Здружение на текстилната и кожарската индустрија

   

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

       Текстилната и кожарската индустрија претставуваат едни од водечките преработувачки идустрии во земјава со значителни резултати во формирањето на БДП, високото апсорбирање на работка сила и извозот. За разлика од другите стопански дејности, во оваа област релативно повеќе дојдоа до израз претприемачките иницијативи на стопанствениците, остварени се повеќе деловни врски со странски партнери, што претставува основа за натамошен развој.
       Во Стопанската комора на Македонија, во рамките на Здруженијата делува и Здружението на текстилната и кожарската индустрија кое опфаќа;
       • подготовка и предење на текстилни влакна;
       • ткаење на текстил; 
       • довршување на текстилни ткаенини;
       • производство на готови текстилни предмети, освен облека;
       • прозводство на други текстилни предмети;
       • производство на облека и разни видови на облека;
       • доработка и боење на крзно и производи од крзно;
       • штавење и доработка на кожа;
       • производство на куфери, рачни торби и слични предмети;
       • производство на обувки.

       Своите цели и задачи Здружението ги остварува преку следните активности:
       • пратење и анализа на состојбата на текстилната и кожарската индустрија; 
       • помага во остварувањето на дијалогот помеѓу членките на Здружението и соодветните министерства;
       • стручни совети и помош во барањето на стратешки партнери на домашните компании;
        • промовирање и координативен настап на домашните компании на саеми во земјата и странство.
        • самостојно одлучуваат и вршат работи и задачи од интерес за соодветната дејност, односно дејности.
        • работи на унапредување на бизнис-климата во земјата, ги  поттикнува   имплементацијата на европските правила и стандарди и перманентното функционално образование и иновација на знаењата на стручните кадри од дејноста; 
        • ги усогласува пројавените спротивности и различни интереси во рамките на својата дејност, имајѓи ги предвид и интересите на стопанството во целина

        Структурниот развој на оваа индустрија, односно на производството на текстил, облека, обувки и репроматеријали како и недостатокот на стратешко планирање во минатото, неповолно се одрази врз перформансите на оваа индустрија и нивото на нејзина развиеност.
        Оваа индустрија се соочува со остра и јака конкуренција како на домашниот така и на странскиот пазар, со што компаниите кои значајно инвестирале и ја модернизирале технологијата на производство, ја зголемиле продуктивноста имаат голема перспектива и нивниот опстанок не е доведен во прашање во иднина.
         За развојните можности на текстилната и кожарската индустрија големо значење има и добрата макроекономска политика во врска со стабилноста и условите на стопанисување. Се поголемата либерализација во условите на стопанисување, и се послободното дејствување на пазарните законитости придонесуваат за отвореност на економијата, за поголема достапност на странските пазари и за подобрување на конкурентноста на текстилната индустрија. Тука треба да се спомене дека и националното законодавство во врска со текстилната и кожарската индустрија во значителна мера е усогласено и хармонизирано со законодавството на ЕУ.

        На седница на Здружението на текстилната и кожарската индустрија одржана на 05.02.2020 година за претседател на Здружението во следниот петгодишен период е избран Ангел Димитров, „А.Д. Мода“ – Свети Николе, а за заменик-претседатели се избраа: Лидија Милановска, „Де Марко ДООЕЛ“ – Куманово и Слободан Дамјанов,  „Дамјанов дел ДООЕЛ“ - Делчево.


       За претставници од Здружението на текстилната и кожарската индустрија, во Собранието на Стопанската комора на Македонија, за мандатен период 2020-2025 година се избраa:


        1. Габриела Павлоска, „Окитекс ДОО“ - Скопје
        2. Ирена Јакимовска,  „Комфи Ангел ДОО“ - Прилеп
        3. Атанас Киров,   „A.Д. Димко Митрев“ - Велес

Правила за организацијата и начинот на работење на Здружението


Податоци за дејноста

ТЕКСТИЛНА И КОЖАРСКА ИНДУСТРИЈА

       Текстилната и кожарската индустрија претставува една од водечките преработувачки идустрии во земјава со значителни резултати во формирањето на БДП, високото апсорбирање на работка сила и извозот. За разлика од другите стопански дејности, во оваа област релативно повеќе дојдоа до израз претприемачките иницијативи на стопанствениците, остварени се повеќе деловни врски со странски партнери, што претставува основа за натамошен развој.

       Процесот на глобализацијата, се поголемото вклучување во меѓународната економија, поставуваат голем број на предизвици пред текстилната и кожарската индустрија како за националната економија така и за земјата во целина. Трудоинтензивниот карактер и можностите што ги дава за порамномерен регионален развој се карактеристики на овие индустрија. Со самиот процес на преструктуирање на оваа гранка во развиените земји на Европската Унија и на селење на дел од нивното производство но други земји поволно се одрази и на Република Македонија со што се почувствува зголемена побарувачка и поповолни услови за лон аранжманите. 

       Структурниот развој на текстилната и кожарската индустрија, односно на производството на текстил, облека, обувки, кожа и репроматеријали како и недостатокот на стратешко планирање во минатото, неповолно се одрази врз перформансите на оваа индустрија и нивото на нејзина развиеност.

       За развојните можности на овие индустрии големо значење има и добрата макроекономска политика во врска со стабилноста и условите на стопанисување. Се поголемата либерализација во условите на стопанисување, и се послободното дејствување на пазарните законитости придонесуваат за отвореност на економијата, за поголема достапност на странските пазари и за подобрување на конкурентноста на текстилната индустрија. Тука треба да се спомене дека и националното законодавство во врска со текстилната индустрија во значителна мера е усогласено и хармонизирано со законодавството на ЕУ.

       Затоа, за да се стопираат негативните тенденции и започнат долго очекуваните позитивни движења во оваа многу важна дејност за македонската економија, неопходдни се итни активности со  наведените државни институции за преземање на мерки и активности на краток и долг рок.

       Производство

       Производството на текстилни и кожарски производи во последните години, од 2005 година наваму, бележи  негативна тенденција, како кај производството на текстилни ткаенини,  кај производството на облека, така и кај обувките и кожарските производи, за разлика од позитивниот тренд во некои години кај вкупното индустриското производство, и одделно кај преработувачката индустрија.
Според податоците за индустриското производство во 2019 година споредено со истиот период од 2018 година, кај производството на текстилни ткаенини имаме зголемување на производството за 7,5%, а додека производството на облека намалување од 7,3%, а кај производството на кожа и слични производи од кожа намалување од 28.1%.

       Извоз

       Најзастапени групи производи во извозот од текстилната индустрија се следните: женски блузи, кошули, и кошули-блузи, машки кошули од памук, панталони, работни комбинезони, машки јакни и блејзери и слично, додека кај кожарската индустрија се обувките и други кожарски производи. Според податоците од Државниот завод за статистика, текстилната индустија во 2019 година, остварила извоз од 606.7 милиони УСА долари што е 10,7 %, од вкупниот извоз . Близу 92% од производните потенцијали се извезуваат во земјите-членки на Европската унија, како и во Соединетите Американски Држави и во соседните земји.

       Така, според остварениот извоз за 2019 година, најзначани партнери на Македонија се:
     • Германија со извоз од 450. милиони долари или 64.2% од вкупно реализираниот извоз на текстил за 2017 година;
     • Грција - 96.4 милиони долари или 13.7%;
     • Холандија – 86.6 милиони долари или 12.2%
     • Велика Британија - 14.5 милиони долари или 2,1%

       Во овој период компаниите главно работат лон производство со странски партнери, (Германији, Италија, Холандија ). Интерес на странските партнери сеуште е македонскиор пазар бидејки земјите од регионот, ( Бугарија и Романија ), со влегувањето во Европската Унија стануваат прескап пазар. Имајки го во предвид фактот дека профитот е крајна цел за секој бизнисмен Западно Европските земји сеуште во Македонија гледаат интересен партнер со евтина работна сила. Сепак интенцијата на Македонските фирми треба да биде прилагодивање на светските пазарни текови. Оттука, во иднина развојот на овие гранки треба да се движи во насока на развој и креирање свое сопствено производство, (а не само лон) со цел зголмеување на конкуренцијата на странските пазари.
       Тргнувајки од трудоинтензивниот карактер на текстилната и кожарската индустрија и можностите што тие ги даваат за развој на неразвиените региони и рурални краишта, императив е да се создадат поволни макро економски услови за овие индустрии преку системско поттикнување на истите.

Информација за текстилната и кожарската индустрија за 2019 година

Фиксни и варијабилни трошоци кај лон производството

Ииформација за промена на начинот  на постапување со отпадот настанат од царинската постапка со економски ефект

 

Контакт лице: Сашо Деспотоски
Телефон: ++ 389 2 3244089
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: saso@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје