Семинар 29.04.2024
-Суспензија на работник до конечна  судска одлука; - Прекувремена работа; - Право на дополнителна работа; - Одлагање од извршување на конечна одлука до донесување на судска одлука; - Празници, слободни денови и исплата на дневници

Сала 3 на 3-ти кат, Стопанска комора С.Македонија


Во организација Стопанската комора на Северна Македонија, на 29 април 2024 година ќе се организира еднодневен  семинар на тема: Суспензија на работник до конечна  судска одлука;  Прекувремена работа;  Право на дополнителна работа; Одлагање од извршување на конечна одлука до донесување на судска одлука; Празници, слободни денови и исплата на дневници за службени патувања;  Остварување на правата кај работодавачот (член 181); Огласување на слободни работни места;  Спогодбен престанок на работниот однос; Посебни договори согласно Законот за работни односи (член 252).

Организираност и придобивки од семинарот:

Овој еднодневен семинар е организиран по принцип на интерактивна обука, со цел  учесниците низ предавања и практични примери од пракса да се стекнат со нови и да ги унапредат постојните знаења во областа на работните односи, поконкретно за Суспензија на работник до конечна  судска одлука; Прекувремена работа;  Право на дополнителна работа; Одлагање од извршување на конечна одлука до донесување на судска одлука; Празници, слободни денови и исплата на дневници за службени патувања; Остварување на правата кај работодавачот (член 181); Огласување на слободни работни места; Спогодбен престанок на работниот однос; Посебни договори согласно Законот за работни односи (член 252) и слични теми како и анализа на судска пракса и вежби.

За кого е наменет семинарот?

Семинарот е наменет за сите вработени во правните служби во јавниот и приватниот сектор, адвокатите и правни практичари кои работат во областа на трудовото законодавство, менаџери во компаниите, управители на друштва, вработени во секторите за управување со човечки ресурси, како и за сите останати кои сакаат да го усовршат и надградат своето знаење или истото да го потврдат во делот на работните спорови, низ призма на искуството на правни практичари.

ПРОГРАМА:

•    Суспензија на работник до конечна одлука;

•    Одлагање од извршување на конечна одлука до донесување на судска одлука;

•    Остварување на правата кај работодавачот(чл.252);

•    Спогодбен престанок на работниот однос;

•    Празници, слободни денови и исплата на дневници за службени патувања;

•    Прекувремена работа;

•    Право на дополнителна работа;

•    Огласување на слободни работни места;

•    Посебни договори согласно Законот за работни односи(чл.252);

•    Анализа на судска пракса и вежби.

Предавачи:

-    Судија Лидија Димова (во пензија), работното искуство го започнува во 1983 година како приправник и стручен соработник во поранешниот во тогаш специјализираниот суд за работно право - Суд на здружен труд - Скопје, одделение Велес. Во 1986 е избрана за судија во Основниот суд Велес од кога се до 2019 година (кога е избрана за Претседател на Основниот суд Велес) во континуитет како граѓански судија постапува и по предмети од работни односи. Како Претседател на судот заминува во пензија во декември 2023 година. Од 2006 година од кога е основана Академијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев“ Скопје, таа е редовен и сега актуелен предавач на континуирана и почетна обука на теми и од областа на работни односи. На покана на Комората на извршители, Нотарската Комора, Здружение на правници и други организатори, предавач е и од областа на работни односи и други области од граѓанското право.

-    М-р Драган Лазаров, адвокат – партнер во Адвокатска канцеларија Лазаров од Скопје. Магистер по деловно право на Правниот факултет УКИМ. Работи на граѓанско-правна материја од областа на трговско и деловно право, инвестиции, недвижности, финансово право, трудово право и работни односи. Во својата пракса работи претежно со фирми од државата и странство и има широко практично искуство во деловното работење на трговските друштва. Неговото професионално портфолио опфаќа едни од најголемите домашни и странски инвестиции, како и трансакции.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:

•    работен материјал доставен електронски; 
•    ручeк и освежување; 
•    сертификат за присуство на семинарот.     

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 25.04.2024 година.
 

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 28.05.2024
ПРИМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ПРИ ЗАВЕДУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ГОДИШЕН ОДМОР, РЕШЕНИЈА ЗА ГОДИШНИ ОДМОРИ И РЕШЕНИЈА ЗА ПРОПОРЦИОНАЛЕН ДЕЛ ОД ГОДИШНИОТ ОДМОР ПРЕКУ ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ, ИСКУСТВА И СЛУЧАИ ОД ПРАКСА
Семинар, 29.05.2024
Еднодневна онлајн работилница на тема: ВО КОИ СИТУАЦИИ ГОДИШНИОТ ОДМОР СЕ ДОИСКОРИСТУВА ДО 30-ТИ ЈУНИ? ОД КОГА ЗАПОЧНУВА ДА ТЕЧЕ НОВИОТ ОДМОР? КОГА СЕ ПРЕСМЕТУВА ПРОПОРЦИОНАЛЕН ДЕЛ ОД ОДМОР? ДАЛИ РАБОТОДАВАЧОТ ТРЕБА ДА ИСПЛАТИ НАДОМЕСТОК
Семинар, 04.06.2024
„СКЛУЧУВАЊЕ НА ПРОДАЖНИ ПРЕГОВОРИ И НИВНА РЕАЛИЗАЦИЈА“
Семинар, 11.06.2024
ДОГОВОРИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, РАБОТНО ВРЕМЕ, НАЧИНОТ НА ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕКУВРЕМЕНАТА РАБОТА И ПРЕРАСПОРЕДУВАЊЕ, ГОДИШЕН ОДМОР, НАДОМЕСТ НА ПЛАТА, ДИЛЕМИ ПРИ ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ СО КОИ СЕ СОЧУВАМЕ СО НАЈНОВИТЕ ПРЕДЛОЗИ ЗА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ
Семинар, 11.06.2024
Специјалистички еднодневен семинар: АКВИЗАЦИЈА НА НОВИ КЛИЕНТИ - СТЕКНУВАЊЕТО НА НОВИ ПОТРОШУВАЧИ КАКО КЛУЧНА МОЖНОСТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОДУКТИВНОСТА -
Семинар, 11.06.2024
САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ - ТРАНЗИЦИЈА ОД  ISO/IEC 27001:2013 на ISO/IEC 27001:2022
Брокерски настан, 12.06.2024
Деловни средби со физичко присуство „Овозможување на напредок: Индустрија 4.0 во Западен Балкан-12-13 јуни 2024 година, Нови Сад, Р.Србија
Семинар, 12.06.2024
„КОМУНИКАЦИЈА ЗА УСПЕХ, РАЗРЕШУВАЊЕ НА КОНФЛИКТИ И СТРЕС МЕНАЏМЕНТ НА РАБОТНОТО МЕСТО“
Семинар, 13.06.2024
НАПРЕДЕНИ ЕКСЕЛ АЛАТКИ ЗА БРЗО КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ
Конференција, 13.06.2024
Конференција и деловни средби: Продлабочување на економската соработка меѓу Грција и Северна Македонија
Брокерски настан, 18.06.2024
Покана за учество на брокерски настан “Tech4SmartCitie” - https://tech4smartcities-2024.b2match.io/ на 18 јуни 2024 година, Брисел, со физичко присуство - Enterprise Europe Network
Семинар, 18.06.2024
ЕРГОНОМИЈА КАКО ОСНОВА ЗА ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ОД МУСКУЛОСКЕЛЕТНИ ЗАБОЛУВАЊА
Семинар, 18.06.2024
КАКО ДА КРЕИРАТЕ РАЗЛИЧНИ CONTENT ФОРМАТИ ЗА ВАШИТЕ УСЛУГИ?