Здружение на енергетика

   

Во Здружението на енергетиката членуваат фирми кои се занимаваат со енергетски дејности.

Во согласност со Правилата за организацијата и начинот на работа ,Здружението на енергетиката има за цел да :

• разгледува прашања во врска со унапредувањето на работењето и решавањето на тековните проблеми во дејноста, врши економска пропаганда и организира саеми, изложби, стопански делегации што се од посебен интерес на членовите на Здружението;
• ги усогласува пројавените спротивности и различни интереси во рамките на својата дејност, имајќи ги предвид и интересите на стопанството во целина;
• усвојува заклучоци и предлага мерки што се од заеднички интерес на членовите, а кои не се во спротивност со позитивните законски прописи и  добрите деловни обичаи;
• разгледува предлози на закони и други прописи, дава мислења и предлози по прашања од заеднички интерес на членовите  и покренува иницијативи за донесување и за измени и дополнувања на истите;
• иницира и остварува соработка по прашања од заеднички интерес  на членовите од други здруженија во рамките на Комората и меѓународна соработка во согласност со програмските активности и општите акти на Комората;
• работи на унапредување на бизнис-климата во земјата, ги  поттикнува  имплементацијата на европските правила и стандарди и перманентното функционално образование и иновација на знаењата на стручните кадри од дејноста;
• ја промовира Комората како задолжително, неутрално  место за консултирање на бизнисот за сите прашања од интерес на стопанството.

 На седницата на Здружението на енергетиката одржана на 7 февруари 2020 година за претседател е избран Ристо Јаневски од ОКТА АД Скопје  а за заменик - претседател е избран Игор Гиевски од ЕВН Македонија АД Скопје.
На истата седница, за преставници во собранието на Стопанска комора на Македонија, Здружението  ги избра ,

1.                Игор Гиевски-ЕВН Македонија АД Скопје

2.                Ристо Јаневски-ОКТА АД Скопје

3.                Димитар Кочовски- ТЕ-ТО АД Скопје

4.                Митко Кржовски-ЕДС ДОО

5.                Тони Каранфоловски-Детоил ДОО

 


Податоци за дејноста

 

Контакт лице: Перо Авакумовски
Телефон: ++ 389 2 3244048
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: pero@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје