Групацијата за протипожарназ аштита е стручен облик на организирање и работење во рамките на Здружението на металната и електроиндустријата, преку кои членките самостојно одлучуваат и вршат работа од областа на производството и промет на противпожарна опрема, опрема за заштита и спасување, лична и заштитна опрема и услуги во делот на против пожарна заштита, како и други заинтересирани правни лица чија дејност е поврзана со оваа област, заради ефикасно остварување на специфичните интереси во дејноста.
Во групацијата членуваат околу 15 правни лица репрезенти од овие дејности , како и други заинтересирани правни лица чија дејност е поврзана со оваа област.
Основни цели и задачи во работењето на Групацијата е разгледува прашања во врска со унапредувањето на работењето и решавањето на тековните проблеми во дејноста, врши економска пропаганда, ги усогласува пројавените спротивности и различни интереси во рамките на својата дејност, усвојува заклучоци и предлага мерки, покренува иницијативи за измени и дополнувања на законски и подзаконски акти, иницира и остварува соработка од заеднички интерес на членовите од други здруженија и меѓународна соработка, ја поттикнува имплементацијата на европските правила и стандарди и др.
Групацијата има Управен одбор од 5 членови.
На пленарната седница одржана на 28.09.2015 година за нов претседател на Групацијата е избран г-дин Милан Клопчевски од Огнопревент инжињеринг од Скопје, а за потпретседател Часлав Јовановиќ одфирмата Превентива од Куманово
ПРАВИЛА за организацијата и начинот на работа на Групација за против пожарна заштита