Групација на менаџмент консултанти и тренинг организации

 

Стопанската комора на Македонија, поаѓајќи од законската обврска за унапредување на пазарното стопанство и претприемништвото, како и поттикнување на конкуренцијата, настојува да го даде својот максимален придонес во застапувањето и во претставувањето на интересите на своите членови пред надлежните државни органи и институции.

Во рамки на Здружението формирани се две ГРУПАЦИИ

1. Формирана ГРУПАЦИЈА ЗА МЕНАЏМЕТ КОНСУЛТАНТСКИ И ТРЕНИНГ ОРГАНИЗАЦИИ -МКТО

Претседател на МКТО е Ристо Иванов менаџер на  компанијата  Неол консалтинг

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ГРУПАЦИЈАТА НА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТСКИ И ТРЕНЕРСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Етички Кодекс

Етичкиот Кодекс е прилагоден на постојните правни регулативи и им обезбедува на корисниците на консултантски услуги јавно изразено ветување на членовите на групацијата на МКТО за испорака на највисок квалитет на консултантска и тренерска работа. Фирмите членки и нивните вработени се потписници на овој Етички кодекс.

......Клиенти

1)

Ние им служиме на нашите клиенти со интегритет, компетентност и објективност.

2)

Информациите и извештаите за клиентите ќе ги чуваме доверливо и ќе ги користиме  само со согласност на клинетите.

3)

Доверливите информации на клиентите нема да ги искористиме за наша или корист на фирмите.

4)

Нема да дозволиме конфликт на интереси кои обезбедуваат конкурентска предност на еден клиент преку користење на доверливи информации за друг клиент кој е директен конкурент, без да имаме негова претходна дозвола.


......
Ангажмани

5)

Ние ќе ги прифаќаме само ангажманите за кои сме квалификувани со нашето искуство и компетентност.

6)

Ќе назначуваме кадар за ангажманите на клиентите во согласност со нивното искуство, знаење и екпертиза.

7)

Веднаш ќе признаеме и ќе им потврдиме на нашите клиенти какво и да е влијание на нашата објективност и ќе понудиме да не изземе од консултантскиот ангажман кога нашата објективност или интегритет може да биде загрозена.


......Хонорари

8)

Ние ќе се согласиме независно и однапред за основата на нашите хонорари и трошоци и ќе ги наплатуваме согласно и сразмерно на услугите што ги испорачуваме и одговорноста што ја превземаме со нивната испорака.

9)

Ќе им откриеме однапред на нашите клиенти доколку примаме било каква надокнада или провизија за опремата, набавките или услугите што им ги препорачуваме да ги користат.


..... Професија

10)

Ние ги почитуваме интелектуалните права на нашите клиенти и другите консултантски фирми и нема да ги користиме нивните информации и методологии без согласнст и дозвола.

11)

Ние нема да ги рекламираме нашите услуги на измамнички начин и нема неправилно да ја претставуваме консултатската професија, консултатските и тренерските фирми или поединечните консултанти и тренери.

12)

Ќе информираме за прекршувањето и повредата на овој Етички кодекс.  

 

 

 

 

С П И С О К

Менаџмент консултански и тренинг организации при

Стопанската комора на Макеоднија

- MKTO-

 

 

 

Функција

Име и презиме

Фирма/град

Телефон

Факс

E-mail

Координатор

Јадранка Аризанковска

Стопанска комора на Македонија

023244038

072 216711

023244088

Jadranka.a@mchamber.mk

 

Претседател

 

Ристо Иванов

 

НЕОЛ - Скопје

023216903

075226558

023216903

risto@t-home.mk

 

Член на Управен одбор

 

Биљана Велсвска

Самеримпекс Скопје

023085005

070252812

023083928

Biljana@impulsi.com.mk

 

Член на Управен одбор

Живко Димов

ТЕД консалтинг- Скопје

023076266

070268832

 

Zivko_d@yahoo.com

 

Член на Управен одбор

Антоанета Иванова

 

Инфо групација ДОО Скопје

 

 

 

 

075679175

 

 

 

 

 

antivan@yahoo.com

 

Член на Управен одбор

Латина Стаменкова

 

Лотос консалтинг

023067639

023068775

070539328

 

latina@t-home.mk

 

Член на Управен одбор

 

Ирена Бојаџиева

Семос ДОО Скопје

022465900

070250839

 

irenab@semos.com.mk

 

член

 

Светлана Киревска

Фондација за развој на МСП Скопје

023239053

070720580

023229065

svetlanakirevska@recs.org.mk

 

Член

Марија Васкова  Рајкочевска

Агроменаџер МС консалтинг

023216903

072207487

 

Mvaskova2001@yahoo.co.uk

 

Член

Стево Темелковски

БИГОСС Скопје

Инжињеринг консалтинг

023117398

071248588

 

bigoss@unet.com.mk

 

Член

 

Горазд Смилевски

Детра центар

022455754

070317487

 

gorazd@detra.edu.mk

 

Член

 

Волкановска Александра

Клеар Вју  

CLEAR VIEW BTC

 

 

 

075220474

 

 

 

 

023130900

aleksandra@clearview.com.mk

 

член

Мимоза Поповска

ЕСА Охрид

070391664

046 260187

046230 187

 

esaoh@t-home.mk

 

     Член

Искра Данилова  

ЕПЦИ

023179410

023216907

Iskra.danailova@epci-eu.com

 

Член

Љубомир Трајковски

Т&П консалтинг

023123600

 

ljupcot@t-home.mk

 

Член

Слаѓана Стојановска

Марконс

072206320

 

Slagana2001@yahoo.com

 

Член

Нухи Шахин

Менаџер центар ДООЕЛ

0252982 90

 

info@managercentar.net

 

Член

Драганчо Ковачев

ЦМЦ Екокон ДОО

023130 285

023130293

Kiril.zabokov@cmc-ekocom.com.mk

 

Член

Снежана Какуринова

Консалтинг тренинг центар Клуч

023211422

 

 

 

 

023211422

contact@key.com.mk

 

Член

Светлана Киревска

Фондација за мали и средни претприемништва

023239053

 

 

 

023239053

recs@recs.org.mk

 

Член

Ѓорѓи Дамјановски

ХТЛ Македонија ДООЕЛ

022464959

022464907

avidoevska@novomatic.com

 

Член

Кимова Љиљана

КИМ консалтинг

023132114

023211383

Ljiljana.kimova@gmail.com

 

Член

Александра Петреска-Паскоска

Германски јазичен центар

023112300

023112300

Deutsches.sprachenzentrum@gmail.com

 

Член

Цеца Малева Стоев

Инбексо ДОО Гевгелија

034211901

043211906

inbexo@gmail.com

 

Член

Ангелина Чоланчева

Центар за обука и развој на кадри КДС Ангелина ДООЕЛ

023213409

023213409

 

Член

Живко Димов

Асоцијација за менаџмент консалтинг МКА 200

023076266

 

 

 

 

 

Zivko-d@yahoo.com

 

Член

Томе Биновкси

Визијанет

023120087

 

t-binovski@vizijanet.com.mk

 


ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЈНОСТА

ПРОГРАМА

за работа на Групацијата на менаџмент консултантски и тренерски организации  

 

 

А) Потреба: Повеќе од 15 години во Република Македонија се одвиваат процеси на промени во политичкиот и правниот систем, во економијата и во општеството воопшто. Во овие  процеси, под влијание на  запад, постепeно се пренесуваше потребата но и низ праксата се градеше професијата (еснаф) на консултант и обучувач. Досега се формираа 100-тина фирми а индивидуално околу 200 поединци се бават со консултанство. Овој број на фирми и поединци кои егзистираат од оваа професија постојано се зголемува. Во РМ веќе постојат повеќе здруженија на консултанти и обучувачи меѓу кои најактивни се МКА 2000 и Македонскта мрежа на обучувачи. Ваквите организациони форми се формирани врз основа на законот за здруженија на граѓани (невладини органзиации).

Имајќи ги предвид идните европски интеграциони процеси на РМ се наметна потребата од организирање на оваа професија. Потпирањето на знаењето како приоритетен ресурс за конкурентност во македонската економија го става консултантсвото во поодговорна улога кон македонското општество. Бидејќи знаењето е ресурс кој се зголемува (умножува) со делење, потребно е професијата да се обедини во организација каде ќе се обезбеди синергија од примената на овој принцип.

Целта на организирањето во групацијата на менаџмент консултантски и тренерски организации ќе биде собирање на едно место за популаризирање на консултантската работа, нејзино јасно разликување од другите професии, постојано надоградување на стандардите за консултант и воспоставување на дијалог за еснафот во македонското општество.

 

Б)Визија  Групација со изградени стандарди и пракса, активно вклучена во промените на македонското општество, изградена комуникација со Владата и другите актери во македонското општество, регионот и Европа.

 

В)Мисија  Изградени правила за консултантсвото и тренинг, систем на комуникација, поврзување и поддршка со консултантските фирми и индивидуалци од Македонија и пошироко, континуирана едукација и надоградба и силно влијание врз забрзаните текови на светските искуства и европските фондови кон јавната администрација, претпријатијата, НВО секторот и земјоделците со цел континуирано подобрување на конкурентноста на македонската економија во целина.

 

Г) Континуирани Активности на Групацијата МКТО

 

  1. Правила на еснафот

·         Стандарди на професијата

·         Начин на работа и комуникација со членството

·         Права и обврски на членовите

 

  1. Насоки на делување

·         Препознатливост на професијата консултант и обучувач

·         Дефинирање на соработка со Владата и невладини организации

·         Дефинирање на облици на меѓусебна (консултантска) соработка

·         Поврзување за користење на Европските фондови

·         Комуникација со општини, претпријатија, други клиенти

·         Развој на консултантството во РМ согласно меѓународните стандарди

 

  1. Услуги и бенефиции за членството

·         web site

·         Информации

·         Обуки и тренинг

·         Партнерства во проекти

 

  1. Меѓународна соработка

·         Консултанстки организации и поединци консултанти во регинот

·         Консултанстки организации и поединци консултанти во Европа и светот

·         Учество во меѓународни консултантски здруженија

 

Д) ПРОГРАМА ЗА РАБОТА ВО 2009 ГОДИНА

 

Во програмата за работа на МКТО во 2009 година најголемиот дел од активностите ќе се однесуваат на формализирање на работењето и нејзиното институционално зајакнување. 

Д.1) ФОРМАЛИЗИРАЊЕ НА РАБОТЕЊЕТО ќе опфати усогласување на програмата за работа, популаризирање на МКТО помеѓу колегите, зголемување на членството, конституирање на работни тела и изработка на лого на Групацијата на МКТО.

Д.2) ИНСТИТУЦИОНАЛНОТО ЗАЈАКНУВАЊЕ ќе се фокусира на обезбедување на почетни услови на функционирање на МКТО и оформување на нејзиниот идентитет (бренд). Првиот чекор во комуникацијата со членството ќе биде промоција на web страната на Стопанската комора на Македонија со базата на податоци, со нудење на услуга за поддршка на активностите на групацијата и членките.

Препознатливоста на професијата консултант и тренер ќе се гради преку дефинирање на јасни постапки за комуникација со клиенти (ќе се иницира почетна поддршка за воведување ИСО стандардите што се однесуваат на професијата), препознатливост на специјализираното знаење што се испорачува до клиентите, следење на однесувањето на клиентите во примената на трансферираното знаење, мерливоста на постигнатиот успех на клиентите од користените консултантски и тренерски услуги. Остварувањето на овие цели во 2009 година ќе се одвива преку  подготовката и донесувањето на Етичкиот Кодекс за консултантските фирми, Стандардите за добра бизнис практика, Планот за маркетирање на професинализмот на МКТО и стратегиските правци на градење на отвореност, доверба и меѓусебна почит во МКТО.

            За дефинирање на соработката со Владата, државните органи и институции , локалната самоуправа и приватниот сектор, ќе се превземат активности за подготовка и донесување на платформа за позиционирање на МКТО во однос на развојот на пазарот на деловни услуги и едукација во РМ, градењето на капацитетот на пазарните институции што го регулираат пазарниот натпревар, правилата на конкурентскиот натпревар, прашањата за формирањето на цената на услугите (како однос со светските и европските цени). Активностите за започнување и одржување на постојан дијалог со Владата ќе се однесуваат на заеднички ангажман за одредување на учеството (како процент од вкупно предвидената работа) на домашните услуги (специјализирано знаење) во проектите што се реализираат во РМ, транспарентност на цената на странските и домашните консултанти и транспарентност на резултатите од испорачаните услуги.

            Активностите за постојана едукација, усовршување и зголемување на конкурентноста на членстово, МКТО ќе ги насочи кон изградба на индикатори за следење на македонскиот пазар на деловни услуги, систем на комуникација за информирање за нови програми и проекти и систем на подршка на сите видови парнерства на членовите на МКТО за подобар пазарен резултат.        Меѓународната соработка на МКТО за 2009 година ќе се потпира на воспоставените контакти на МКА 2000 и македонската мрежа на обучувачи и информирање на нивните меѓунардни соработници за формирањето и начинот на делувањето на МКТО.

            За успешен почеток и остварување на програмата за 2009 година , МКТО ќе ги интезивира контактите со меѓународните програми и институции за обезбедување на повратни информации за нивните оценки за професионализмот во македонското консултантсво и нивните потреби од консултнтски и тренерски услуги во 2009 година.

 ПРАВИЛА НА ГРУПАЦИЈАТА МКТО

Контакт лице: Јадранка Аризанковска
Телефон: ++ 389 2 3244038, M. 072 236 711
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Jadranka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Северна Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје