Семинар 13.02.2024 TEAM BUILDING, ОДНЕСУВАЊЕ НА ТИМОТ И ПОДОБРУВАЊЕ НА КОМУНИКАЦИЈА МЕЃУ ВРАБОТЕНИТЕ

Онлајн семинар



Team building како новина во внатрешната организација на компанијата е важен сегмент за успешно и навремено функционирање и опслужување на заинтересираните клиенти. За да се направи добар тим, покрај примарната цел соодветни луѓе на соодветно место, потрребни се постојани усовршувања на кадарот за да може да биде дел од брзиот технолошки развој и трендовите кои се наметнуваат во однос на функционирањето на компаниите.  Конфликтите се дел од секоја работна средина, но начинот на нивно решавање мора постојано да се надоградува а се со цел ефикасна внатрешна комуникација. 
Семинарот има за цел, да ја подобри вашиот внатрешен организациски момент на комуникација, да поработи на тимот и неговото однесување, да помогне низ практични примери, секој од нас да се држи до своите задачи и навремено да ги извршува. 

Програма:
Модул 1
- Моќта на тимската култура;
- Креирање на тимска култура за постојано учење;
- Однесувања во тимот кои влијаат на перформансите на тимот.
Модул 2
- Градење на високо перформансни тимови;
- Креирање на основите на тимот;
- Менаџирање со различни типови на тимови.
Модул 3
- Оптимизација на различностите во тимот;
- Еднаквост, инклузија и припадност;
- Менаџирање со конфликти.
Модул 4
- Практични вежби и игри за промовирање на тим билдинг во компанијата.

Предавачи:
доц. д-р Викторија Трајков,професор и експерт за односи со јавност и комуникација и
проф. д-р Снежана Обедниковска, професор и експерт за лидерство и организациска промена. 


За сите учесници ќе биде обезбедено:
-    Инструкции за приклучување на онлајн-работилницата;
-    Е-сертификат и
-    Работни материјали во електронска верзија.

Сите заинтересирани за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 12.2.2024 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 12.03.2024
Тридневна „онлајн“ обука за:СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ  ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ
Семинар, 18.03.2024
Еднодневен семинар на тема: КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ И БЕЗБЕДНОСТА ПРИ ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА
Семинар, 19.03.2024
CONTENT WRITING - КАКО ДА КРЕИРАТЕ НАЈЕФИКАСНА СОДРЖИНА ЗА ВАШИОТ БРЕНД
Семинар, 20.03.2024
ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ-Правата и обврските на субјектите на надзор при спроведување на инспекциски надзор, посебни дејствија во инспекциска постапка
Семинар, 21.03.2024
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ЕФИКАСНО ЛИДЕРСТВО
Семинар, 28.03.2024
ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПОСТАПКА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА ПРОИЗВОДИ И МАТЕРИЈАЛИ ВО КОНТАКТ СО ХРАНА
Саем, 08.04.2024
ПОКАНА за учество на саем и Б2Б „Денови на технологија и деловна соработка 2024 година“ - “Technology & Business Cooperation Days 2024” (xибриден настан), Хановер, Германија, 9-25 април 2024 - ЕЕН мрежа
Повик, 10.04.2024
Повик за учество за Национална награда за компании со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа (БЗР) за 2024 година
Брокерски настан, 15.04.2024
Меѓународни деловни средби “GreenTech Days meet Future of Building 2024” од областа на животната средина, енергијата, енергетската ефикасност градежништвото и инфраструктурата, од 17-19 април 2024 година, (xибриден настан), Виена, Австрија
Online Бизнис средби, 18.04.2024
Меѓународни деловни средби “Meet4Business MEGRA 2024” во областа на градежништво, архитектура и енергија, од 18-19 април 2024 г., Горна Радгона, Р. Словенија, xибриден настан