Системот за сува градба опфаќа гипс картон плочи, прегради, монолитни плафони, системи за противпожарна заштита, акустични решенија за звучна изолација, системи за заштита од штетни зрачења и слично. Предностите на сувомонтажните системи се, пред сe, напредните својства од градежната физика, т.е. звучната и термичка изолација, огноотпорноста на системите, механичката стабилност и друго.
Градбата со сувомонтажни системи со гипсени плочи зазема сe позначајно место во објектите кои се градат во нашата земја. Тие се составен дел од секој современ станбен, деловен објект, хотел, болница, училиште или каков и да било друг објект. Се вградуваат од подрум до кров, од под до плафон, кај новоградбите, како и при адаптација и санација на постојните објекти.
Групацијата на сува градба е формирана на 23.5.2007 година, со цел организирано делување на фирмите кои вршат производство и монтажа на производи за сува градба и поттикнување на донесувањето на прописи од оваа област, кои се неопходни при работењето на фирмите, како и со цел да се подигне квалитетот при проектирањето и вградувањето на сувомонтажните системи.
На седницата одржана на 28.01.2014 година, избран е Управен одбор на Групацијата на сува градба, составен од (7) седум члена, и тоа:
- Иван Слафкоски, „Лим-пинг“ – Скопје, претседател;
- Коле Битровски, „Омега“ – Скопје, потпретседател;
- Дејан Стојанов, „Глед пол“ – Кавадарци, член;
- Филип Спасовски, „Филип Прима“ – Скопје, член;
- Зоран Шијаков, „Зоки молерот“ - Кавадарци, член;
- Блажен Зотовски, „Кнауф“ – Скопје, член и
- Никола Теохаров, „Нико Гипс“ – Тетово, член.