Стопанската комора на Северна Македонија, на 28.9.2023 година, организира еднодневна онлајн работилница на тема: „Засновање и евидентирање на работен однос, работа од дома во комбинација со работа од простории на работодавач, правилна пресметка на денови од годишен одмор, прекувремена работа, работа ноќе, инспексицски надзор“.
На онлајн работилницата ќе се дикутира за договорот за вработување и неговите составни елементи и ќе се посочи на кои делови да се внимава со цел да се избегнат евентуални идни спорови.
Потоа, како материја од интерес, ќе се разгледаат работното време, паузите и одморите, со посебен осврт на правилното пресметување на годишниот одмор, а преку објаснување кои денови нема да се сметаат како дел од истиот.
Во однос на повторното актуелизирање на работењето од дома, работилницата ќе понуди прецизно објаснување на овој институт преку анализа не само на законските прописи, туку и на практичните можност за спроведување на ваков тип на работа, особено во комбинација со вршење на работа и од просториите на работодавачот.
Сите теми ќе се обработат и низ призмата на инспекцискиот надзор, во смисла на тоа што ќе се посочи како работдавачите да се сигурни дека во сé се усогласени со правната регулатива, поради што би биле подготвени за побарувањата на надзорот, и би превенирале било каква прекршочна одговорност. Во склоп на последниот сегмет, ќе се направи сеопфатен преглед на предвидените прекршочни мерки и глоби и условите за нивно изрекување.
Работилницата ќе се одржи онлајн и ќе има интерактивен пристап.
ПРОГРАМА
I. ЗАСНОВАЊЕ НА РАБОТЕН ОДНОС:
- Состав, употреба на соодветен договор за вработување и негова достава до работникот;
- Задолжителни елементи на договорот за вработување.
- РАБОТНО ВРЕМЕ, ПАУЗИ И ОДМОРИ:
- Полно и скратено работно време, прекувремена работа, работа ноќе, нивна евиденција и обврска за пријава во Државниот инспекторат за труд;
- Годишен одмор (Определување за секој вработен одделно, стекнување право за цел годишен одмор, пропорционален дел од годишен одмор, користење годишен одмор, потврда за искористен годишен одмор, надоместок за неискористен годишен одмор).
II. РАБОТА ОД ДОМА НАСПРОТИ ВО ПРОСТОРИИ НА РАБОТОДАВАЧ
- Известување на надлежниот инспекторат;
- Овластувања при вршење на инспекцискиот надзор;
- Предизвици при вршење на инспекцискиот надзор.
- Корисни документи за работодавачите: контролни листи на побарувани акти и документи во насока на превентивна заштита и известувања за прекувремена работа, работа ноќе и работа на државен празник
- ДИСКУСИЈА
III. ПОСТАПКА ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И ЗАШТИТА НА РАБОТОДАВАЧОТ
- Надзор од страна на инспекцијата на трудот и нејзини овластувања;
- Укажување за отстранување на повреди на закон и други прописи;
- Примена на мерките опомена и наредба;
- Забрана за вршење на работи на работодавачот;
- Времетраење на забрана и висина на надоместок на плата;
- Покренување на прекршочна постапка;
- Одлагање на извршување на одлука;
- Право на жалба, рок за жалба, прекршочен орган.
- ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ
- Основи за прекршочна одговорност;
- Определување и пропишување на глобите (Глоби во распон, Критериуми).
ПРЕДАВАЧ:
- Викторија Спасовска – Симоноска, адвокат, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од облигационото, деловното и трудовото право.
За сите учесници ќе биде обезбедено:
- Инструкции за приклучување на „онлајн“-работилницата;
- Е-сертификат и
- Работни материјали во електронска верзија.
Сите заинтересирани за учество на оваа онлајн работилница можат да се пријават најдоцна до 26.9.2023 година.