Групација на производители на заштитни врати при Стопанската комора на Северна Македонијаги претставува и застапува интересите на производителите на заштитни врати и во неа членуваат околу 20 фирми - мали и средни производители на заштитни врати како што се ПП врати, врати за склоништа, врати за заштита од бучава, противчадни, ренгенски врати и други типови на врати, каси и сефови.
Формирањето на Групацијата произлезе од потребата за заедничко разрешување на тековните проблеми, предлагање на мерки од заеднички интерес, давање на мислења и предлози по законски регулативи, соработка со надлежни органи, институции и организации, како и постапување по други прашања од заднички интерес.
Производството на сите видови на заштитни врати на годишно ниво изнесува околку 120 тона, односно 500 заштитни врати од кои најголемиот дел се пласираат на домашен пазар и околу 500 армирани каси и сефови.
Основен проблем со кои се соочуваат производителите на безбедносни врати во државата е нелојалната конкуренција од увоз на вакви производи, за кои не постои сигурност за нивниот квалитет и безбедност. Имено, во земјата не постои овластена и акредитирана лабораторија и тела за оценка на сообразноста (за означување на ЦЕ ознаки согласно Законот за безбедност на производите) во која би се проверил квалитетот на увезените производи.
Сознанијата во Групацијата се дека ваквата состојба доведува до увоз на заштитни врати со низок квалитет.
За да се надмине ваквата состојба, а имајќи ги предвид несаканите последици кои можат да ги предизвикаат заштитните врати со неадекватен или низок квалитет, Групацијата ја истакнува потребата од донесување на правна регулатива со која ќе се обезбеди зајакната контролира на квалитетот во нивното производство и увоз.
Донесувањето и подобрувањето на правната регулатива е од интерес и на производителите на опремата, а и на самата држава: производителите ќе се заштитат од нелојалната конкуренција, додека интересот на државата е намалување на последиците од пожари и други несакани последици.
Во реализација на овие инцијативи, една од позначајните активности на Групацијата ќе биде соработката со организацијата на потрошувачи преку којаќе се информираат потрошувачите за значењето за квалитетот на заштитните врати.