Учеството на додадената вредност на градежништвото во структурата на бруто домашниот производ во последните десетина години се движи од 5% до 7 %.
Според статистичките податоци за 2020 година вкупниот број на активни деловни субјекти изнесувал 73.061 деловни субјекти, од кои 5.263 се регистрирани во градежништвото, или 7,2 % од вкупниот број на активни деловни субјекти.
Најголем дел или 83,51 % од деловните субјекти во градежништвото се микро претпријатија со 1 – 9 вработени. Малите претпријатија со 10 до 19 вработени учествуваат со 6,16%, додека оние со 20 до 49 вработени учествуваат со 3,71%. Средните компании кои вработуваат до 249 лица се застапени со 1,08 % додека големите компании кои имаат над 250 вработени имаат најмало учество од само 0,2%.Во 2020 година од вкупно вработените 759.054 лица, во градежништвото се вработени 56.263 лица или 7,41 % од вкупно вработените.
Во 2020 година градежништвото вработува 53.376 лица, или 6,7% од вкупниот број вработени во државата. Според последните податоци, дури 94% од вработените во секторот се мажи, а само 6% се жени. Податоците за старосната структура на вработените лица во градежништвото покажуваат дека најголем процент се лица на возраст од 30 до 49 години (46%), а по нив следува категоријата лица на возраст од 50 до 64 години (35,7%). Младите лица на возраст од 15 до 29 години се најмалку застапени како работници во оваа стопанска гранка со само 17,6%.