нема да ги отстапат вашите лични податоци на трети страни во било каква форма, освен ако не добиеме ваша согласност или пак сме законски обврзани да го сториме тоа. Ние ќе ја преземеме контролата и одговорноста за користењето на личните податоци кои нам ни ги откривате.
Стопанската комора на Македонија нема да се смета за одговорна за било каков обид за хакирање со кој податоците би можеле да бидат компромитирани.

IV.
Цели на контрола

Податоците кои ги прибираме ќе се користат само за да овозможат да ја користите веб страната и да ви се достават производите и услугите што ги барате или за други цели за кои ја имаме вашата согласност, освен во случаи предвидени со закон.

V.
Право на пристап и корекции

Вие имате право да ги ревидирате и дополните личните податоци кои се складирани во нашиот систем доколку сметате дека се застарени или неточни. Само испратете е-пошта на адресата дадена во импринтот.

VI.
Право на откажување

Вие имате право во секое време да ја повлечете вашата согласност за користење на вашите лични податоци во иднина. Исто како и за претходното, само испратете е-пошта на адресата дадена во импринтот.

VII.
Задржување на податоци

Личните податоци ги задржуваме само онолку што е потребно за да ви испорачаме одговор на прашањата што сте ги побарале или за кои сме ја добиле вашата согласност, освен во случаи предвидени со закон (на пр. во врска со тековен судски процес).

VIII.
Колку често ќе ја ажурирате оваа изјава за користење на колачиња?

Изјавата за користење на колачиња Стопанската комора на Македонија ќе ја ажурира повремено со цел истата да ги одразува промените при користење на колачиња кои се користат од оперативни, законски или регулаторни причини. Затоа ве молиме редовно да се навраќате на изјавата за користење на колачиња за да бидете информирани во врска со н користењето на колачињата и поврзаните технологии.
Датумот на крајот од изјавата  за користење на колачиња ја означува последната верзија.

IX.
Контакти

Сите прашања и рекламации во врска со вашите лични податоци треба да се достават во писмена форма до:
Стопанска комора на Македонија
Ул.„ Димитрие Чуповски” бр.13, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
Или на е-пошта: Stevo@mchamber.mk


Контакт лице: Стево Серафимов
виш советник во Стопанска комора на Македонија
Телефон: ++ 389 2 3244032, M. 072 236 484
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: stevo@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015