АКТУЕЛНИ ПРОБЛЕМИ ВО ОРАНЖЕРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО
Оранжериско - пластеничкото производство
Вкупната земјоделска површина на Република Македонија изнесува 1.316.335 ха, од кои 576.618 обработлива земјоделска површина.
Од вкупно обработливата површина 479.673 ха се под ораници и бавчи, 16.301 овоштарници, 27.734 ха под лозја и 53.000 ха под ливади
Вкупната површина под оранжериско производство по региони во Република Македонија е следна:
| Вкупно обработлива површина | Категорија на земјиште |
ораници и бавчи | овоштарници | лозја | ливади |
Богданци | 4700 | 3600 | 68 | 929 | 132 |
Валандово | 6500 | 5000 | 97 | 1530 | 85 |
Гевгелија- регионот | 9600 | 7000 | 250 | 1400 | 1000 |
Струмица-регионот | 28.500 | 25.500 | 430 | 1450 | 1160 |
Јегуновце | 3084 | 2575 | 87 | 10 | 412 |
Џепчиште | 953 | 729 | 33 | - | 191 |
Вкупно | 53 368 | 44 404 | 965 | 5.319 | 2.980 |
Производството на раноградинарски култури има значајно влијание во доменот на извозот (оранжериите практично имаат изразит нето девизен ефект,) што е секако придонес во подобрување на состојбата во трговскиот биланс на земјата (извоз 20 милиони ЕУР) при што повеќе од 75% од вкупното производство на оранжериите се извезува. Покрај постоечките проблеми со енергенсите, пред се мазутот кој во периодот јануари 2009-мај 2015 година поскапе за 189,33 проценти, не опфаќањето на оранжериите со Програмата за руралниот развој од страна на Владата, минималното зголемување на средствата наменети за оранжериите од 20.000 денари по 1 Ха. (80.000 денари за минатата година-100.000 денари по 1 Ха за тековнава година) согласно Програмата за подршка на земјоделитето за 2009/2018 година, истите се соочуваат и со нерешениот статус на земјиштето на оранжериите и самите оранжерии што дополнително го отежнува нивното работење во крајно неповолни услови како и нелојална конкуренција на пазарот.
Производителите на раноградинарски култури (оранжериите) веќе неколку години апелираат до владата и ресорнотоминистерство за проблемот со нерешеното прашање на земјиштето на оранжериите, статусот на земјиштето на оранжериите, како и самите оранжерии сеуште од надлежните органи и институции не се решава и покрај презентираната валидната документација издадена од надлежни органи за изградба на истите (урбанистички согласности, одобренија за градба, градежни дозволки и слично). Претставниците на оваа групација потенцираат дека нерешениот статус на земјиштето претставува голем проблем на оранжериите (не можност да се аплицира за кредит кај банките зашто со нерешено прашање не може да се дадат истите под хипотека). Тие предлагаат меѓуресорски состанок (Министерство за земјоделство, Министерство за транспорт и Врски, Агенцијата за катастар на недвижности и Министерство за економија) на кој би се дефинирал статусот на земјиштето на оранжерии (стакленици).