Регионална комора со седиште во Кичево

 

Регионалната комора со седиште во Кичево се организира за членовите на Комората од општините: Кичево, Пласница, Македонски Брод.

 


Регионалната комора со седиште во Кичево на седница ги донесува  Правилата за организацијата и начинот на работа на Регионалната комора со седиште во Кичево, избира претседател и потпреседатели на Регионалнта комора со седиште во Кичево кои по функција претсеедаваат и со Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Кичево, на седница се избираат и членови на Управен одбор на  Регионална комора со седиште во Кичево.

Регионалната комора со седиште во Кичево, на седница одржана на 08.6.2015 година, ги донесе Правилата за организацијата и начинот на работа на Регионалната комора со седиште во Кичево.


Регионалната комора со седиште во Кичево, на  седница одржана на 08.6.2015 година, донесе Одлука за избор на претседател и потпретседатели на Регионалната комора во наредниот мандатен период.

За претседател на Регионалната комора со седиште во Кичево, се избра:

- Игор Соколески, АД „ЕЛЕМ“, Подружица РЕК „Осломеј“ - Кичево.

За потпретседатели на Регионалната комора со седиште во Кичево се избраа:

- Алија Зулбеароски , „Еуро-Фикс“ ДООЕЛ Увоз-извоз - Кичево;
- Шасим Османи, „Хидринг“ ДООЕЛ Увоз-извоз – Кичево.

Регионалната комора со седиште во Кичево, на  седница одржана на 26.6.2015 година, донесе Одлука за избор на членови на Управен одбор  на Регионалната комора со седиште во Кичево.

 Регионалната комора во Кичево е задолжена за следниве активности:

- да организира и подготвува различни облици на обуки (семинари, работилници и сл.) за потребите на членките на Комората и други заинтересирани субјекти;
  - да ги информира членките и другите фирми за обуките кои ќе се одржат во организација на Стопанската комора на Македонија;
 - да ги следи актуелните состојби на работење и потреби на членките на Комората и другите субјекти, со цел за предлагање на обуки на актуeлни теми;
- да подготвува информации, анализи, предлози на акти и други документи од интерес за стопанството од регионот за кој е организирана Регионалната комора;
- да ги следи тековните стопански движења и условите на стопанисувањето, обработува информациони податоци и предлага мерки за подобрување на условите за стопанисување за регионот;
- да дава предлози за покренување иницијативи за донесување или изменување на законски и други прописи од интерес за стопанството од регионот;
 - да остварува редовни контакти со фирмите од регионот, особоено во функција на давање соодветна стручна и друга помош;
- го организира или посредува во воспоставувањето контакти меѓу членките на Комората.

Одлука за утврдување на регионални комори во рамките на Стопанската комора на Македонија

Архива 2010-2015

Контакт лице: Дијана Лазороска
Телефон: ++ 389 45 257067
Факс: ++ 389 45 257067
Е-адреса: dijana@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Регионална комора со седиште во Кичево, ул. „Кузман Јосифоски Питу“ 1, 6250 Кичево