Групација на шпедитери

Општи податоци за Македонската асоцијација на меѓународни шпедитери и логистички оператори – МИФА

Македонската асоцијација на мегународни шпедитери и логистички оператори (МИФА) е регистрирана во 1993 година во рамките на Стопанска комора на Македонија. Асоцијацијата ги обединува шпедитерите и логистистичките оператори кои овозможуваат копнен, авионски, поморски и комбиниран транспорт како и царинење и логистички услуги. >>>

Основни податоци за Групацијата на шпедитери

Иако од временски аспект Групацијата е млада организациона форма на делување, преку нејзините активности се постигнати значајни резултати, не само од интерес на дејноста што ја покрива, туку и од интерес и на пошироката стопанска заедница.

Уште на самиот почеток по основањето, нејзиното појавување беше поздравено од сите стопански субјекти коишто се бават со шпедитерска дејност, за да, со текот на времето, во вистинска светлина се потврди и оправданоста на активностите што таа ги правеше во насока на унапредување на одредени состојби во стопанскиот живот на шпедитерите. >>>

Сертификат на Групацијата на шпедитери за членка во FIATA >>>

 

ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЈНОСТА

Правилник за поблиските критериуми за застапување во царинските постапки и лиценци за вршење на застапување >>>

Групацитата својата активност ја остварува претежно преку седници и состаноци на органите и телата на нејзините членки, како и преку значајни средби и состаноци со владини и невладини органи и институции во земјата и странство. Своето функционирање го темели на донесените Правила за организацијата и начинот на работа, со кои се дефинирани основните цели и задачи на здружувањето, правата и одговорностите на членките, управувањето со работата на Групацијата и сл.Основните активностите се насочени, пред се, кон подобрување на соработката со царинските и инспекциските органи, а перманентно е присутен и процесот на подобрување на внатрешната организираност на шпедитерите, согласно потребите на пазарот.

Тргнувајќи од зацртаните основни цели и задачи, меѓу кои и за достојно презентирање и заштита на интересите на своите членки и шпедитерската индустрија во целост пред надлежните органи и организации, од особено значење за шпедитерската дејност беше потпишувањето на Меморандумот за соработка и партнерство меѓу Групацијата на Меѓународните шпедитери и Царинската управа на Република Македонија и формирањето на Царинско-шпедитерски Комитет како оперативно тело за имплементирење на определбите од Меморандумот, со коишто се поставија темелите за поцврста и понепосредна меѓусебна соработка во насока на унапредување на вкупните односите во сферата на царинско-шпедитерското работење.

Со формирањето на Советодавното тело при Царинската управа на Република Македонија, како повисока форма на соработка и партнерство на Царината со бизнис заедницата, Групацијата доби можност за учество во неговите активности со двајца свои претставници.

-Исто така, потпишан е и Меморандум за соработка и партнерство со Државниот пазарен инспекторат, а во тек се активности за потпишување на документи за непосредна оперативна соработка и партнерство и со Дирекцијата за храна и со Фитосанитарниот и Ветеринарниот Инспекторат.

Групацијата, преку активностите на своите членки, перманентно е присутна при донесувањето на нови и изменувањето на постојните законски прописи во земјата, како и во унапредувањето на сопствените акти на работењето.

 
 

Контакт лице: Билјана Пеева-Ѓуриќ
Телефон: ++ 389 2 3244034, M. 072 236 710
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: biljana@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Северна Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје