Во рамките на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметали, на 8.02.2012 година, формирана е Групација за агрегати, бетони и асфалти.
Групацијата е формирана како резултат на потребата за организирано делување и едуцирање на учесниците во производството на конечниот производ односно бетонот или асфалтот, притоа почитувајќи ги одредбите на законските прописи за градежните производи и имплементирајќи ги усвоените европски стандарди во градежништвото и производството на градежни материјали во Република Македонија.
Заради поголема координираност и организираност на Групацијата, формирани се експертски тимови и тоа за агрегати од фирмите Макалб и Рудници Бањани, за бетони од Цементарница Усје и Гоива, за асфалти од Гранит и Илинден - Струга и претставници од лабораториите: Градежен институт „Македонија“ АД Скопје, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје, Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии „Скопје“ АД Скопје, ДГПУ „ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др.“ДОО, Лабораторија за испитување на градежните производи и Евро консалтинг ДОО Скопје – Лабораторија за испитување на градежните материјали.
За претседател на Групацијата за агрегати, бетони и асфалти, на 5.4.2017 година, е избран г-дин Никола Крајчевски од ГД „Гранит“ АД – Скопје.