Групација за домување и управување со станбен и деловен простор

   


На состанокот на Групацијата за домување и управување со станбен и деловен простор одржан на 29.1.2019 година во Стопанската комора на Македонија
беше направен избор на претседател и заменик-претседатели на Групацијата за домување и управување со станбен и деловен простор;

По точката за избор на претседател и заменик-претседатели на Групацијата за домување и управување со станбен и деловен простор, беше дискутирано за активностите на групација за домување и управување со станбен и деловен простор, при Стопанската комора на Македонија реализирани во периодот 5.12.2013 – 29.1.2019 година, во кој и траеше пет годишниот мандат на раководството на Групацијата.
Заеднички беше констатирано дека правните субјекти кои се занимаваат со дејноста Домување се соочуваат со голем број проблеми и недоречености и неусогласеност со закони во други области за што беа потребни иницирање разни форми на состаноци измени на законски прописи, регулативи и слично.
За таа цел беше посочено дека од вкупно лиценцираните правни субјекти, еден дел од фирмите кои сериозно се зафаќаат со решавање на проблемите со кои се соочува дејноста работат континуирано во рамки на Групацијата меѓу себе но и со надлежните државни институции одговорни за имплементирање на законските прописи во дејноста.
Истовремено беше изразено задоволство од досегашниот начин на работа на саматата групација но и на одредени членки кои иако не беа дел од раководството на Групацијата дадода свој придонес во иницирање на решавањето на одредени спорни прашања.
Членките присутни на состанокот констатираа дека во следниот период Групацијата треба да работи на креирање амбиент на позитивен однос од функционирањето на законската регулатива која го уредува домувањето во насока на постигнување долгорочен, стандардизиран и хармоничен развој, согласно со современите стандарди за квалитетен живот, што е основната цел на Стратегијата за домување од која произлегуваат сите други општи и посебни цели.
Оттука на состанокот пред да се избира новото раководство, беше констатирано дека е потребно да се формира Управен одбор на Групацијата за домување и управување со станбен и деловен простор и наместо двајца да има тројца заменик претседатели поради фактот што Управителите функционираат на локално ниво и во таа насока на различни територии на државата во различни општини, проблемите се различни, за што е потребно да се иницираат и конретни активности на локално ниво.
За членови на Управниот одбр беа избрани Васе Самараков, генерален менаџер на фирмата Хауз мајстор плус, Емилија  Лазаревски од Станбен Управител дооел Скопје, Климент Симоноски од Урбан солитер дооел Охрид, Славчо Ристески од РС Боби 99 ДООЕЛ од Прилеп, како и преставници од правните субјекти Идеал Логистик, ДУТУ Проект 42 ДОО Куманово, Тау Цети ДООЕЛ Скопје, Хабидом Скопје, Дарбо Груп Тетово.

За претседател на групацијата е избран Васе Самараков, генерален менаџер на фирмата Хауз мајстор плус, а за потпретседатели Емилија  Лазаревски од Станбен Управител дооел Скопје, Климент Симоноски од Урбан солитер дооел Охрид и Славчо Ристески од РС Боби 99 дооел од Прилеп.



Податоци за дејноста

undefined

Контакт лице: Даниела Михајловска Василевска
Телефон: ++ 389 2 3244021
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: daniela@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје