Здружение на финансиски организации

Здружението на финансиски организации на 27.6.2019 година одржа конститутивна седница на којашто беше избран Управен одбор составен од компании од различни финансиски дејности, а воедно беше усвоена и Програмата за работа преку која ќе ги спроведува предвидените активности.

Иницијативата за формирање Здружение на финансиски организации е поттикната од се` поголемата интегрираност и комплементарност на домашниот финансиски систем и од растечката појава на финансиските друштва што пак е резултат на обезбедување софистицирани услуги во согласност со потребите на граѓаните и приватниот сектор.

Една од главните цели е идентификување на предизвиците кои се однесуваат на целиот финансиски сектор со цел изнаоѓање сеопфатни решенија што резултираат со создавање основа за поуспешно работење на компаниите од овој сектор, но ќе се обидеме да воведеме и некои нови програми и проекти кои ќе придонесат за зајакнување на финансискиот систем, негово унапредување и доближување кон сите засегнати страни.

Ова Здружение е единствен облик на здружување коешто ги обединува сите чинители во финансискиот сектор, почнувајќи од банкарските организации, осигурителните друштва, друштвата за управување со пензиски фондови, небанкарските финансиски друштва, лизинг компаниите и штедилниците поттикнувајќи ги на заеднички ангажман и долгорочна соработка преку олеснување на реализирањето на интерсекторски форми на соработка помеѓу  разните видови финансиски институции.

Финансискиот сектор во Македонија е многу важен за целокупната економија и оттука сметаме дека преку Здружението на финансиски организации ќе може да даде голем придонес за развој на регулативата и на многу подобар начин ќе можат да се артикулираат интересите и барањата на финансискиот сектор.
Финансискиот систем има клучна улога во економскиот развој на земјата. Тој ги овозможува и промовира и штедењето и инвестициите, но и создава врска помеѓу сите негови чинители, а воедно и ја олеснува експанзијата на финансиските пазари.

Правила за работа и начин на организација на Здружението


ЧЛЕНОВИ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ЗДРУЖЕНИЕТО
●   Ѓорѓе Војновиќ ПретседателТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, Скопје
●   Филип Димитровски Заменик претседателФинансиско друштво Тиго Фајнанс ДООЕЛ Скопје, Скопје
●   Весна Стојановска КБ ПРВО ПЕНЗИСКО ДРУШТВО, Скопје
●   Маја Станковска Костова КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ- ЖИВОТ АД, Скопје
●   Марјан Манчев ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ ДОО Скопје, Скопје
●   м-р Ралица Губерова ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ, Скопје
●   Филомена Пљаковска Аспровска Интернационален картичен систем - КАСИС Скопје, Скопје


Контакт лице: Влатко Стојановски
Телефон: ++ 389 2 3244004
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: vlatko@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје