Групација за производство, откуп и преработка на млеко

Во Групацијата на производство откуп и преработка на млеко членуваат правни лица чија основна дејност е откуп, производство и пласман на млеко и млечни производи.

Основни задачи на Групацијата се:

 
  • претставување и застапување на интересите пред надлежните институции и органи;
  • поврзување со сродни компании од земјите во регионов;
  • согледување на можноста за заедничка набавка на суровини и репроматеријали за процесот на производство;
  • заеднички настап на саеми и бизнис форуми;
  • следење на ЕУ регулатилите и нивно прилагодување.

Претседател на Групацијата е Ѓорѓи Петрушев-Млекара Битола АД, Битола

 
 

ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЈНОСТА

АКТУЕЛНИ СОСТОЈБИ ВО СЕКТОРОТ МЛЕКАРСТВО И МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ

 


Земјоделско-прехранбениот сектор е еден од клучните сектори на македонската економија или трет значаен сектор по индустријата и услугите со учество од 18% во БДП, од кое учеството на земјоделството изнесува околу 12%, а прехранбената индустрија учествува со 6% во БДП.
Производството на храна во секоја земја е од стратешки интерес. Поради тоа организирањето на производителите на храна и застапувањето на нивните интереси во функција на обезбедувањето и унапредувањето на производството на храна е од посебно значење.
Околу половина од територијата на земјата припаѓа на земјоделско земјиште, од кои 44% се обработливо земјиште, а 56% се пасишта.
Република Македонија располага со значајна суровинска база од примарното земјоделие, што е основа за развој на земјоделско-преработувачкиот сектор.
Индустријата на млеко и млечни производи е еден од најважните сегменти од агроиндустрискиот комплекс, а нејзините производи спаѓаат во групата прехранбени производи кои заземаат значаен дел од вкупната потрошувачка на храна кај просечното македонско семејство.
Производството на млеко и млечни производи во Република Македонија има своја традиција, кон што особен придонес дава разновидноста на географските обележја, што од своја страна придонесува за разновидност на видовите и рецептурите на млечните производи. За подобар квалитет на производите потребно е да се обезбеди производство на квалитетно млеко. Ова има особено значење ако се има во предвид стремежот на државата за побрзо зачленување во ЕУ – каде постојат високи стандарди и регулативи во ланецот на млеко-производството и млечните производи.
Производството на млеко во Република Македонија се карактеризира со голем број мали фарми – традиционални фармери (75% од вкупниот број) кои имаат нископродуктивни 1 – 3 крави со ниско годишно производство на млеко од 2-3 илјади литри по крава. Многу е мал бројот на големи специјализирани фарми со повеќе од 20 крави (околу 3% од вкупниот број) со висока продуктивност и годишно производство на млеко околу 5 илјади литри по крава. Само 1% од фармите имаат повеќе од 50 грла и треба да бидат носители на производството на квалитетен генетски материјал за преостанатите фарми (репродуктивни центри).


БРОЈНА СОСТОЈБА НА ДОБИТОКОТ ВО РМ 2006-2018 ГОДИНА

Година

говеда

овци

Вкупно

Крави и стелни јуници

Вкупно

Овци за приплод

2006

255 430

164 013

1 248 801

858 684

2007

253 766

143 217

817 536

551 379

2008

253 473

147 519

816 604

587 625

2009

252 521

128 628

755 356

521 524

2010

259 887

124 553

778 404

536 528

2011

265 299

164 537

766 002

545 693

2012

251 240

161 070

732 458

520 126

2018

241 607

155 432

740457

531 160


Млекарското производство се карактеризира главно преку ниската продуктивност , недооформениот систем за одбележување кое го усложнува следењето и сузбивањето на болестите кај домашните животни, кое секако во голем степен влијае врз квалитетот и безбедноста на млекото. Исто така треба да се истакне дека во сферата на примарното производство и понатаму основен проблем е обезбедувањето на ефтина добиточна храна, посовремени услови на одгледување, подобрување на расниот состав на добитокот, подобрување на микробиолошкиот квалитет на млекото и др. Со ваков квалитет млекото доаѓа во млекарите каде проблемите продолжуваат. Специфичниот начин на производство, испорака и транспорт на млекото го отежнува спроведувањето на концептот за контрола на млекото, а самиот начин на контрола е прилично скап.
Голем број на млекари не ги исполнуваат основните хигиенско санитарни услови, а не ретко се среќаваме и со нерегистрирани преработувачки капацитети. Постои непочитување на веќе постоечките стандарди и процедури за правилна технолошка постапка, немање на соодветна контрола на влезниот материјал, како и контрола во сопствениот погон во однос на квалитетот и безбедноста на производите.Анализата направена според официјалната статистика за период 2005-2015 година, покажува дека количината на вкупно откупеното млеко (кравјо и овчо) во 2018 година во споредба со 2009 година е намалено за 24,1%, а во однос на 2005 година намалено е за 32,4%.


ОТКУП НА МЛЕКО ЗА ПЕРИОД 2005-2018 ГОДИНА

Година

Вкупно откупено млеко (кравјо и овчо) во илјада литри

Вредност на вкупно откупено млеко (кравјо и овчо) во илјада денари

2005

165,899

2.008.218

2006

144,910

1.870.901

2007

106,799

2.003.552

2008

100.602

2.551.479

2009

110.566

1.882.901

2010

86,347

1.494.104

2011

100.821

2.565.789

2012

101.265

2.296.523

2018

105.996

3.125.000

Следејќи ја анализата за факторите кои доведуваат до вакви состојби, ја наметнуваат потребата од интервенции во примарното производство со воведување на стандарди со кои се детерминираат основните услови на одгледување на добитокот (добра фармска пракса), генерални правила за хигиена во примарното производство, како и ревидирање на започнување со спроведување на системот за плаќање на суровото млеко врз основа на квалитетот, донесен во февруари 2002 година. Со тоа ќе се овозможи строго контролирано производство на суровото млеко, кое треба да биде откупувано од преработувачките капацитети, врз база на взаемни договори со предходно детерминирани услови, одредени права и одговорности од двете партнерски страни.
Вкупното производство на млеко покажува тренд на опаѓање. Произведеното млеко се употребува за: потрошувачка во свежа состојба или преработено во јогурт, кисело млеко, павлака, сирење, урда и кашкавал.


ВКУПНО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО - во илјади литри

Вкупно производство

2007

2009

2011

2018

1. Кравјо млеко

373.706 (2.880л/молзна крава)

342.622 (3.004л/молзна крава)

347.103 (2.787л/молзна крава)

387.008 (3.053 л/молзна крава)

2. Овчо млеко

35.473 (66л/молзна овца)

32.934 (69 л/молзна овца)

32.157 (60 л/молзна овца)

35.661. 74л/молзна овца

3. Козјо млеко

28.989

19.386

15.074

15.023

Вкупно (1+2+3):

438.168

394.942

394.334

438.233

ИЗВОЗ/УВОЗ НА МЛЕКО И МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ

Година

ИЗВОЗ

УВОЗ

Количина во тони

Вредност во САД $

Количина во тони

Вредност во САД $

2007

3,524,439

3,845,287

22,649,923

30,599,560

2008

4,390,379

8.712.387

19.415.319

38.630.366

2009

2.203.974

5.253.515

26.441.381

37.985.684

2010

3.274.670

7.387.682

25.132.352

36.853.570

2011

3.727.166

9.904.373

31.472.780

52.515.519

2012

3.878.254

9.863.601

38.804.369

52.407.890

2018

5.602.300

11.402.658

36.459.259

50.326.948

 

 

Република Македонија е нето увозник на млеко и млечни производи. Главни земји увозници на млеко и млечни производи се: Словенија, Германија, Хрватска, Србија, Црна Гора, БиХ, Република Чешка, Република Бугарија, Грција, Франција.

Контакт лице: Васко Ристовски
Телефон: ++ 389 2 3244014
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: vasko@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Северна Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје