Групација за собирање на шумски плодови

Во Групацијата за собирање на шумски плодови членуваат правни лица, чија основна дејност е собирање на шумски плодови и лековити билки.

Основни задачи на Групацијата се:

 
  • претставување и застапување на интересите пред надлежните органи;
  • поврзување со сродни компании од земјите во регионов;
  • согледување на можноста за заеднички пласман на откупените количини производи;
  • заеднички настап на саеми и бизнис форуми;
  • следење на ЕУ регулатилите и нивно прилагодување.

Претседател на Групацијата е Trрајан Трајков-Слога 88-Радовиш

 

 

 

 


ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЈНОСТА

АКТУЕЛНИ СОСТОЈБИ ВО СЕКТОРОТ ЗА СОБИРАЊЕ НА ШУМСКИ ПЛОДОВИ

Економската, социјалната и еколошката функција на шумите е од огромно значење за одржливиот развој на земјата , како и за подобрување на квалитетот на животот, особено во руралните и планински подрачја.

На шумско земјиште во Република Македонија припаѓаат 1.159.600 hа, од кои вкупната површина под шуми изнесува 947.653 hа. Тематска расправа за тоа колку овој потенцијал е искористен, не е забележана на стручни јавни расправи, на кои би се укажало за потребните активности на сите чинители во државата за заштита, одржлив развој и соодветно користење на истиот.

Шумите и шумското земјиште се природен ресурс кој покрај дрвото,како материјално добро, обезбедува и други шумски производи како лековити растенија, делови од растенија, печурки, и сл.

Шумите во Република Македонија се карактеризираат со голема биолошка разновидност. Македонија располага со значителни ресурси на "споредни шумски производи": фармацевстски растенија, печурки, шумски плодови и сл., а и со разноврстен дивеч.

Собирањето на шумски плодови и лековити билки е сезонска и повремена дејност, која обезбедува егзистенција на одредена категорија на лица и нивните семејства.

Со собирање на шумски плодови печурки (во кои доминираат лисичарата и вргањот) и лековити билки (маховина, смрека, кантарион и други лековити билки) се занимаваат околу 50.000 семејни домакинства во Република Македонија. Од овие приходи главно дополнителни средства за егзистенција обезбедуваат околу 200.000 лица и тоа од ридско-планинските и неразвиените подрачија во Републиката. Со оваа дејност претежно се занимаваат невработени лица, лица кои немааат други или недоволни средства за егзистенција, социјални случаи и сиромашни граѓани.

Покрај егзистенцијалното значење на шумските плодови, истите имаат свој значај од аспект на извозот, бидејќи како нето извоз на овие производи се оставрува девизен прилив од над 10 милиони САД$. Во 2015 година извезени се околу 1.600 тони шумски печурки (свежи, сушени и конзервирани) во вредност од 12.5 милиони САД$ и 1.255 тони лековити билки во вредност од 2,6 милиони САД$.

Вкупно, од извозот на шумски печурки и лековити билки во 2015 година, реализиран е нето девизен прилив од над 14 милиони САД$, што е 14% повеќе од претходнта година.

Можностите за извоз се далеку поголеми од реализираните. Според оценката на собирачите и извозниците на шумски плодови, сигурно извозот би надминал просечно околу 20 милиони САД$ годишно, секако со изразени осцилации кои ги диктираат временските услови.

Тоа укажува дека овој природен потенцијал не е доволно искористен. Еден од главните лимитирачки фактори за негово соодветно искористување произлегува од ниските откупни цени, диктирани од цените на светско ниво. Имено, со проширувањето на меѓународната трговија во светски рамки, со отворањето на пазарите од Источна Европа и Азија се создаде голема конкуренција на странските традиционални пазари, што услови драстичен пад на извозните цени, коишто повлекоа соодветен пад на откупните цени посебно кај лековитите били.

Затоа, неопходно е да се промовираат и поддржуваат мали и средни трговски друштва кои работат со шумски печурки и лековити билки, за да обезбедат вработување и приход во руралните домаќинства, затоа што економската, социјалната и еколошката функција на шумите е од огромно значење за одржливиот развој на земјата , како и за подобрување на квалитетот на животот, особено во руралните и планински подрачја.

 
 

Контакт лице: Васко Ристовски
Телефон: ++ 389 2 3244014
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: vasko@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Северна Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје