Групација за безбедност и здравје при работа

Групацијата за безбедност и здравје при рбота е стручен облик на организирање и работење во рамките на Здружението на металната и електроиндустријата, преку кои членките самостојно одлучуваат и вршат работа од областа на заштита и спасување, лична заштитна опрема и услуги во делот на безбедност и здравје при работа заради ефикасно остварување на специфичните интереси во дејноста.

Во Групацијата членуваат околу 20 правни лица репрезенти од овие дејности, како и други заинтересирани правни лица чија дејност е поврзана сооваа област.

Основни цели и задачи во работењето на Групацијата се разгледување прашања во врска со унапредување на работењето и решавање на тековните проблеми во дејноста, промоција на економските интереси, усогласување на пројавените спротивности и различни интереси, усвојување заклучоци и предлагање мерки, покренување иницијативи за измени и дополнувања на законски и подзаконски акти, иницирање и остварување соработка со други здруженија и стручни асоцијации, како и меѓународна соработка и поттикнување на европските правила и стандарди и др.

На конститутивната седница одржана на 07.02.2014 година за претседател на Групацијата е избран Сашо Стојмановски од Техноинпекс од Скопје, а за негов заменик Борче Стојчевски од Прориск од Скопје.

ПРАВИЛА за организацијата и начинот на работа на Групација за безбедност и здравје при работа

 


ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЈНОСТА

Групацијата за безбедност и здравје при рбота е стручен облик на организирање и работење во рамките на Здружението на металната и електроиндустријата, преку кој членките самостојно одлучуваат во областа на заштита и спасување, лична заштитна опрема и услуги во делот на безбедност и здравје при работа заради ефикасно остварување на специфичните интереси во дејноста.

Во Групацијата членуваат околу 20 акредитирани правни лица репрезенти од овие дејности, како и други заинтересирани правни лица чија дејност е поврзана сооваа област.

 

 

 

Контакт лице: М-р Нена Николовска
Телефон: ++ 389 2 3244054
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: nena@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Северна Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје