Групација за гробишта и погребални услуги

Групацијата за погребни и придружни дејности е конституирана на 20.12.2005 година.

Групацијата за гробишта и погребални услуги при Стопанската комора наМакедонија се занимава со организација,анализирање и решавање на проблемите на Управителите на Гробишта и Операторите кои вршат дел од активностите делегирани во соодветниот Закон за гробишта и погребални услуги од 14.07.2008 објавен во службен весник број 86/08

Работата на комуналните претпријатија кои се занимаваат со оваа дејност во рамки наГрупацијата за гробишта и погребални услуги е дефинирана и усогласена согласно Законот за Комуналнидејности.

На состанокот одржан на ден 30.01.2013 година е избрано ново раководство на Групацијата за гробишта и погребални услуги. За претседател на групацијата е избран Сашо Наќев директор на ЈП погребални Услуги од Свети Николе, а за негов заменик раководителот на секторот на погребални услуги од ЈП Дервен од Велес, Ганчо Цуинов. На состанокот беше предложено и едногласно усвоено, групацијата на гробишта да се преименува во групација за гробишта и погребални услуги согласно името на новиот закон кој ја дефинира работата на оваа дејност.

Со Законот за гробишта и погребални услуги се уредува начинот на определување, изградба, одржување, употреба и видови гробишта, управување со гробиштата, употреба на гробно место и гробница, условите и начинот на вршење на погребални услуги, изградба на надгробни споменици, како и надзор над спроведување на овој закон.

 
 

ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЈНОСТА

Групацијата за гробишта и погребални услуги обединува повеќе од 50 фирми, Посебни јавни претпријатија кои исклучиво се занимаваат со дејност гробишта и погребални услуги или се дел од Јавните комунални претпријатија во рамки на општините.

Групацијата за гробишта и погребални услуги бара измени и дополнувања на законот за гробишта и погребални услуги донесен во 2008 година. Изминатите 4 години покажаа дека законот таков како што е направен не функционира. На терен има многу проблеми околу имплементација на законот. На повеќе од 70% од територијата на земјата со над 30% од вкупното население, дел од членовите на законот се неприменливи, констатираа претставниците од комуналните претпријатија на денешниот состанок на групацијата. За таа цел групацијата ќе иницира измени на законот и барање за повторно враќање на дел од ингеренциите кои со овој закон преминаа во надлежност на операторите.

 
 

Контакт лице: Даниела Михајловска Василевска
Телефон: ++ 389 2 3244021, М. 072 220 037
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: daniela@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Северна Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје