АКТУЕЛНИ СОСТОЈБИ ВО МЕСНАТА ИНДУСТРИЈА Во Република Македонија постојат околу триесеттина современи производствени капацитети за преработка на месо и производство на сувомесни производи, чии капацитети во потполност можат да ја задоволат побарувачката на домашниот пазар. Денес домашната месна индустрија се карактеризира со големи вложувања, нови објекти, машини, технологии за преработка. Таа работи профитабилно, за разлика од други гранки кои генерираат загуби, вработува и обучува луѓе и има свој тим технолози, така што освен консултативна помош, не се ангажираат странски технолози. Според тоа, може да се заклучи дека во земјава егзистира месна индустрија која во ништо не заостанува зад месните индустрии од соседните држави, а во одредени сегменти дури и ги надминува. Еден од основните проблеми со кои се соочува месната индустрија во Македонија е недостатокот на суровини за преработка. Производството на свинско месо е недоволно за да ги задоволи потребите на пазарот за свежо месо, поради што домашните производители се принудени да увезуваат свежо месо како суровина при што се изложени на високи царински давачки. Сите видови на свежо или замрзнато месо за преработка од увоз се оптоварени со царини иако земјава е дефицитарна по таа основа. Од друга страна, постои бесцарински увоз на готов производ од страна на земји со кои се склучени билатерални договори како што се Србија и Црна Гора, Хрватска и БиХ, од кои во земјава влегува 1.900 тони готов производ секоја година без царина. Со тоа, домашните производители се ставени во нерамноправна положба, па наместо македонските производители да станат извозници, се борат за задржување на домашниот пазар. Производството и производствените капацитети мора да исполнуваат одредени стандарди кои гарантираат висок квалитет на крајниот производ. Стандардите под кои се произведува се во рамките на законската регулатива, а во некои сегменти се многу над неа, поради нејзиното константно ревидирање што е насочено кон примена на поригорозни стандарди за квалитет и имплементирање на системот за контрола GMP, кои во принцип се чекор понапред кон воведување на HACCP-системот. Самите производители си наметнаа повисоки стандарди свесни дека со отварање на пазарот треба да се подготват за конкуренцијата што доаѓа. Самиот знак за квалитет гарантира дека производите се добри, подлежат на постојан мониторинг за квалитет и како такви се препознаваат од потрошувачите. Дури 77 % од потрошувачите се изјасниле дека го препознаваат знакот за квалитет и се одлучуваат да го купат производот кој е носител на тој знак. Производите, кои се носители на знакот за квалитет, се одликуваат со подобар вкус, свежина, а исто така и имаат и поголема достапност во малопродажната мрежа. Ако се случи одреден производ да не ги задоволи барањата на оваа програма, прво се опоменува производителот, а потоа се одзема знакот. HACCP -системот е неопходност, бидејќи во ЕУ не е можен извоз на храна која не ги запазува овие стандарди. За целосно имплементирање на овој систем потребно е воведување на овој систем и во примарното производство по што, целиот систем ќе се заокружи со цел подигање на целокупниот квалитет на производството. Производство на месо и месни производи во Република Македонија во тони
Производи | 2007/т | 2008/т | 2018/т | Просечно производство 2007-2018/т | Говедско месо,свежо или разладено,во трупови,половинки и четвртинки | 1.029 | 1.152 | 1.040 | 1.073,6 | Свинско месо,свежо или разладено,во трупови и половинки,бутови,плешки и нивни парчиња | 8.007 | 8.248 | 6.831 | 7.695,3 | Овчо и јагнешко месо,свежо или разладено | 169 | 454 | 443 | 355,3 | Овчо и јагнешко месо,замрзнато | 985 | 933 | 930 | 949,3 | Месо од кокошки и пилиња,свежо или разладено,несечено | 268 | 378 | 442 | 362,6 | Свински бутови,плешки или други парчиња од нив,со коски,солени,во саламура,сушени или чадени (полутрајни и трајни) | 1.689 | 1.933 | 2.133 | 1.918,3 | Свинска сланина со месо и парчиња,солена,во саламура,сушена или чадена (полутрајна и трајна) | 652 | 797 | 1.000 | 816,3 | Друго свинско месо,солено,во саламура,сушено или чадено (полутрајно и трајно) | 175 | 329 | 330 | 278 | Говедско и телешко месо,солено,во саламура,сушено или чадено (полутрајно и трајно) | 408 | 510 | 508 | 475,3 | Производи од колбас,полутрајни и барени | 5.821 | 6.287 | 6.715 | 6.274,3 | Друго месо од мисирки, приготвено или конзервирано | 54 | 41 | 44 | 46,3 | Друго живинско месо, приготвено или конзервирано | 873 | 1.294 | 1.351 | 1.172,6 | Свински шунки и парчиња од шунки,приготвени или конзервирани | 1.864 | 2.150 | 2.270 | 2.094,6 | Преработка од говедско или телешко месо | 180 | 285 | 42 | 169 | ВКУПНО | 22.972 | 25.639 | 24.895 | 24.475,4 |
Увоз на месо и месни производи во Република Македонија од 2005 до 2018 година во тони
Увоз на месо | Вид на месо | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2015 | 1.Говедско | | | | | | свежо со коски | 17.800 | 22.604 | 21.723 | 25.505 | 25.472 | свежо без коски | 103 | 987 | 636 | 637 | 533 | замрзнато без коски | 5.847 | 8.652 | 13.192 | 10.57 | 10.069 | со коски | / | / | / | / | / | Вкупно говедско | 23.750 | 32.243 | 35.552 | 36.714 | 36.075 | 2.Свинско | | | | | | свежо | 1502 | 2685 | 2802 | 3789 | 4715 | замрзнато | 11.383 | 12.557 | 15.767 | 22.212 | 25.520 | Вкупно свинско | 12.886 | 15.242 | 18.570 | 26.002 | 30.235 | 3.Живинско неисечено замрзнато | 3.354 | 2.034 | 4.020 | 4.938 | 3.819 | живина исечена свежа | 1.975 | 1347 | 588 | 133 | / | живина исечена замрзната | / | / | 603 | 37.258 | 39.049 | живина неисечена свежа | / | / | 188 | / | 179 | Вкупно живинско | 5.330 | 3.382 | 5.401 | 42.329 | 43.049 | Вкупно месо | 41.967 | 50.868 | 59.523 | 105.046 | 109.360 |
Увоз на преработки од месо/тони
Производи | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2018 | Кланични производи | 2.027 | 3.019 | 3.010 | 3.669 | 5.531 | Колбаси и слични преработки од месо | 4.848 | 6.546 | 8.077 | 8.969 | 8.748 | Месо и др.кланични производи(припремени или конзервирани) | 6.882 | 7.686 | 8.610 | 12.181 | 102.54 | Вкупно преработки од месо | 13.758 | 17.253 | 19.698 | 24.820 | 24.535 |
Извоз на месо и месни производи во Република Македонија од 2005 до 2018 година во кг
Назив на суровината или производот | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2018 | Говедско месо | - со коски, свежо или разладено | 106.035 | / | 247.066 | 2.698.303 | 2.670.219 | / | - во саламура, чадено и сушено | / | / | / | 130.692 | / | / | - месо и други кланични производи од говеда, припремени или конзервирани | 621.501 | 237.545 | 318.299 | 226.414 | / | 100.981 | Вкупно говедско месо | 727.536 | 237.545 | 565.365 | 3.055.409 | 2.670.219 | 100.981 | Овчо месо | - свежо или разладено | 15.721.505 | 16.691.920 | 17.632.955 | 20.700.337 | 19.156.653 | 18.609.303 | - замрзнато | / | / | / | / | 100.460 | / | Вкупно овчо месо | 15.721.505 | 16.691.920 | 17.632.955 | 20.700.337 | 19.257.113 | 18.609.303 | Свинско месо | - свежо или разладено | / | / | / | 2.738.535 | 1.043.585 | / | - замрзнато | / | 115.429 | / | / | / | / | - месо и други кланични производи од свиња, припремени или конзервирани | 183.335 | 237.217 | 582.361 | 1.854.868 | 1.773.926 | 1.647.468 | Вкупно свинско месо | 183.335 | 352.646 | 582.361 | 4.593.403 | 2.817.511 | 1.647.468 | Пилешко месо | - живина, неисечена, замрзната | 148.872 | / | / | / | / | / | - бутови и пилешки со коски,во саламура,чадено и сушено | / | / | / | / | 366.264 | / | - месо и други производи од живина приготвени или конзервирани | 132.494 | / | 101.414 | 282.414 | 326.961 | 616.960 | Вкупно пилешко месо | 281.366 | / | 101.414 | 282.414 | 693.225 | 616.960 | Колбаси и слични производи од месо и друго | 895.049 | 1.102.893 | 3.045.613 | 4.139.353 | 7.830.551 | 11.707.467 | Вкупно | 17.808.791 | 18.385.004 | 21.927.708 | 32.770.916 | 33.268.619 | 32.682.179 |
4. Законска регулатива • Закон за безбедност на храната и на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната • Закон за управување со пакување и отпад од пакување • Правилник за условите во поглед на здравствената исправност на предметите за општа употреба што можат да се пуштат во промет • Предлог - Закон за безбедност на храна I. ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА И НА ПРОИЗВОДИТЕ И МАТЕРИЈАЛИТЕ ШТО ДОАЃААТ ВО КОНТАКТ СО ХРАНАТА - Сл.Весник на РМ бр.54/2002 година Со Законот за безбедност на храната и на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната, се уредуваат: • условите за обезбедување на безбедност на храната и на производите и материјалите кои доаѓаат во контакт со храната, • производството и прометот со храната, како и • правата и обврските на физичките и правните лица кои произведуваат или вршат промет. Целта на ово закон е да се заштити здравјето на луѓето, да се заштитат потрошувачите од заблуда и да се овозможи слободен промет на внатрешниот и надворешниот пазар. Во овој закон се предвидени одредби со кои се регулираат следните прашања: • Поим за храна; • Надлежени органи за вршење на работите од областа на бебедноста на храната; • Услови за безбедност на храната кои треба да ги исполни производителот по однос на хемиските, физичките, микробиолошките и органолептичките својства на храната; • Услови за производство на храна; • Услови за промет на храна; • Надзор над храната и материјалите кои доаѓаат во контакт со храната при увоз и извоз; • Информации за потрошувачот кои што треба да ги означи производителот; • Контрола на храната и на материјалите што доаѓаат во контакт со храната; • Казнени одредби. II. ЗАКОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПАКУВАЊЕ И ОТПАД ОД ПАКУВАЊЕ - Сл. Весник на РМ бр.161/2009 година Предмет на уредување Со овој закон се уредуваат барањата за заштита на животната средина кои мора да ги исполнува пакувањето, и тоа: • при неговото производство; • при пуштање на пазар и ставањето во употреба на пакувањето; • правила за собирање, повторна употреба, преработка и отстранување на отпадот од пакувањето, како и • економски инструменти за постигнување на националните цели за собирање и преработка на отпад. Примена на Законот Одредбите на овој закон се применуваат: • на сите пакувања што се произведуваат и пуштаат на пазар на територијата на Р Македонија; • на целиот отпад од пакување кој е создаден во производствената, индустриската, занаетчиската, трговската услужната, административната и друга дејност; • на отпадот од пакување кој е создаден во домаќинствата. Во овој закон се предвидени одредби со кои се регулираат следните прашања: • Заштита на животната средина и мерки за превенција; • Примена на стандарди во управувањето со пакувањето и отпадот од пакувањето; • Барања во однос на производството и составот на пакувањето; • Барања на нивоа на концентрација на тешки метали присутни во пакувањето; • Барања во однос на природата на пакувањата кои се наменети за повторна употреба; • Барања во однос на погодноста на пакувањето за преработка и рециклирање; • Идентификација и означување на пакувањето; • Информации за корисниците на пакувањето; • Надзор; • Прекршочни одредби. III. П Р А В И Л Н И К За условите во поглед на здравствената исправност на предметите за општа употреба што можат да се пуштат во промет (С.л. на СФРЈ бр. 55/78- превземен како републички пропис) Според овој правилник, предметите за општа употреба што се пуштаат во промет во Република Македонија, мораат да исполнуваат одредени услови во поглед на нивната здравствена исправност. Според чл2 на овој правилник под предмети за општа употреба се подразбираат: • Садови, прибор и амбалажа за животни намирници; • Детски играчки; • Средства за одржување на лична хигиена и нега на лицето и телото; • Средства за одржување на чистотата во домаќинството; • Тутунски преработки. Во овој правилник се предвидени одредби со кои се регулираат следните прашања: • Општи услови за промет за промет при приготвувањето, производството, мерењето, преработката, доработката, превозот или употребата на животните намирници; • Посебни услови за промет за промет при приготвувањето, производството, мерењето, преработката, доработката, превозот или употребата на животните намир; • Општи услови за промет за промет во однос со амбалажата што доаѓа во непосреден допир со животните намирници; • Посебни услови за промет за промет во однос со амбалажата што доаѓа во непосреден допир со животните намирници. IV. ПРЕДЛОГ - ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА Општи oдредби Со овој закон се уредуваат основните начела за безбедноста на храната и храната за животни, општите и посебните хигиенски барања за храната, организационите структури на системот на безбедност на храна и официјалните контроли на храната и храната за животни.< Одредбите на овој закон се применуваат во сите фази на производството, преработката и дистрибуцијата на храната и храната за животни. Одредбите на овој закон не се применуваат на примарното производство на храна за домашна употреба или домашно подготвување, како и на ракување или складирање на храна за приватно домашно конзумирање. Општи начела Одредбите на овој закон и прописите кои се донесени врз основа на овој закон треба обезбедат висок степен на заштита на животот и здравјето на луѓето и заштита на интересите на потрошувачите, земајќи ја предвид, каде што е потребно, и здравствената заштита на животните и нивната благосостојба, здравјето на растенијата и заштита на животната средина. Со овој закон треба да се обезбеди слободно движење на храната и храната за животни, во согласност со начелата и барањата кои се пропишани за овој дел. За да се постигнат овие цели, прописите кои се донесени се базираат на анализа на ризикот. Оваа проценка се заснова на достапни научни докази и се врши на независен, објективен и транспарентен начин. Во овој закон се предвидени одредби со кои се регулираат следните прашања: • Поимот храна; • Општи обврски во прометот со храна; • Надлежен орган за вршење на работите од областа на безбедноста на храна и храна за животни, како и надзор на ветеринарните активности во областа на здравствената заштита на животните; • Надлежности на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство; • Органи кои вршат работи од областа на безбедност на храна и храна за животни; • Општи барања за безбедност на храна; • Презентирање на храна и храна за животни; • Општи одредби за хигиена на храната; • Услови за ставање во промет на храна од животинско потекло; • Надзор над спроведувањето на овој закон; • Преодни и завршни одредби. 5 Стандарди кои ја регулираат безбедноста и квалитетот на храната 5.1 HACCP Доброто познавање на анализите за опасност и критичната контролна точка (HACCP) ке бидат потребни за спроведување на ИСО 22000 системот за безбедно управување на храната. HACCP е дел од ISO 22000 Food Safets Management System (FSMS). HACCP е систем за безбедно производство на храна, кој е глобално признат и постои од 1960 год. Компаниите со HACCP користат превентивен пристап за максимална сиг |