Групацијата за пазари е конституирана на 20.12.2005 година.
Групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија се занимава со организација, анализирање и решавање на проблемите на Организаторите на Пазари, во насока на нивно непречено функционирање, модернизација и усовршување согласно законските прописи.
Работата на Организаторите на пазари во рамки на Групацијата на пазари е дефинирана и усогласена согласно Законот за Комунални дејности.
Во тек е изработка и на посебен закон “Закон за трговија на зелени пазари” во министерството за економија чија основна цел е пред се дефинирање на работењето на закупците на тезги со што ќе се овозможи пазарите да функционираат согласно законските прописи.
Групацијата на пазари во рамки на Здружението на комуналните дејности, при Стопанската комора на Македонија, одржа седница на 16.1.2018 година на која беа избрани нови раководни структури во Групацијата. На изборната седница се избра нов претседател и двајца заменици претседатели. Нов претседател на Групацијата е Звонко Стојчев, директор во АД Скопски Пазар Скопје, а заменици претседатели се Љупче Лазевски раководител на пазарот во ЈКП Дервен Велес и Александар Касапов – директор на ЈП Пазари Битола.
На состанокот на Групацијата бдеше констатирано дека се дава подршка на новиот Закон за трговија на зелени пазари имајќи во предвид дека ова законско решение е иницирано токму од групацијата уште пред 10 години. Законот пред се ќе ја регулира позицијата на закупците на тезги на пазарите, а ќе ги дефинира и условите за работа на самите Организатори на пазари, а предвидува и оваа дјеност да може да ја вршат трговци регистрирани согласно Законот за трговски друштва со нивни средства и имот.
Во делот на идните активности групацијата на пазарите ќе работи на носење Стратегија за пазарите преку која можностите за преземање чекори во насока на нови вложувања, аплицирање за средства преку ЕУ фондови и други облици на подршка ќе бидат многу пореални во насока на модернизација на пазарите.