Здружение на градежништвото индустријата на градежни материјали и неметалите

градежништвото

Во Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите членуваат фирми кои се занимаваат со проектирање и градење на сите категории објекти од нискоградбата, вискоградбата и хидроградабата, инсталатерски и завршни работи во градежништвото, потоа истражување, експлоатација и преработка на минерални суровини како што се: лапорец, гипс, цигларска глина, песок, чакал, архитектонско-украсен камен, феласпад, бентонит, кварц и кварцити, опализиран туф, огноотпорни глини и други.

Заради специфичноста на работење и интересите на членките во Здружението, формирани се следните групации:

    Групација за градежништво
    Групација за градежни материјали
    Групација на агенции за недвижности
    Групација за агрегати, бетони и асфалти
    Групација за сува градба


За преставници од Здружението на градежништвто,индустриајта на грaдежни материјали и неметелите во Собранието на Стопанската комора на Македонија, за мандатниот период 2020 - 2025, се избрани следните членови:


1. Зоран Милковски, ГД„Гранит“АД - Скопје;
2. Горан Мауровски, ДГ „Бетон“ АД - Скопје;
3. Михо Јаневски, Градежен институт „Македонија“ АД - Скопје;
4. Никола Пандев, „Жикол ДООЕЛ“ - Струмица;
5. Дарко Николоски, „Мермерен комбинат АД“ - Прилеп; и
6. Владимир Златковски, „Винербергер ДООЕЛ“ - Виница.

Претседател на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите е Андреа Серафимовски, ГД „Гранит“ АД Скопје. (Биографија)

 

ПРАВИЛА за организацијата и начинот на работа на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите

 

 


Контакт лице: М-р Нена Николовска
Телефон: ++ 389 2 3244054
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: nena@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје