Групација за водовод

Функционирањето на Групацијата на водовод во рамки на Здружението на комунални дејности  при Стопанската комора на Македонија е обновено на 18.07.2014 година на иницијатива на водоводните комунални претпријатија членки на Здружението при Комората.

Идејата за реобновување на групацијата е резултата на потребата од следење на законските прописи од дејноста, интересот за развој на дејноста преку учество на саеми, аплицирање за средства од меѓународните фондови за инвестиции во водоводната мрежа, остварување Б2Б средби итн.

Основна дејност на водоводните претпријатија е производство и дистрибуција на чиста вода за пиење на општината за која е надлежно комуналнотот претпријатие.  Тоа подразбира зафаќање на сирова вода од извориштата, нејзина преработка, филтрација , дезинфекција и дистрибуција до крајните потрошувачи. Дејностите при дистрибуција на вода се:

- контрола на функционирањето на водоводната дистрибутивна мрежа
- планско превентивно одржување
- интервентно одржување на мрежата и приклучоците
- одржување на квалитетот на водата во мрежата
- изработка на нови приклучоци на водоводната мрежа
- изработка на нови делници во водоводната мрежа како и реконструкција на постојните
- контрола на исправноста на мерните инструменти на потрошувачката на вода - водомери

Околу 2% од територијата на Република Македонија се под водена површина. Има околу 35 реки и 53 природни и вештачки езера. Според количините на водени ресурси Р.Македонија спаѓа во подрачје со задоволителни водни ресурси, но со доста голема нивна нерамномерна рапределба. Според хидрографската поделба, на територијата на Република Македонија постојат четири слива и тоа: вардарски, Црнодримски, Струмички и сливот на Јужна Морава.

Основен законски пропис со кој е уредена оваа областа води е Законот за водите (“Службен весник на Република Македонија” бр. 87/08, 6/09, 161/09, 83/10, 51/11, 44/12, 23/13 и 163/13) и подзаконските акти донесени врз основа на Законот за води. Законот за водите е рамковен закон кој ги регулира основните принципи и начела за управување со водните ресурси.


 

 

 


ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЈНОСТА

 
Во Групацијата на водовод во рамки на Здружението на комунални дејности  при Стопанската комора на Македонија, членуваат комуналните водоводни претпријатија, кои на локално ниво делуваат како самостојни претпријатија или се дел од комуналните претпријатија кои обединуваат повеќе дејности.

Според податоците на Државниот завод за статистика, објавени на 08 јануари 2016 година, вредноста на трошоците за заштита на животната средина во 2014 година изнесува 6 622 042 илјади денари. Учеството на трошоците за заштита на животната средина во БДП во 2014 изнесува 1.3%.

Вкупните трошоци за заштита на животната средина, според еколошката намена, се распределени како што следува: најголемо е учеството на трошоците за циркулациски систем за снабдување со вода (25.2%), потоа учеството на трошоците за постапување со отпад (17.7%) и трошоците за управување со отпадни води (16.0%). Учеството на трошоците за заштита на воздухот изнесува 12.8%. Трошоците за заштита на животната средина се состојат од две компоненти: инвестиции во средства за заштита на животната средина и трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина.

Учеството на инвестициите во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 44.5 %, а учеството на трошоците за одржување во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 55.5%. Учеството на инвестициите во средства за заштита на животната средина во вкупните инвестиции во основни средства изнесува 2.4%. Од вкупните трошоци за заштита на животната средина, најмногу трошоци се направени во индустријата и специјализираните производители, 4 895 501 илијади денари, односно 73.9%. Од направените трошоци за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните производители, 31.5% се наменети за инвестиции, а 68.5% се за одржување на средствата.

Трошоци за заштита на животната средина, 08 јануари 2016 година

Национална стратегија за животна средина 2009 - 2013

Контакт лице: Даниела Михајловска Василевска
Телефон: ++ 389 2 3244021, М. 072 220 037
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: daniela@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Северна Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје