01.02.2017 година
Групацијата на бањи во рамки на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, одржа седница на која се разговараше за тековните активности на бањите, како од аспект на здравствената дејност која ја вршат така и од аспект на позицијата дека стануваат се по препознатлива дестинација и за туристите. Во таа насока членките на групацијата констатираа дека во следниот период ќе работат многу повеќе на афирмација на бањите и како место за одмор и рекреација, нудејќи спа и велнес содржини, за рекреација, а не само како дел од болничко лекување. Во Македонија во моментов во функција се 4 бањи Негорски во Гевгелија, Цар Самуил во Струмица, Катлановска бања во Скопје и во Дебар, Бања Баниште и Косоврасти.
На седницата на групацијата беше избрано и ново раководство, бидејќи на старото, согласно Правилата за организација и начинот на работа на Групацијата на бањи му истече мандатот од 2 години. За таа цел за нов претседател на Групацијата на бањи беше избран Трим Кемаљи од Дебарски Бањи, а за заменик досегашниот претседател на групацијата д-р Мишо Михајловски.
Бањите во Македонија со потенција за развој на туризмот

Во рамките на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, се формира Групација на бањи со цел: разгледување прашања во врска со решавањето на тековните проблеми во дејноста на бањите; разгледување предлози на закони и други прописи, давање мислења и предлози по прашања од заеднички интерес на членовите и покренување иницијативи за донесување и за измени и дополнувања на истите; соработка со надлежните органи и институции во земјата согласно Законот и со општите акти на Комората и застапување интересите на членовите на Групацијата; координација на активностите за организиран настап на членовите на семинари, конгреси и други манифестации во земјата и во странство; поттикнување на имплементацијата на европските правила и стандарди и перманентното функционално образование и иновација на знаењата на стручните кадри од дејноста и други активности што заеднички ќе ги договорат членките на Групацијата.
http://www.mchamber.mk/(S(w2y0m255g5vxqs45okpg2gj2))/default.aspx?lId=1&mId=55&evId=10910
На конститутивна седница на 23.4.2017 година се донесоа Правилата за работа на Групацијата на бањи и Програмата за работа за 2012 година, а за претседател е избран Др. Мишо Михајловски од Катлановска бања.
| - Катлановска бања, Катланово,Скопје, Др. Мишо Михајловски, претседател
- Негорска бања, Негорци, Гевгелија, Лазар Самарџиев, потпретседател
- Дебарски бањи - Цапа, Дебар, Меџит Цапа, потпретседател
- Цар Самуил, Банско, Струмица, Добрин Андонов, потпретседател
|