Здружение на метална и електроиндустрија

Во Здружението на металната и електроиндустријата членуваат околу 150 фирми репрезенти од дејностите :

  • производство на метални производи во металопреработувачката фаза, освен машини и уреди;
  • производство на машини и уреди, неспомнати на друго место;
  • производство на канцелариски и сметачки машини;
  • производство на електрични машини и апарати, неспомнати на друго место;
  • производство на радио, телевизиска и комуникациона опрема и апарати;
  • производство на прецизни медицински и оптички инструменти и часовници;
  • производство на моторни возила, приколки и полуприколки;
  • производство на други сообраќајни средства.

Основни цели и задачи во работењето на на Здружението се:

  • разгледува прашања во врска со унапредувањето на работењето и решавањето на тековните проблеми во дејноста, врши економска пропаганда и организира саеми, изложби, стопански делегации што се од посебен интерес на членовите на Здружението;
  • ги усогласува пројавените спротивности и различни интереси во рамките на својата дејност, имајѓи ги предвид и интересите на стопанството во целина;
  • усвојува заклучоци и предлага мерки што се од заеднички интерес на членовите, а кои не се во спротивност со позитивните законски прописи и добрите деловни обичаи;
  • разгледува предлози на закони и други прописи, дава мислења и предлози по прашања од заеднички интерес на членовите и покренува иницијативи за донесување и за измени и дополнувања на истите;
  • иницира и остварува соработка по прашања од заеднички интерес на членовите од други здруженија во рамките на Комората и меѓународна соработка во согласност со прогамските активности и општите акти на Комората;
  • работи на унапредување на бизнис-климата во земјата, ги поттикнува имплементацијата на европските правила и стандарди и перманентното функционално образование и иновација на знаењата на стручните кадри од дејноста;
  • ја промовира Комората како задолжително, неутрално место за консултирање на бизнисот за сите прашања од интерес на стопанството.

Здружението на металната и лектроиндустријата има Управен одбор од 15 членови чиј мандат е пет години.

Претседател на УО на Здружението е г-дин Орце Давчев, Брако ДОО Велес, а заменик претседател е Горан Антевски, Раде Кончар – ТЕП ДООЕЛ Скопје.

Здружението работи согласно Правила за организација и начин на работа на Здружението на металната и електроиндустријата

 


ЧЛЕНОВИ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ЗДРУЖЕНИЕТО
●   Аврам Стојчевски ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА, Скопје
●   Бојан Несторовски СМЕЛТ-ИНГ, Скопје
●   Васил Панарин МЕПОС-ОПЕРАТИВА, Кавадарци
●   Ивица Димоски МОНТИНГ ЕНЕРГЕТИКА, Скопје
●   Иле Николов АКТИВА, Штип
●   Кирил Кујунџиев ЕЛТЕК, Скопје
●   Костадин Николовски ДАРКОС, Скопје
●   Марјан Јовевски ЗЛАТНА РАКА -М, Скопје
●   Марта Наумовска Грнарова ЗАВАР КОМПАНИ, Скопје
●   Мартин Велковски ФАКОМ, Скопје
●   Методија Тасевски ФОД, Битола
●   м-р Виктор Мизо КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, Охрид
●   м-р Горан Антевски РАДЕ КОНЧАР ТЕП, Скопје
●   м-р Златко Леов ЛЕОВ КОМПАНИ ДООЕЛ, Велес
●   Орце Давчев БРАКО, Велес


Контакт лице: Сашка Велков
Телефон: ++ 389 2 3244054
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: sashka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Северна Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје